Вашата мајка

KIFFLA

не ме викај друже
Член од
5 ноември 2008
Мислења
548
Поени од реакции
180
Мама или Дедо Мраз по нагалено ко шо си ја викам.Како ме има маано од земја,па пичка ли му материна бе мамо се тепа ли дете само шо станато од спиње со кломпа па боли бе.Ја сакам премногу животов без размислување би го дал за неа како и она за мене.Ти ветувам мила мамо нема да те разочарам на било кое поле,си ме родила здрав прав и должност ми е да те праам среќна.
Ама ме мааше порано
може требаше може не
 
M

MacedoniaGirl

Гостин
Мојата мајка е МОЈОТ ИДОЛ! Ја сакам најмногу на свет, живот би дала за неа! Секогаш е покрај мене, се грижи за мене, ме советува, разговараме, се шегуваме, се шетаме, имам бескрајна доверба во неа, се и кажувам, ми ги исполнува сите желби, ме сака најмногу на свет!
Никогаш не ја лажам, едноставно неможам да ја излажам за ништо, не ми дава некој внатрешен глас :)
Сме поминувале и поминуваме многу моменти заедно, ја сметам за мојот најголем пријател!
Таа е жената која ме родила, таа е жената која ме донесла на овој свет жива и здрава, таа е жената која е со мене низ целиот живот, ми помага и ме прави среќна, таа е жената која најмногу ја почитувам и мојата љубов кон неа неможе да се опише со зборови. Мамо, ТЕ САКАМ НАЈМНОГУ НА СВЕТ!!!
 
Член од
12 август 2010
Мислења
2.890
Поени од реакции
906
Внимателно ги прочитав сите постови..има некој што ги сакаат претрано своите мајки..има некој шо ги мразат од дното на душата...видете луѓе ..кој и да е...сакајте се и поштувајте се додека сте живи...после од коа ќе умрете се е ЏАБЕ! Да се навратам на мајками...за разлика од вас јас мајками не ја сакам...(ваљда поради карактрот мој никој не сакам:kesa:) едноставно си ја поштувам и третирам така како што треба да се третира нормална мајка...ме нервираат кај неа неколку работи...се нервира за најмала ситница...не ми го погодуе ручекот...никогаш не ме оправдала у школо...секогаш ми вика..чим си избегал неоправдан нека ти стоу..фуј бе:vozbud: у глобала добра е...задоволен сум од неа како ме одгледала и воспитала..голем репсект до неа и до тато што се борат за да опстои фамилијава...едно големо БЛАГОДАРАМ до нив двајца..поздрав
 
iksimkd

ШшшШшшШ...
Член од
31 јули 2007
Мислења
5.000
Поени од реакции
2.183

Прво викаш дека не ја сакаш а после викаш дека си и благодарен како те воспитала и голем респект до неа и татко ти...Малку нејасно ама сепак твое мислење, според мене треба да ја сакаш и за овие работи.

Јас за мајка ми би убил човек, буквално! Цел живот се труди да ми погоди се, да ми даде се, ме воспитуваше најдобро што знаеше и умееше а и сеуште ги прави овие работи иако сум веќе 18 години и треба да почнам сам да си го средувам животот. Сега ок нормално сум имал понекогаш некои недоразбирања со неа и има некои работи и мене што ме нервираат ама никогаш не би можел да ја мразам. За татко ми немам што многу да кажам, секогаш бил по оддалечен од мене, никогаш не сме имале некоја вистинска татко-син комуникација ниту пак некогаш седнал со мене да размени мислења, да ми даде совет и слични такви работи. Тој дури и ни со мајка ми многу не се согласува околу некои работи, јас би рекол дека е ептен негативна и мрзлива личност, и не би сакал еден ден и јас да бидам ист како него ептен ме нервира таков тип на луѓе.
 
Не реков дека не ја сакам у тој смисол дека ја мразам...дека онака ништо не чуствувам..таков карактер имам едноставно..а за тоа како ме воспитала и како ме одгледала сум и благодарен.,..добра мајка е нема што..
 
Член од
9 декември 2010
Мислења
68
Поени од реакции
13
Неверојатно е како успева да го одрже семејството у целина... Не е многу авторитетна, ама има некоја аура шо го сплотува и смирува целото семејство.
Е сега, како и сите мајки, мора малку - погледни си ја собата каква ти е! x 75 пати на ден; -земи учи!; -да не ти доаѓаат многу другари, шо ќе си помислат комшиите...итн.
Се на се, убаво е да имаш Човек како неа, покрај себе.

Следе:
 
girl_girl

пловам на асфалт
Член од
13 јуни 2010
Мислења
913
Поени од реакции
132
И се висхитувам на нејзината цврстина, сила и издржливост, таква би сакала и јас да бидам кога ќе бидам мајка, најдобра пријателка, сестра, некој кому можам да му ги кажам сите тајни, некој кој секогаш е спремен да ме слуша и кога се радувам и кога тагувам, да ми даде најдобар совет кога сум во недоумица. Со еден збор совршенство, барем за мене.
 
D

Deleted member 55587

Гостин
Лицето што го сакам најмногу на светот-мајка ми.Беспрекорна сопруга која наутро работи,а навечер ги мие чиниите,жртвувајќи си го животот за ќерките да можат да купуваат патики и панталони од познати марки,додека таа си го преправа и крпи фустанот што го носи со години. Што би правела без тебе мајко? Фала за се.:love:
 
Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
мајка ми,знаеше понекогаш да каже
„кога ќе ме нема, ќе ме барате“
да знаете колку била во право,
сега јас го осеќам тоа.
 
Член од
6 јануари 2011
Мислења
1.059
Поени од реакции
2.683
Секако дека ја сакам, ама дефинитивно не е модел на мајка каква би сакала јас да бидам во иднина.
 
Член од
20 март 2012
Мислења
1.465
Поени од реакции
2.366
Би сакала да можам да кажам дека мајка ми е нај-нај, но за жал, не е така, затоа што си имам работа со класичен нарцист и егоманијак.
Не ја мразам, но таа мене ме мрази, бидејќи немаме ништо заедничко карактерно.
Таа секогаш знае се, секогаш е во право, непогрешлива. Ако некој се спротивстави, го прави од долно подолно, со најлоши можни навреди.
Кога и одев по кејф и правев СЕ како што ќе каже, бев нејзина гордост, а сега не може буквално да ме гледа во близина.Тоа и ми го има речено повеќепати.
За се нешто што е мое мислење и став ќе најде начин да го омаловажи, освен за работите кои може да си ги припише себеси. Ако имам спротивно мислење за нешто, постојано прибегнува кон емоционални и секакви други уцени (тука спаѓа и лишување од наследство и откажување во весник).
Пати од тоа да е прва во се, и другите да и завидуваат на статусот, парите, функцијата...нели, поарно да ја мразат отколку да ја жалат. Сепак, бидејќи сега е во пензија и нема на кој друг начин да си го билда егото, целата фрустрација и нервози ја истресува на нас домашните.
Никогаш не е задоволна, на се нешто мана ќе најде. Верувале или не, подароци ми има вратено и фрлено, не биле марка, како што таа заслужува:mad: вниманието во овој случај не е ич битно:(
Не знам што да кажам, за сите оние кои сте во слична ситуација - иселете се од дома и бегајте што е можно побрзо! Таа никогаш нема да се смени, за жал.
А ако некогаш станам таква, поарно ќе си свирнам куршум во слепоочница отколку да си ги измачувам децата.
 
Член од
18 октомври 2012
Мислења
166
Поени од реакции
29
Mene majkami me saka najpoveke i mene i bratmi i seogas se za nas pravi i se zrtvuva i nie za nea. Majkata e edna i treba da se slusa sekogas i da se saka i nikogas da ne se ryga na majka. Taa ne rodila i zivot ni dala i kako na nas taka i drugite majki na drugite.
 
Hiperaktiv

Султан :P
Член од
16 февруари 2012
Мислења
1.590
Поени од реакции
923
Мајка ми ...ја викам МИРКО! незнам одкаде ова ...еднаш одкоа си и завикав мирко и мирко си остана! Мн си ја сакам xD
 
Kajgana Shop

На врв Bottom