L
Ligeia
Гостин
Мементо
Во моментот на загрижувачка меланхонија,
тешка е супериорната објективизација,
да растуриш молекул за да бидеш душа е само залудна
и бесмислена илустрација.
Ако ја парафризирам љубовта
би умрела од студ,затоа и молчам,
притаена во сенките се тетовирам под срцето,
но залудно...гавранот на моите гради е гласен и
не замолкнува и понатаму.
Каква е таа резултанта од нас љубов?
И љубомора и самоуништување и злокобни мисли
удрени со вжештена идила,
ја пијам кантарелата која ми ја нудиш одново и одново,
стравувам,но сакам да те задоволам
од нејзината јачина и шишето во кое стои напукнува,
но забораваш меѓу занесот и задоволството,
дека со премногу отров во вените...животот гасне и умира.
Какво е тоа сценарио кога доминираат
два лика во една улога,
кога биполарноста е умерена
а приказната на еден Тартиф досадна?
Да бев опонент на носталгијата можеби ќе бев роб
на естетиката,но јас сум само обичен
лицемер кога станува збор за
туѓата,дадаистичка граматика.
Тешка е нашата компарација љубов,
костенливите црти со кои прогледав ги заслепи твоето
небесно синило,но верувај
уште потешка е меѓусебната фасцинација
кога галанцијата помеѓу нас само со
ножот на импулсивноста се изострува.
Да растуриш душа за да бидеш тело е
бесмислена но мирна инспирација,
затоа сети се кога ќе го оплакуваш поетот...
јас и ти бевме само уште една куклена илустрација.