- Член од
- 7 септември 2016
- Мислења
- 19.746
- Поени од реакции
- 35.029
Некако е намалено интересот кон вакцинацијата против сезонскиот грип, намалено внимание кон заболување од сезонскиот грип па и други респираторни заболувања чија причина се други вируси или пак се нема интерес за проблематика околу обична настинка, цело внимание е насочено кон новиот коронавирус и тешката болест К19,
... па да се потсетиме, дека во овој период имаме присутен грип како акутно заболување на дишните патишта, предизвикано од вирусите на инфлуенца тип А и Б, кое најчесто се јавува во зголемен број или во епидемиска форма во текот на зимскиот период (сезонски грип) при што годишно во светот заболуваат(5 милиони луѓе) од тешки форми на грип, до 500 илјади од нив умираат од сезонски грип како и од други респираторни вируси кои имаат исти или слични симптоми со грипот,
... во пракса, тешко може да се направи разлика дали се работи за грип или обична настинка само врза база на симптоматологијата, ако не се направи лабораториска, т.е. микробиолошка потврда на причинителот на заболувањето, без сигурна дијагноза овие заболувања се нарекуваат “заболувања слични на грип” (influenza like illnesses – ILI) или се класифицираат како акутни респираторни инфекции (АРИ), симптомите на заболувањето се јавуваат 1 -4 дена откако вирусот навлегол во телото, може да го пренесат вирусот на друго лице ден пред да се појават симптомите и 5-7 дена откако болеста се манифестирала, значи дека човек може да го пренесе вирусот пред да знае дека е инфициран,
... заболувањето има бурен изненаден почеток со висока температура, главоболка, општа малаксаност, истоштеност, болки во мускулите и зглобовите, гребење, црвено и болно грло, солзење во очите и секреција од носот, кашлица која најчесто е сува, непродуктивна, секој заболен не мора да ги има сите класични симптоми, па дури и асимптоматични или пак со благи симптоми на настинка,
...за потврдување на дијагнозата на грип, се зема брис од грло и нос и се докажува присуство на вирусот или негови делови,
... лекувањето на грипот, исто како и на настинките е симптоматско, односно се лекуваат симптомите, а не самата болест, се спроведува хигиено-диететски режим (одмор, течности – топли напитоци, лесна исхрана, витамини и минерали), антибиотска терапија се дава само во случај на секундарни бактериски инфекции кои го влошуваат текот и исходот на болеста, односно за лекување на компликациите од грипот, исклучиво по препорака на лекар,
... и на крај постоијат специфични мерки на превенција од грип - вакцинација, препорачливо за лицата постари од 65 години, лица со хронични болести и состојби на намален имунитет, како и кај децата помали од 2 години, но треба да знаеме дека самата вакцинацијата против грип не е 100% гаранција дека вакцинираното лице нема да се разболи од грип, доколку се случи тоа поради некој контакт грипозната состојба ќе биде во поблага форма, а ризикот од компликации помал, (додека употреба на лекови за превенција од грип или заболувања слични на грип не се препорачува),
... вакцината против сезонски грип не штити од други респираторни вируси кои предизвикуваат заболувања слични на грип, туку е строго специфична и штити само од инфекции предизвикани од вируси на инфлуенца и тоа само од оние типови кои се содржни во вакцината така да самата ефикасност на вакцината зависи од доброто предвидување на актуелните вируси што би се појавиле ова зимска сезона,
... така да тоа не е лесна работа да се соединат мислењата и истражувањата на центрите специјализирани за проблематика околу сезонскиот грип, така да пет репрезентативни центри/лаборатории ги праќаат своите примероци „предлози“ типични за престојната зимска сезона,
- Atlanta, Georgia, САД (центра за контрола и превенција на болести CDC);
- London, Англија ( институт Francis Crick);
- Melbourne, Австралија (референтна лабораторија за инфективни болести Victoria);
- Tokio, Јапонија (Национални институт за заразни болести)
- Peking, Кина (Национални институт за превенција и контрола на вирусни болести)
...два пати во годината СЗО организира советување со директорите на овие пет светски центри и директори на регулаторни лаборатории при што даваат препорака од прегледаниот резултат на сите клинички и лабораториски студии и достапност на вирусите одбирајќи ги соевите во чиј состав ќе бидат на годишната вакцина против сезонски грип,
...тие кои ќе се состанат во фебруари ги одбираат соевите на инактивирани вируси за вакцина за сезонски грип за северна хемисфера, а тие кои ќе се состанат во септември ќе решат кои соеви инактивирани вируси ќе ги има вакцината која ќе се применува и дистрибуира во јужна хемисфера,
екваторот е на средина, све што е под екваторот е јужна хемисфера, а све што е над екваторот е северна хемисфера, така да една вакцина ќе се применува во Австралија против сезонски грип, а друга вакцина можеби со други соеви од инактивирани вируси во Европа,
...вакцината против сезонски грип понекогаш има само три соеви инактивирани вируси т.е. тровалентан вакцина, а понекогаш како што е ова година вакцината против сезонски грип 2020/2021 се четиривалентни,