Вашата мајка

Член од
24 ноември 2009
Мислења
4.959
Поени од реакции
4.881
Би сакала да можам да кажам дека мајка ми е нај-нај, но за жал, не е така, затоа што си имам работа со класичен нарцист и егоманијак.
Не ја мразам, но таа мене ме мрази, бидејќи немаме ништо заедничко карактерно.
Таа секогаш знае се, секогаш е во право, непогрешлива. Ако некој се спротивстави, го прави од долно подолно, со најлоши можни навреди.
Кога и одев по кејф и правев СЕ како што ќе каже, бев нејзина гордост, а сега не може буквално да ме гледа во близина.Тоа и ми го има речено повеќепати.
За се нешто што е мое мислење и став ќе најде начин да го омаловажи, освен за работите кои може да си ги припише себеси. Ако имам спротивно мислење за нешто, постојано прибегнува кон емоционални и секакви други уцени (тука спаѓа и лишување од наследство и откажување во весник).
Пати од тоа да е прва во се, и другите да и завидуваат на статусот, парите, функцијата...нели, поарно да ја мразат отколку да ја жалат. Сепак, бидејќи сега е во пензија и нема на кој друг начин да си го билда егото, целата фрустрација и нервози ја истресува на нас домашните.
Никогаш не е задоволна, на се нешто мана ќе најде. Верувале или не, подароци ми има вратено и фрлено, не биле марка, како што таа заслужува:mad: вниманието во овој случај не е ич битно:(
Не знам што да кажам, за сите оние кои сте во слична ситуација - иселете се од дома и бегајте што е можно побрзо! Таа никогаш нема да се смени, за жал.
А ако некогаш станам таква, поарно ќе си свирнам куршум во слепоочница отколку да си ги измачувам децата.
Извини за оф топиков,ама чим е во пензија.
Плаво јас ли да те учам мајкуму стара, зачленија не форумов и убедија да се расправа со мене, така ќе ја истролам за два дена ќе почне да ти се јавува секој 15 минути на тел и да те прашува кај си сонце мајкино и да ти кажува колку многу те сака, или ќе ја скренам трето нема :)
ОН ТОПИК
Оваја мојава супер чоече
 
Член од
21 мај 2009
Мислења
876
Поени од реакции
466
Мојата мајка....
Хмммммм ке треба со саати да пишувам за да можам да ја опишам:)

Се шалам.....Ме има родено на 19 години и како нејзино прво дете растен мазен-пазен,се додека татко ми не го превзеде кормилото за воситување.Жена која денес иако е пензионер и има 67 години сеуште работи.Целиот работен век има работено како учителка,така да дома се мораше да биде под конец,а иако се работеше за машки деца.

На брат ми и на мене ни внесе навика за добро однесување,фамилијата да се представи во полно светло каде и да се оди.Жена која знаеше да ни залепи по една преку уши на мене и брат ми ако претеравме:),но и да не награди за добро поведение.

Најмногу се нервираше кога ке ги најдеше празните кутии од бонбоњерите добиени за 8-ми март:vozbud::vozbud:.Не дека сме ги изеле,туку да не се посрами пред гости.Дома се мораше да биде во најдобар ред,без прашина и губре,а за ручек сите мораа да бидат нацртани на маса.Секогаш прави убави јадења без разлика дали е солено или благо....

Пред брат ми да се роди,има изгубено после породување керка,па затоа кога се оженив мерак и беше да добие внука.Не и ја исполнив желбата,но затоа брат ми и ја исполни желбата,и го носи нејзиното име.

Секогаш дотерана и средена,дали е фризура дали е шминка.Никогаш не ни се мешаше во изборот на девојките,само ги подгледнуваше под око:):)

Сега е далеку од мене,но наскоро ке се видиме мајко......
 
B

babsyy

Гостин
Јас сум убедена дека ја иам најдобрата мамичка, indeed. Просто човек може да и позавиди на способноста во секоја ситуација да биде смирена,сталожена, секогаш на ниво! Културна, интелектуалец, најубаво докторќе<3 (убавината ќе да ни е наследна:icon_lol:).
Жена борец, која може да се справи со буквално секаква ситуација, може да се адаптира на секоја возраст и да напраи асален муабет, пошто си е лабава, кул. И од друштво сите ми ја сакаат, пошто им е забавна и фина :)
Никогаш не ме ограничувала, ниту диктирала се' да биде по нејзина волја/терк, едноставно ме советувала, па од тоа сум воочувала што е најдоброто за мене.
Алтруист е и секогаш им угодува на другите. Најчесто со брат ми и татко ми праиме по некоја шала на нејзина сметка, и кога ќе се нанервира е најинтересна. Слика и прилика е!
Смешното ни е што ептен е педантна, и сака се да биде под конец, не смееш ни вратата со неизмиени раце да ја допреш, камоли нешто друго, одма дезинфицира. :pos:
Едноставно единствена е!:love:
 
Член од
6 октомври 2012
Мислења
260
Поени од реакции
175
мајка ми, не е совршена - човек е и мајка секогаш ...​
ако не и кажувам (често) , :):):):):):):) :) ама - ја сакам​
тоа е инстикт , не се опишува
 

Pinkie Pie

and Deedee
Член од
25 ноември 2009
Мислења
2.011
Поени од реакции
3.246
да не личеф на нејзе че речеф дека не ми е вистинска мајка , најголем душман ми е....уморна сум од незе и од нејзините глупости....attention whore и злобен трол:mad: ....ужива да те гледа кај шо се нервираш...секош е таја во право...секош јас прам нешто шо не чини.
.Не постој госпо во психата за незе....Мисли дека ако ти дава пари и дека ако те родила и оти зависиш од незе шо сака можи да ти прај...Госпо да не ви дај таква мајка...тежок простотилок....
Че се скараме , нервен слом че доживем , и не знам како магично и успева пак да го придобија моето сожалување и пак ми е жал за незе ако јас вака си зборувам за незе ....а реално не заслужила ...толку ме има изнервирано , ја иам кренато оти колку една педа е , многу е помала од мене , ја пикнаф в када и ја искапиф со ладна вода , мораф да ја оладам...не престануваше да зборува....:facepalm: кој кеф си го напрајф на душата тогаш ...ама толку ме изнервира не сте свесни
 
Член од
14 октомври 2010
Мислења
5.124
Поени од реакции
15.950
Јас и мајка ми ... неверојатно е две личности толку да си личат физички, а толку различни во размислувањата и карактерот.

Јас и она никогаш нема да бидеме типична мајка и ќерка бидејќи има огромна нетрпеливост меѓу нас, уште од мала кога бев е така.
Таа е мајка во секоја смисла на зборот за грижа за своите деца, али јас не можам да се разберам со неа. Едноставно, не иде и не иде.

Слаба точка ми е нашиов однос, зошто сакам и се трудам да биде поарен.
 

Marchelo93

Дипломиран Џаболебар
Член од
10 јули 2011
Мислења
1.931
Поени од реакции
1.997
Нема мана жената,да се пожалам грев ќе ме фати.Едино шо напиња ако имам ќерка да ја крстам или по нејзе или по покојната и мајка.
 
Член од
14 март 2014
Мислења
473
Поени од реакции
1.163
Суштество полно со мешавина на емоции.
Де сонце,де луњи.
Мајка ми.
:notworthy:
 
Член од
21 октомври 2013
Мислења
32
Поени од реакции
13
Мојата мајка жена која е на друг свет некаде над мене околу мене секавање на неа во многу мали слики кои се сместени во мојот ум кои сум пробал на секаков можен начин да дофатам некое чувство на мајчина љубов на негување на мајчин совет. Во секоја друга мајка барам нешто што би ми послужило како патоказ на мојот живот за она што мајка само може да го даде.
Може рано сум ја изгубил мојата мајка но таа создала човек кој по ништо друго не се разликува од другите човек кој не ја знаел поентата на животот кој во другите барал она што требало да го бара во себе она чуство на исполнетост на љубов на сакање. Камо да можев да ја допрам твојата рака да ја осетам топлината на твоето тело да те гушнам силно и да ти кажам колку многу ми недостигаш.
Почивај во мир те сакам !!! :(
 
D

Devojcence1

Гостин
majka mi e zakon, toa sto ke go kaze e sekogas tocno i ispravno i e prava gospogja i borec i toa.
 

Prince

PsyTrance, Musica Psychedelica
Член од
22 јуни 2007
Мислења
1.160
Поени од реакции
2.987
Златна жена. ТОЛКУ :)
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
Во домот има улога и на татко и на мајка. Сама успеа да не исправи на правиот пат. Додека работеше не се срамеше да оди на две работни места и знаеше да го цени секој заработен денар.
Како мали мене и брат ми не учеше дека сите не може да се родат во богата фамилија, но ако имаме желба и памет ќе успееме и ние.

Педантна жена која сака се да е како што треба и никогаш обврските не ги остава незавршени. Секогаш со средена коса, нокти, шминка, насмеана и полна со шеги.

Комуникативна и расположена за муабет со секој без разлика на возраста. Порано другарите мои ја бараа со нас да игра карти. Нема ќерка, па се зближи и со другарките на жена ми.
Со нив до пред некое време заедно одеа на екскурзии. Едноставно не постои личност со која нема да најде тема за муабет.

Секогаш роденденот ми го честита точно во часот во кој сум роден. Најголемата желба и се исполни, а тоа е да има внук кој ќе го носи името на татко ми.

Иако поради болеста нема да живее уште долго, благодарен сум за се што направи за мене.
Може нема да остави материјални нешта, но целата љубов, советите, поддршката се најголемото богатство што ми го даде.
 
Член од
13 август 2015
Мислења
17
Поени од реакции
4
Мајка ми...
Последниве години, веројатно како што созревам ја гледам во вистинско светло.
Пред се е високо интелигентна. Мозокот и работи на неверојатни начини. И најважно од се, е што и успеваат работите. Лесно или тешко, таа ќе го оствари она што го замислила. А тоа е секогаш она што и треба, она од што мисли дека имаме потреба. Кон мене секогаш била доминантен карактер, кога бев дете тоа многу ми сметаше и ја обвинував. Ладна и остра, знаела да го истера своето и по цена да ми ги урне соништата.
Не можам да кажам дека многу ја сакам мајка ми. Јас сеуште не знам како точно ја доживувам. Свесна сум за сите жртви кои ги направила за мене, ама можам да проценам дека зад тоа сепак стојат и нејзините стравови, слабости, погрешна слика за меѓучовечките односи и нарушена перцепција на индивидуалноста на луѓето.
Голем осудувач е, со агресивна реторика, иако не е злобна по природа. Ретко се извинува, всушноста јас не се сеќавам дека сум ја слушнала некому воопшто да се извини.
Нејзини позитивни карактеристики се тоа што е многу вредна, работна, не е себична, педантна до бескрај, има смисла за хумор.
Лично сум во фаза во животот каде што едвај чекам да не сме веќе под ист покрив. Чуствувам како тоа на двете ни пречи.
Секако дека нејзиниот специфичен однос оставил трага врз мојот психолошки профил ама сама ќе најдам начин да го елиминирам тоа понатаму во животот.
Таа е мојата мајка и јас немам никој друг на светов освен неа.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom