Мојата мајка е жената која ме роди и израсна ама ми го загорчи бракот и го доведе скоро до распаѓање да не останав присебен и да немав поддршка од сопругата. Кога си го враќам филмот за многу ситуации се ми е јасно. Едноставно, правеше се за да ја намести ситуацијата да испадне друг крив, а не она. Резултат, сите меѓу себе се нападнавме и испокаравме, а она невина и за жалење. Кога ќе и го плеснеш тоа во лице одма припаѓа и зема апчиња за смирување. Ме доведе до идење во советувалиште каде што побарав помош пошто не можев повеќе да издржам. За односот кон сопругата да не зборувам, као пред неа се супер, а позади грб со дрва и камења. Способна е да збори зад грб за брат ми и сестра ми, за да после рече те молам не им кажувај. Не гледам причина да тоа не го прави и за мене исто. Уште други ситуации има кои ме боли да ги споделам, но тоа е генерално состојбата. Ви завидувам на другите кои објавија поинакви статуси.