Вашата реакција во случај на опасност

Член од
12 јануари 2016
Мислења
38
Поени од реакции
20
Не бе? зш така сеа? Идиот сум зш ми е смешен фактот шо можам да загинам? Ти шо ќе се помочаш од страв шо си мочко?
Мислам дека нема потреба од навреди.

Иако несоодветен збор избра да ги опише лугето зависни од адреналин, не е далеку од вистината.
Затоа што повекето луге се на таканаречената линија на нормалното.
Кај другиов тип на луге постои тенка линија помеѓу двете работи-нормално и ненормално.
Тоа е тоа што ги прави различни од средината која што секако дека ке ги отфрли поради тоа.
Дали е во ред тоа?(прашање од личен карактер).
Но, работата е што тие луге му требаат на општеството.
Со соодветен тренинг и посветеност, тој тип на луге на некој начин тренираат самоконтрола и лидерство во било која високо ризична ситуација и од тој тип на луге може да се извлече фрапантен резултат.
Таквите луге се одсекогаш биле присутни меѓу нас.(тие се истите што се бореле за државите, биле први на теренот при катастрофални непогоди, реагирале брзо кога бил загрозен животот и имотот на поединци).
Без нив не се може, затоа што некој мора да го прави тоа што многумина од нас не би го ни помислиле да го правиме за голема сума на пари, а не па како волонтери во дадени ситуации.
Доблеста и хуманизмот ги краси нив.
 
бутЕ

старлета
Член од
29 март 2011
Мислења
2.232
Поени од реакции
3.837

Не беше навреда само чиста споредба и не се однесуваше на никого еве му се извинувам на некој ако се навреди. Нема некое особено чувство при тие работи еве лично кај мене обично сум смирен и рамнодушен само шо ми е смешно никогаш не сум почувствувал одредена тахикардија пример ако сообраќајка се случила пред мене едноставно откако ќе се случи нештото од ко ќе ги увидам последиците ми се смее ко мило да ми е дека сум жив некако :D
 
Gandradelic

Banderash
Член од
31 март 2014
Мислења
1.297
Поени од реакции
782
Смирен сум, размислувам многу брзо и спремен сум за акција.
Сум имал пракса и имам некој систем развиен кој што е прилагодлив во дадена ситуација.
Се тренира со пракса, намерно правење или влегување во некои опасни ситуации ( тепачки, пожар,брзо возење со возило со пијан/дрогиран/ретардиран возач, општ хаос итн. ) и со анализирање на тие ситуации и смирување на дишењето и телесните сигнали се постигнува некој стабилизиран систем во такви ситуации иако е многу релативно тој поим опасност во некоја дадена ситуација али може да се контролира умот во било која ситуација само што е потребно многу срања да пројдеш за да дојдеш до некое ниво на таков вид на самоконтрола.
 
Член од
12 јануари 2016
Мислења
38
Поени од реакции
20
Не беше навреда само чиста споредба и не се однесуваше на никого еве му се извинувам на некој ако се навреди. Нема некое особено чувство при тие работи еве лично кај мене обично сум смирен и рамнодушен само шо ми е смешно никогаш не сум почувствувал одредена тахикардија пример ако сообраќајка се случила пред мене едноставно откако ќе се случи нештото од ко ќе ги увидам последиците ми се смее ко мило да ми е дека сум жив некако :D
Некои луге имаат природна контрола над стресот повеке од другите.
Сеа, немора да се тренирани професионалци за да го имаат тоа во себеси.
Примери има многу секојдневно за тоа.
Се кладам дека ти си личност како оние што би влегла буквално во оган за да спаси некого од непосредна опасност без да мислиш на последиците што може да ти се случат при тоа.
Спротивно на тоа ке ти кажам дека имам видено и професионалци платени за тоа кои што ке размислат двапати пред да влезат во таква ситуација(дали е безбедно пред се за нив).

Се секавам на еден прекрасен човек со трагична судбина што го имаше заковано за цел живот за тоа што го викаа другите дека е лудост.
Гонзало беше неговото име...млад човек на 24 год возраст по потекло од јужните селски делови на Шпанија и професионалец отпуштен од легијата на странците, кој што работеше со нас на времето во Лондон обезбедување по геј клубовите.

Класична љубовна трагедија беше неговата сторија, влегува во голема љубов со повозрасна жена од него-жена на газдата негов каде што работел.
Пошто во тие делови на Шпанија крвната освета е реалност, по дознавањето на врската, мажот на неговата љубовничка ја убива(и сестра му ако не се лажам-така некако) и посегнува по неговиот живот исто така, но неуспешно.
И тука шансата за негов нормален живот завршува...

Потоа тој се пријавува во легија на странци, но поради високите стандарди и специфични услови кои владејат таму не успева да се задржи подолго време.
Отпуштен и во тешка депресивна состојба, пристигнува во Лондон каде што го прифаќаат фиљан луге од бившите Југо простори(срби, босанци и македонци) и му подаваат другарска рака на секој начин.

Е, тој човек после тоа од кога излезе од кризата со помош на другарите направи толку за таа фирма и бизнис што со години никој не можел да го направи и постигне ни од блиску.
Прв беше за да помогне на новодојденците.
Беше безстрашен и буквално го нудеше својот живот за другарите и во акциите секогаш прв и спремен за да даде пример и во исто време многу пати одбиваше супервајзорско место...вистински херој за најхрабрите.

Кој да знаел дека во него се крие тоа што малкумина го имаат.(парталкото што со плачење ни купи ракија македонска за да пие со нас сите од првата негова плата-ја нашол под дрва и камења).
Ама тоа е, шанса и почит секому-нож во грб никому !...се надевам дека е сеуште жив и здрав.
 
Последно уредено:
Член од
30 април 2013
Мислења
674
Поени од реакции
1.294
Чисто сумњам дека има било кој кој би можел да биде до толку зависен од адреналин што би се радувал на нечија несреќа па дури и на својата, или пак тоа би му причинувало било какво задоволство. Во случај да тоа навистина постои тогаш тоа за мене не е нормална особа. Можеби не е нормално ни тоа дека јас во случај на опасност се скаменувам, буквално во секоја смисла на зборот. Ми се десило тоа до сега три пати во животов и во сите три случаи тие неколку мин додека стојам без да се помрднам воопшто не се сеќавам на никакви чувства, на апсолутно ништо освен стоењето во една точка и гледањето во опасноста која следува. Среќа за мене сите три случаи завршија без никаква повреда... без ништо. Меѓутоа не можам ни да верувам колку само сум била блиска до тоа и колку самата ситуација била огромен шок за мене.. доволно од страв и збунетост да не можам никако да изреагирам.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.297
Поени од реакции
34.890
Како вие реагирате во опасни ситуации? На кој начин сметате дека можат да се надминат непосакуваните реакции? Познавате ли некој кој успеал да го „истренира“ инстинктот за преживување и ги надминал таквите реакции, на кој начин?
Искуството е најдобра помош во справувањето со заебани ситуации. За некои работи е тешко да се има искуство, но за некои други не е толку тешко. Знаењето е следно, знаење за начините со кои e можнo да се справиме со опасноста. Вежбањето на знаењето е следно, редовно вежбање во симулирани услови и преку тоа стекнување некакво искуство. Следи опремата, од елементарно (и пософистицирано) оружје, до разни алатки, и се разбира прибор за прва помош - и знаење како сето тоа да се употреби. Личното здравје, и физичката спремност, се секогаш важни.
На крај на листата, ама не најмалку важна - свесноста! Свесност за околината, воочување на деталите од околината во која живееме, се движиме, работиме. Одење во кино/театар/итн? Каде е излезот за опасност - дали може да се набават влезници стратешки поблиску до тој излез - дали некој од околината се однесува премногу чудно - дали е на лесен дофат основното оружје за секојдневно носење - итн, итн...

Накусо, инстиктот сметај го за талент.
Талентот е шлагот на тортата, или не - црешата на врвот всушност. Талентот не значи ништо без знаење, искуство, алатки, физичка спремност.

Се викаат идиоти.
Еволуциски таквите би требало да се живи мртовци. Поточно пред развојот на цивилизацијата, таквите еволутивно самите се отстранувале. Денес се згрижени и негувани, и еволуцијата практично е запрена.
Како пример ќе го посочам пример(ок)от подолу, разгален и чуван од модерната цивилизација, груп ко ступ, мисли дека е Чак Норис, итн - но во реалност, надвор во природата не би потрајал ни неколку дена (ако и саати).

Се разбира, очигледно сеуште е копиљ - но на гладните предаторите тој факт нема воопшто да им смета (во дигестијата).
Таквите примероци дури и чувани и мазени во цивилизацијава, често наоѓаат начин да си ги одстранат гените од колективниот човечки генотип. Погледај ги само Дарвиновите награди, и кажи дека овде подолу не гледаш потенцијален добитник! ;)
Не бе? зш така сеа? Идиот сум зш ми е смешен фактот шо можам да загинам? Ти шо ќе се помочаш од страв шо си мочко?
 
бутЕ

старлета
Член од
29 март 2011
Мислења
2.232
Поени од реакции
3.837
Нит сум разгален нит сум копиљ :) А ти имаш скроз погрешно мислење.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.297
Поени од реакции
34.890
Ок, кажи му го тоа на лавот, или на мечката, или на глутница гладни волци. Побарај некој од нив и кога ќе ги сретнеш - насмеј им се во лице и кажи им: „Јас не ви се плашам бе! Јас бе на смртта и се смеам во лице!! Вие бе, вие имате скроз погрешно мислење за мене, јас не сум ни разгален ни копиљ, јас не сум мочко!!!;)
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.279
Во текот на животот се соочуваме со безброј опасни ситуации.
Вообичаено човечкиот мозок реагира на опасен настан така што се активираат две мозочни кола, преку едното се испраќаат информации до церебралниот кортекс кој ја оценува ситуацијата и донесува рационална пресуда. Преку другото се испраќаат информации до амигдалата која праќа импулси на автономниот нервен систем. Овој систем ја активира „бори се или бегај“ реакцијата, дури пред церебралниот кортекс да „донесе одлука“ за информациите. Откако ќе се активира, се забрзува работата на срцето, се ослободуваат стрес хормоните, така што овие и други реакции ви помагаат да реагирате брзо во случај на опасност.

И покрај ова, некои луѓе воопшто не реагираат во моментот, односно првичната реакција им е „скаменување“, или полошо, онесвестување, што дополнително ја зголемува опасноста во ситуацијата.

Како вие реагирате во опасни ситуации? На кој начин сметате дека можат да се надминат непосакуваните реакции? Познавате ли некој кој успеал да го „истренира“ инстинктот за преживување и ги надминал таквите реакции, на кој начин?
ме возбудваш вака ентелигентна и начитана!
инаку немам проблем со опасности, сум бил во сообраќајки, силни земјотреси во високи згради, пукано е на мене ми ја промашија главата за една педа, сум присуствал на смрт на луѓе околу мене сум бил апсен испитуван и слично и никогаш никогаш не сум “изгубил глава'
И тоа секогаш сакам да му потенцирам на блиските, паничење ти е само чекор поблиску до катастрофа.
Имаше еден случај (безазлен) кога ме стресе струја, не беше баш смртоносно али беше силно, со мене беше постар чоек, кој беше на времето директор на големи фирми и комбинати кој изгуби глава, врескаше викаше трчаше наоколу и општо создаде појќе беља од колку корист, и му реков попосле, не дај боже со тебе да сум во војна или некоја опасност, да ти се серам на функции и школи и кој ти даде в раце судбини на цели фабрики!
 
Член од
12 февруари 2014
Мислења
7.950
Поени од реакции
25.477

Отсекогаш си реагирал овака, или искуството те ојачало и те направило стабилен во такви ситуации?
 
Phoenixx

The Last Pharaoh
Член од
9 ноември 2015
Мислења
788
Поени од реакции
956
Ednas mi se sluci da bidam u potencijalna opasnost, potocno za manijak se rabotese. Bas vo vlezot na mojata zgrada komsiive kluc imaat staveno i sekoj stanar si nosi kluc so sebe.
Bese okolu 1 casot po polnokj, jas delumno pivnata, samo sto izlegov od taxi, samo primetiv edna faca kako pominuva pokraj mene bas pred da vlezam u ulazot, ali facava apla manijacka, vednas se secnav, i kako sto trebase da otvoram so klucot i si mislam u sebe sega ako se svrtam i ako me gleda ili ako se dvizi nakaj mene - infarkt :несвест: i kako sto ima dzid od drugata strana on samo so glavata me dzirkase :shook: creepy as fuck :shook: i samo instiktivno pocnav da vreskam kolku sto me drzi glas, glasnive zici gi iskinav, cela zgrada na noze ja dignav, bitno upali i go snema. Drami napraviv, site ispaniceni lele sto se desi :pos:smesno mi bese malku otposle :D za srekja zavrsi ko so trebA:cautious:

Inaku sekoja situacija e razlicna, da bev na mesto kaj sto nema nikoj, mozebi i nemase da upali vreskanjeto, sepak ova bese zgrada ima stanari, vednas se upalija svetla itn. I zatoa izbega tipot.

No kako sto se sekjavam na emociite u momentot ne bev premnogu ispanicena sakav samo da go isplasam bilo kako za da ne mi prijde.

Sepak sekoj slucaj e premnogu individualen za da se generalizira, zavisi i od samata situacija i od okolnostite i od zrtvata kako bi izreagirala u daden moment.
 
Последно уредено:

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.279
Отсекогаш си реагирал овака, или искуството те ојачало и те направило стабилен во такви ситуации?
па вака ко ќе размислам нешо не ми текнува во детство да сум бил во таква ситуација, се ми се случваше така од младештво па натаму, не сум имал искуство али сум имал да речиме обука и тренинг, можи тоа помага да сфатиш разбереш и како да размислуваш во такви ситуации
 
бутЕ

старлета
Член од
29 март 2011
Мислења
2.232
Поени од реакции
3.837
Ок, кажи му го тоа на лавот, или на мечката, или на глутница гладни волци. Побарај некој од нив и кога ќе ги сретнеш - насмеј им се во лице и кажи им: „Јас не ви се плашам бе! Јас бе на смртта и се смеам во лице!! Вие бе, вие имате скроз погрешно мислење за мене, јас не сум ни разгален ни копиљ, јас не сум мочко!!!;)
Муле си или со сила се прајш? Многу нормално дека во тие ситуации ќе бегаш да спасиш жива глава ама додека ти се потиш и молиш бога да те спасит јас ќе бегам и ќе се смеам и откако ќе избегаме ти ќе падниш плачејќи од страв а јас ќе се радувам шо сум останал жив.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom