Баш ме погоди со насловот... Цело патешествие имам од тажни приказни.
Повеќето ќе ги изоставам бидејќи се далечно минато за мене.
Ќе се фокусирам на ова кое најмногу ме болеше од сите досегашни и мислам дека нема да се опоравам ако не најдам компромис..
Не сум единствената на која и се случило да најде човек кој е близу до совршенството. Се да оди како под конец, да нема ниту една расправија, да има минимални нормални ситни грешки кои се минливи секако..
До оној миг кога се реши да се продлабочи врската и да се одведе до наредниот степен ..
Запознавање на мојот дечко со родители, роднини и поблиски другари/ки и да очекување да биде прифатен. Бев среќна што барем за неколку краткотрајни мигови можев да почувствувам дека сите се среќни околу мене, за мене, а и јас самата. Го сакам и ме сака. Сеуште. Од моја страна и секогаш. Чувствата никогаш не можат да се избришат перманентно.
Беше нешто незаменливо, нешто исполнувачко и прекрасно.
Никогаш не верував дека по толку пропаднати врски и толку разочарувања во мажите ќе пронајдам нешто кое ми одговара во секој поглед...Од изгледот, до карактерот, до однесувањето, грижата и вниманието кое ми го посвети.
Интересно е како нештата се менуваат за само еден краток миг.. Се тоне во вода. Сите убави моменти како да се забораваат тогаш, се избледува и како самите да трагаме по негативното. Луѓето се така создадени. Никогаш не им е доста и ништо за нив не е доволно добро.
Еден родител не може да му биде душман на своето чедо. Родителите се оние кои не упатуваат на добрите патишта на животот, не не оставаат да скршнеме, затоа што тие се нашите создатели. Како што не створиле, така треба да ги цениме два пати повеќе од севкупното што го прават за нас. И кога ќе ти кажат дека нешто не е во ред за тебе, сигурно не ти љубоморат.. Не. Тие навистина имаат причина за грижа бидејќи те советуваат да не погрешиш. Кој би сакал да си го гледа детето повредено?
Ако ти си во врска со одреден човек, не забележуваш одредени работи што ти се пред носот. Некои недостатоци. Што би рекле, љубовта е слепа. И секако,твоето лично однесување има промени и е под влијание на необјасниво чувство без кратка дефиниција...љубов.
Но, зошто да не можеме да бидеме предупредени и некој да се запне да ни ги отвори очите во моментот кога тоа ни е најпотребно, за да знаеме каде не смееме да згрешиме.. Туку едноставно поставени се ултиматуми. Живееш под нивен кров и го јадеш лебот од нивната заработувачка, ќе слушаш она што ти е кажано и покорно ќе го извршуваш истото. Не е важно што делумно си независен и полнолетен.. се додека некој те издржува ќе правиш и работи кои не се по твоја волја.
Зарем еден човек може да наштети на здравјето на твоите родители, само затоа што си го одбрала да биде твој партнер во одреден период од животот, онолку колку што Господ решил? Емоционалната слабост допринесува и за физичката и доаѓа до распаѓање и слабост.
Да си приморан да го оставиш тој човек поради неговото минато !
Зарем не не учеле дека минатото се остава зад нас? Тие се нашите први учители. Никако да не се посегнува кон материјалното и да се зема во предвид она што е сега, а не она што било некогаш.
Доаѓаат празници.. Се тешиш со помислата дека се се случува поради напнатоста од самата празнична еуфорија. Поминува и Нова година. Твоите родители инсистираат ти да престанеш да се гледаш со човекот кој си го одбрал, поради банални причини, затскривајќи ги вистинските.
Доаѓа момент на буквално лудило, каде веќе напнатоста и противречноста не можат да се издржат. Ти упорно не сакаш да престанеш, почетно не знаејќи зошто, а потоа затоа што тебе ти е убаво во таа врска. Ти си тој кој си го бираш партнерот и никој не смее да се меша во тие одлуки.
Се знаат приоритетите во животот. Цели и успеси. Училиште и работа. Љубовта на последно место? Јас не можев така.
Го засакв него за онаа личност која ми ја претстави дека е. Цврст и стабилен човек, со капацитет да успее ако има желба. Всушност тоа се крие во сите нас, ако малку проталкаме низ себе.
Но, доаѓа пресудниот момент. Правиш се за да го задржиш. Бараш помош од најблиските пријатели, те советуваат, ти помагаат, тука се за тебе во најтешките моменти. Ти си принудена да го оставиш поради неговото минато за кое не сакаат да ти кажат ниту збор, но ти секако мораш да ставиш крај. Изнајдуваш секакви решенија, бараш компромиси...Правиш се што може човек да помисли. Се до последниот момент. Напнатоста веќе не можеше да се издржи и ти велат : Сега или никогаш, стави крај. Веднаш.
Под притисок си. Не можеш ниту лично да го направиш тоа. Не смееш да го гледаш никогаш повеќе човекот кој го обожуваш. Од тебе се откинува еден дел и го чувствуваш тоа. Болката е неиздржлива. Твојот избраник не е прифатен поради причини кои ти не ги дознаваш. Се спротиставуваш на таквите глупаво донесени одлуки, но безуспешно.
Како да му кажеш на човекот кој никогаш ништо не ти згрешил, ниту те повредил дека веќе не смееш да го имаш? Не постои причина, ништо не направил, а сепак го оставаш поради туѓа одлука и поради туѓа волја.
Му кажуваш што се случува, иако ниту самата си сигурна што всушност е тоа. И него го доведува до лудило самата помисла дека ќе ја изгуби саканата, како да пуштиш некој што ти значи поради НИШТО, всушност? Не го прифаќа тоа и се обидува да најде начин како се да се среди за да им одговара на сите.
Не може така. Не може, не, не и не ! Ти ќе останеш со мене. Мора да постои нешто.
Ти не го сакаш ваквиот крај, ниту пак ти одговара, но грижејќи се за здравствената состојба на твоите родители мораш да го сториш тоа вака или онака.
Останува болката. Остануваат плачот и солзите. Останува трагање по последната негова прегратка..која ниту можеш да ја добиеш, ниту да ја имаш повеќе. Очај за топли бакнежи.. Се, изгубено за секунда.
Поставен ми е ултиматум. Забранети ми се средствата за комуникација, ако не го оставам.
И ова е втор ден како го немам.. И сеуште не сум свесна дека го изгубив најдоброто нешто што ми се случило во животот.
Само помислата на секое наредно утре без него поради НИШТО ме излудува.
Немам сили да се борам, дури и сево ова ми е нереално и уште не сум паднала во толкав очај бидејќи сум во делириум. Не сум свесна за ништо.
Само се надевам дека постои решение повторно... Затоа што ги дознав причините поради кои ме натерале да го оставам и тоа се НАЈБАНАЛНИТЕ прилини кои сум ги чула. Тој не бил за мене. Се расправал често со родителите (во минатото, и сам ми кажал) и како останатите 99.9% од машките раскажувал какви задоволства добивал од девојките. Машки муабети, но кој да сфати ?
Еј ! Зошто ли го загубив ?!?!
Какви родители се тие кои оставаат да не бидеш среќен? Не ја почитуваат твојата одлука и фактот што го САКАШ НАЈМНОГУ ОД СЕ,всушност ти мислат најдобро а сепак бираат наместо тебе.
Да ми кажеа за работите кои ги дознале за него, кои се БЕЗВЕЗНИ за мене, немаат смисла.. ќе си поставев граници и ќе се изградев првин себеси како уште поцврста личност, ќе заземев порешителен став и ќе имав почит. А вака? Треба со секој нареден да ја повторувам истата грешка...За да се научам себеси кај грешам.
Ме наведуваат да мислм дека сите се исти, а не се. Нема да оставам вака..
Само знам дека лесно нема да се опоравам ако не најдам решение и дека никогаш нема да им простам на моите, бидејќи можев да ја решам оваа ситуација.
Како и да е, тој е човекот кој мислев дека е. Прифати се од страна на моите, дури и неприфатеноста кон него. Беше подготвен на се, и до овој момент сеуште е.
Не заслужи да му го сторам ова. Не вака. Барем, БАРЕМ нешто да ни се случеше, па да имаше причина. Но, тој и натаму ме сака, не прифаќа ништо од ова и не се откажува од мене во никој случај. Никој досега не го сторил тоа за мене. Не сум го почувствувала никогаш во животот.
Ништо вака банално не може да не раздели.
Не знам што ќе биде со нас, понатаму. Останува само надежта.