Вашата најубава вечер...

Член од
31 јануари 2010
Мислења
13
Поени од реакции
0
Дефинитивно вечерта во теретана кога прв пат направив 6 повторувања со 115кг. чучњеви.
 
Член од
15 декември 2007
Мислења
865
Поени од реакции
28
Дефинитивно вечерта во теретана кога прв пат направив 6 повторувања со 115кг. чучњеви.
А јас пак мислев дека мојата претстава за најдобро помината вечер не се поклопува со она што повеќето луѓе сметаат дека треба да биде.:)

Мојата најубава вечер не содржи никакви елементи на романтични гестови,изразување љубов,цвеќиња,музика и што ти знам јас,такви некои работи.Не се разбирам многу во романтики и не преферирам.

Мојата најубава вечер беше високо адреналинска,тензично опасна,возбудлива и неизвесна до самиот крај.Започна толку неочекувано,нагло што во еден момент не бев свесна дали навистина се случува или сонувам,но во тој момент не бев ни способна за размислување.Одвај дишев и имав некоја полувџашена полуокезена идиотска гримаса и наизменично викав дека не сме нормални,не е нормален и не сум нормална.А кога се` се заврши само цврсто го прегрнав и чекав да прекине тресењето,но никако не поминуваше. Реков дека беше многу јако,а тој ми рече дека не сум нормална и дека можевме да загинеме,но нашите погледи зборуваа нешто сосема трето,што правеше муабетов да звучи смешно,за разлика од сега кога ми изгледа најлогичен,ама тогаш беше поинаку...

Никогаш нема да ја заборавам таа ноќ и секој обид за евентуално приближување до нејзината ултимативно совршенство,барем засега ми се гледа патетично глуп.Можам само да се надевам дека некогаш нешто ќе успее да ја засени.
 

аллександар

Вечно ненаспан
Член од
5 мај 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
2.522
многу вечери ке ми останат во сеќавање добри лоши убави и неубави, какви и да се некои стварно се паметат но секако имаме и по некоја посебна нели?
шознам јас на пример ја памтам вечерта од матура.. поубава неможе да биде.. ем матура ем поклони еден куп ем кола ем девојка шо ја чекам 4 години ем среќа ем радост ем мили и драги личноси околу мене и милион други работи.. како да не ја памтам оваа вечер ? не иде едноставно невозможно е оваа вечер да ја заборавам! :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom