Ќе скршнам малку од темава....
Кажете мислење, совети, идеи во однос на инвестиции...Инвестиции во смисла пасивен приход.Одамна помина времето кога се ставаше пари во функција на депозит во банка, па солидно се заработуваше 5, 6 % годишно.Сега мислам дека тоа е залудно, имајќи предвид дека инфлацијата ги 'коси" депозитите си нивната моментална добивка од околу 1% годишно.
Колку и да е тешко, нереално (посебно во Македонија), сепак мислам може да се најде нешто што би носело некој приход константен....Дали би било тоа недвижност (кирија), инвестициски фондови, животно осигурување, берза (дивиденди), p2p (за ова речиси нема ништо во Македонија објаснето, станува збор за онлајн финансирање на кредити или нешто како споделено кредитирање) итн...
Сите посочени имаат различен ризик, приход (годишна стапка на поврат), влог итн..
Не дека сум некој "инвеститор", имам само вложено во инвестициските фондови (околу 6% годишно), се мислам за P2P во иднина (понекогаш може да се достигне и до 12% годишно).
За жал во државава нема баш некој развиени страници, форуми во однос на поимот инвестирање, сеуште луѓето под поимот инвестиција мислат реновирање на домот, купување нов автомобил итн...
Прашањето ми е, дали сте запознаети со онлајн инвестиции, според мене тие би биле иднината?
Мислења, совети, предлози....
Поздрав до сите