Вакцина против сезонски грип (пандемиска вакцина)

Член од
7 септември 2016
Мислења
19.630
Поени од реакции
34.814

Некако е намалено интересот кон вакцинацијата против сезонскиот грип, намалено внимание кон заболување од сезонскиот грип па и други респираторни заболувања чија причина се други вируси или пак се нема интерес за проблематика околу обична настинка, цело внимание е насочено кон новиот коронавирус и тешката болест К19,
... па да се потсетиме, дека во овој период имаме присутен грип како акутно заболување на дишните патишта, предизвикано од вирусите на инфлуенца тип А и Б, кое најчесто се јавува во зголемен број или во епидемиска форма во текот на зимскиот период (сезонски грип) при што годишно во светот заболуваат(5 милиони луѓе) од тешки форми на грип, до 500 илјади од нив умираат од сезонски грип како и од други респираторни вируси кои имаат исти или слични симптоми со грипот,

... во пракса, тешко може да се направи разлика дали се работи за грип или обична настинка само врза база на симптоматологијата, ако не се направи лабораториска, т.е. микробиолошка потврда на причинителот на заболувањето, без сигурна дијагноза овие заболувања се нарекуваат “заболувања слични на грип” (influenza like illnesses – ILI) или се класифицираат како акутни респираторни инфекции (АРИ), симптомите на заболувањето се јавуваат 1 -4 дена откако вирусот навлегол во телото, може да го пренесат вирусот на друго лице ден пред да се појават симптомите и 5-7 дена откако болеста се манифестирала, значи дека човек може да го пренесе вирусот пред да знае дека е инфициран,

... заболувањето има бурен изненаден почеток со висока температура, главоболка, општа малаксаност, истоштеност, болки во мускулите и зглобовите, гребење, црвено и болно грло, солзење во очите и секреција од носот, кашлица која најчесто е сува, непродуктивна, секој заболен не мора да ги има сите класични симптоми, па дури и асимптоматични или пак со благи симптоми на настинка,

...за потврдување на дијагнозата на грип, се зема брис од грло и нос и се докажува присуство на вирусот или негови делови,

... лекувањето на грипот, исто како и на настинките е симптоматско, односно се лекуваат симптомите, а не самата болест, се спроведува хигиено-диететски режим (одмор, течности – топли напитоци, лесна исхрана, витамини и минерали), антибиотска терапија се дава само во случај на секундарни бактериски инфекции кои го влошуваат текот и исходот на болеста, односно за лекување на компликациите од грипот, исклучиво по препорака на лекар,

... и на крај постоијат специфични мерки на превенција од грип - вакцинација, препорачливо за лицата постари од 65 години, лица со хронични болести и состојби на намален имунитет, како и кај децата помали од 2 години, но треба да знаеме дека самата вакцинацијата против грип не е 100% гаранција дека вакцинираното лице нема да се разболи од грип, доколку се случи тоа поради некој контакт грипозната состојба ќе биде во поблага форма, а ризикот од компликации помал, (додека употреба на лекови за превенција од грип или заболувања слични на грип не се препорачува),

... вакцината против сезонски грип не штити од други респираторни вируси кои предизвикуваат заболувања слични на грип, туку е строго специфична и штити само од инфекции предизвикани од вируси на инфлуенца и тоа само од оние типови кои се содржни во вакцината така да самата ефикасност на вакцината зависи од доброто предвидување на актуелните вируси што би се појавиле ова зимска сезона,

... така да тоа не е лесна работа да се соединат мислењата и истражувањата на центрите специјализирани за проблематика околу сезонскиот грип, така да пет репрезентативни центри/лаборатории ги праќаат своите примероци „предлози“ типични за престојната зимска сезона,
- Atlanta, Georgia, САД (центра за контрола и превенција на болести CDC);
- London, Англија ( институт Francis Crick);
- Melbourne, Австралија (референтна лабораторија за инфективни болести Victoria);
- Tokio, Јапонија (Национални институт за заразни болести)
- Peking, Кина (Национални институт за превенција и контрола на вирусни болести)

...два пати во годината СЗО организира советување со директорите на овие пет светски центри и директори на регулаторни лаборатории при што даваат препорака од прегледаниот резултат на сите клинички и лабораториски студии и достапност на вирусите одбирајќи ги соевите во чиј состав ќе бидат на годишната вакцина против сезонски грип,

...тие кои ќе се состанат во фебруари ги одбираат соевите на инактивирани вируси за вакцина за сезонски грип за северна хемисфера, а тие кои ќе се состанат во септември ќе решат кои соеви инактивирани вируси ќе ги има вакцината која ќе се применува и дистрибуира во јужна хемисфера,
екваторот е на средина, све што е под екваторот е јужна хемисфера, а све што е над екваторот е северна хемисфера, така да една вакцина ќе се применува во Австралија против сезонски грип, а друга вакцина можеби со други соеви од инактивирани вируси во Европа,

...вакцината против сезонски грип понекогаш има само три соеви инактивирани вируси т.е. тровалентан вакцина, а понекогаш како што е ова година вакцината против сезонски грип 2020/2021 се четиривалентни,
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.630
Поени од реакции
34.814
Ваксигрип Тетра Вакцина/Vaksigrip Tetra Vakcina - против сезонски грип 2020/2021 год

... за ова 2020/2021 година против сезонскиот грип се аплицира четиривалентна вакцина VaxigripTetra која преставува инактивиран сегментиран вирус на инфлуенца што содржи антигени кои се еквивалент на следиве соеви :
- influenza A virus H1N1/Guangdong-Maonan/SWL1536 od 2019,
- influenza A virus H3N2 /Hong Kong/2671 2019,
- influenza B virus антигенски група од 1970 год Victoria, сој /Washington/02/2019 год
- influenza B virus антигенски група од 1970 год Yamagata, сој/Phuket/3073/2013 год
култивирано во оплодени кокошкини јајца од здрави кокошки инактивирани во формалдехид, вакцината е произведена според препораките на СЗО за Северна Хемисфера и одлука а ЕУ за сезона 2020/2021 год,

... болеста „грип“ ја предизвикува различни циркулирачки типови вируси што секоја година можат да бидат причинители на пандемија со грип, ризикот на разболување е највисок кај нас од октомври до март и самата вакцина штити само ако разболувањето е предивикано од овие 4 соеви вируси и тоа заштитата ја имаме после 2,3 недели после вакцинирање кога ќе се создаде антитела на тие соеви од вакцината, која зависно од возраста и други услови антителата ја имаме 6- 8 месеци, а со тоа и самата заштита од сезонскиот грип на одредените соеви вируси,

...ако ние се разболуваме од грип пред или за време на примање на вакцината, истата примена вакцина нема да не заштити во моментот на грип поради брза неколку дневна инкубација на вирусот, а сеуште несоздадена одбранбена антитела од вакцината која и е потребно најмалку две, три недели од примање на истата,

... ова вакцина против сезонски грип не делува во заштита на нашиот организам од други соеви вируси, SARS-CoV-2 вирус или пак настинка,

... со ова вакцина препорачливо е да се вакцинираат децата над 6 месеци возраст до 9 години и возрасни над 65 години, тие особи кои во моментот имаат покачена температура, алергични на јајце, настинка, друга инфекција или други здравствени проблеми во врска со крвна слика, алергија на јајце и формалдехид, не треба да ја примаат вакцината се додека не се создадат услови според следувањето и препораката на матичниот лекар,

... се смета дека бремена жена ако ја прима вакцината против сезонски грип, може да обезбеди пасивна имунизација на новороденото бебе со возраст до 6 месеци,

... светското производството на сезонската (пандемиска) вакцина против грип за Северна Хемисфера треба да биде во јуни и јули, август треба сите болници да бидат снабдени со сезонската вакцина, а во септември и почеток на октомври веќе да биде извршена вакцинацијата против сезонски грип, да би во ноември веќе има создадена антитела кога веќе имаме присуство на ширење на инфекција т.е. присутен сеонски грип во месеци ноември, декември, јануари, фебруари па до март што би било со највисок титар застапена антителата и би штитела овие месеци на тие циркулативни вируси, затоа вакцинирањето треба да биде во точен одреден период за да би делувала во точно определен период, ниту прерано примена вакцина, ниту прекасно примена вакцина, така да за време на пандемија вакцината не се прима, туку пред сезона на очекуваниот сезонски грип!

... ако овие четири одбрани соеви вируси одредени во фебруари измутираат до/во време на сезонскиот грип - ноември, декември, тогаш би рекле дека вакцината делимично ќе не заштити т.е. не би била толку ефикасна поради измутираниот вирус кој нема да се поклопи со инактивираните сегменти на вирус на вакцината, затоа е голема обврска за кои вирусни соеви ќе се сложат при изработка на вакцината светските центри за грип,

... сезонската вакцина за 2020/2021 година, се состои од две кинески соеви инактивирани сегменти од циркулирачки вируси детектирани од 2019 година,
еден инактивиран сегмен од сој вирус детектиран во САД во 2019 година,
еден сој инактивиран сегмент на вирус детектиран во Малезија од 2013 година,
 
Последно уредено:
Член од
12 март 2009
Мислења
19.813
Поени од реакции
15.736
Од денеска ќе се ограничуваат матичните лекари да не можат да зафатат повеќе термини за вакцинација против грип, во однос на друг во една област

Хрватска уште пред 20+ дена ЗАВРШИ со вакцинацијата против сезонски грип....

ако нема за обичен грип вакцини, што се лажеме за ковид ????
 
... па и треба да биде завршена вакцинацијата,10ти декември е малку касно за вакцинирање со вакцина против сезонски грип која треба да се прими пред очекуваниот грип и тоа најмалку 2,3 недели за да се создаде антителата, па тогаш со создадена антитела ,,да е присутен грипот,, и ние да имама заштита, во ек на пандемија на грип не е пожелно да се вакцинира,
... ако се прими сега вакцината против сезонски грип, до три недели потребно е да се создаде антитела, тоа е веќе јануари, вакцина за заштита само два месеци јануари/ фебруари дали воопшто се исплаќа, март веќе пролет,
... вакцина против сезонски грип се прима на крај на септември евентуално почеток на октомври, да на крај на октомври се има антитела која ќе штити временски од крај на октомври, ноември, декември, јануари, фебруари и почеток на март ете сезонска вакцина која штити 5,6 месеци токму во тие месеци кога е присутен грипот,
...вакцина се прима во вистинско одредено време, а не само ,,да се вакцинира,, без разлика кога!
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
17.762
Поени од реакции
9.559
,@bijons ...можеби си пишала негде, незнам, но дали знаеш после колку време од прележана корона смее човек да се вакцинира од грип!?
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.630
Поени од реакции
34.814
,@bijons ...можеби си пишала негде, незнам, но дали знаеш после колку време од прележана корона смее човек да се вакцинира од грип!?
... има различно мислење и толкување, едни се со препорака дека вакцината против сезонски грип може да се прими веднаш после два негативни теста временски после месец, други препорачуваат најмалку три месеци да помине, а трети да после прележана инфекција со коронавирус не е препорачливо вакцинирање со сезонски грип до шест месеци, е сега секој има причина и објаснување зошто така или зошто не поинаку,
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.630
Поени од реакции
34.814
Како се аплицира вакцината против сезонски грип- VaxigripTetra!

...по ланското искуство на пациенти кои опишале серизони повреди на рамо со недвижење/кревање на раката најчесто мислејќи дека е причината самата вакцина против сезонски грип, а не последица од неправилна администрација на самата вакцина против сезонски грип создавајќи потенцијални повреди на рамото,

imagesb.jpg

... повеќето пациенти развиваат симптоми во рок од 24-48 часа по вакцинирањето, како и поради неправилно аплицирање состојба на делтоиден бурзитис, постојана болка, неможност за движење, од превисоко аплицирање на вакцината против сезонски грип,

...постои неправилно аплицирање на вакцината поради превисоко на рамо и прекосо внесување на иглата, а во третиот случај на прениско аплицирање и прекосо внесување на вакцина, а не под 90 степени,

правилно вакцината против сезонски грип треба да се аплицира во најгустиот, најцентралниот дел на делтоидниот мускул под агол од 90 степени на кожата, не смее да биде превисоко, шприцот на вакцината се држи со показалецот и палецот како стрела со брз удар во кожата на пациентот и се притиска малку со вата местото да се спречи евентуалното крварење.

... не е само да биде едуцирана медицинската сестра како правилно се аплицира вакцината против сезонски грип, туку воопшто сите треба да го знаеме начинот, затоа што доколку видиме неправилно аплицирање на самата вакцина да сме спремни и да очекуваме да по извесно време почувствуваме болката на рамо/рака можно и кочење и неможност за движење, кревање на рака, а сето тоа да не го препишуваме на самата вакцина дека има несакана реакција, туку да знаеме дека е последица од неправилно аплицирање на вакцината од можеби недоволно едуциран медицински персонал како се аплицира правилно вакцината против сезонски грип,

... од понеделник нови можности за вакцинирање со вакцина против сезонски грип VaxigripTetra, малку повеќе од касно да се примат, ама има заинтересирани, па министерство за здравство повторно нови количини дистрибуира до јавните болници и здравствени домови,
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.630
Поени од реакции
34.814
Вакцина против сезонски грип за сезона 2021/2022 год
(Influenza Vaccine for the 2021-2022 Season)

flu-3.jpg

... месец септември веќе треба да се размислува околу снабдување и вакцинирање со сезонската (пандемиска) вакцина против грип, затоа што самото вакцинирање на населението треба да започне временски од крај на септември до крај на октомври кога сите кои мислат да ја примат ова вакцина треба тој период да се веќе вакцинирани, затоа што на телото му се потребни најмалку две недели (кај постарите повеќе) за заштитна антитела, што би било до средина на ноември веќе спремни да „се пречека“ сезонскиот вирус за сезона 2021/2022,

ice_screenshot_20210830-190222.jpeg ice_screenshot_20210830-190239.jpeg

... за сезоната 2021-2022 година, 100% од предвиденото производство на вакцини кои ги има повеќе, ќе бидат четиривалентни (четири компонентни) вакцини, нема да има достапна тривалентна вакцина против грип, што значи дизајнирани да заштитат од четири различни вируси на грип,

1183072_pkgright.jpg 1183071_pkgright.jpg

... новитет т.е има промена на лиценцата за една вакцина против сезонски грип Flucelvax Quadrivalent за што сега е одобрена за возраст од 2 години и постари, инаку за ова годишна вакцинација против сезонски грип се препорачува од 6 месечна возраст и постари, со извесни оправдани исклучоци.

influvac-inactivated-influenza-vaccine-500x500.jpeg index.jpg

... ова сезона, сите вакцини против грип ќе бидат дизајнирани да заштитат од четирите вируси за кои истражувањата покажале дека ќе бидат најчести, зашто има повеќе вируси на грип кои постојано се менуваат, па се предвидуваат кои би биле циркулирачки за ова сезона 2021 год,

... поради намалената активност на вирусот на грип од март 2020 година може да резултира со рана и евентуално потешка сезона на грип сега во 2021 год,

... Советодавниот комитет за вакцини и поврзани биолошки производи на ФДУ (ВРБПАК) се состанале на 5 март 2021 година и избрале кои вируси на грип ќе бидат во составот на вакцината против грип за сезоната 2021-2022 година, избрани врз основа на методот на производство на вакцина против грип, базирани на јајца и базирани на клетки или рекомбинантни, квадривалентната формулација на вакцини против инфлуенца базирани на јајца за сезоната на грип 2021-2022 содржи:

вирус сличен на А/Висконсин/588/2019 (H1N1)
вирус сличен на А/Камбоџа/e0826360/2020 (H3N2);
вирус сличен на Б/Вашингтон/02/2019 (лоза Б/Викторија);
вирус сличен на Б/Пукет/3073/2013 (лоза Б/Јамагата).

... иако не е можно со сигурност да се каже што ќе се случи сега во есен и зима 2021 год, CDC (Center for Disease Control and Preventions) верува дека веројатно вирусите на грип и вирусот што предизвикува Ковид-19 ќе се шират во исто време,

... според препораките CDC (Center for Disease Control and Preventions) и FDA (Food and Drug Administration) вакцини против сезонски грип и вакцини против СОВИД-19 може да се дадат истовремено,

... според CDC заедничките респираторни вируси како што се респираторниот синцицијален вирус (РСВ) и човечките коронавируси (ама не Sars-CoV-2) не се ширеле толку вообичаено за време на сезоната на грип 2020-2021 како во изминатите сезони, но податоците од Националниот систем за дишење и ентеричен надзор (NREVSS) покажале зголемување на активноста на овие вируси во текот на летото, надвор од вообичаеното сезонско зголемување, чија информација била сумирана во неделниот извештај за морбидитет и морталитет, промени во грипот и друга активност на респираторните вируси за време на пандемијата.

...мала примедба да во сезоната 2020 /2021 не се зборуваше воопшто за активност на сезонскиот грип, а со тоа ниту оболени пациенти, а најмалку сега во летниот период,

... CDC укажа за можноста во следниов период во исто време да една особа биде инфицирана со повеќе респираторни болести, па и со COVID-19 истовремено, при што тешко ќе може да се разликува поради сличните симптоми, затоа во тек се изработка на тестови кои ќе ги детектира двата различни вируси со едно тестирање и истите би требало да се пуштат по сите светски лаборатории во престојнава зимска сезона, а овие сите ПЦР COVID-19 брзи тестови ќе бидат валидни до 31.12.2021 и ќе се повлечат, впрочем како е и самата препорака на ФДА за овие брзи тестови одобрени само за итна употреба за време на пандемија,
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.813
Поени од реакции
15.736
Вакцина против сезонски грип за сезона 2021/2022 год
(Influenza Vaccine for the 2021-2022 Season)

Прегледај го приврзокот 305244

... месец септември веќе треба да се размислува околу снабдување и вакцинирање со сезонската (пандемиска) вакцина против грип, затоа што самото вакцинирање на населението треба да започне временски од крај на септември до крај на октомври кога сите кои мислат да ја примат ова вакцина треба тој период да се веќе вакцинирани, затоа што на телото му се потребни најмалку две недели (кај постарите повеќе) за заштитна антитела, што би било до средина на ноември веќе спремни да „се пречека“ сезонскиот вирус за сезона 2021/2022,

Прегледај го приврзокот 305233 Прегледај го приврзокот 305234

... за сезоната 2021-2022 година, 100% од предвиденото производство на вакцини кои ги има повеќе, ќе бидат четиривалентни (четири компонентни) вакцини, нема да има достапна тривалентна вакцина против грип, што значи дизајнирани да заштитат од четири различни вируси на грип,

Прегледај го приврзокот 305238 Прегледај го приврзокот 305239

... новитет т.е има промена на лиценцата за една вакцина против сезонски грип Flucelvax Quadrivalent за што сега е одобрена за возраст од 2 години и постари, инаку за ова годишна вакцинација против сезонски грип се препорачува од 6 месечна возраст и постари, со извесни оправдани исклучоци.

Прегледај го приврзокот 305240 Прегледај го приврзокот 305242

... ова сезона, сите вакцини против грип ќе бидат дизајнирани да заштитат од четирите вируси за кои истражувањата покажале дека ќе бидат најчести, зашто има повеќе вируси на грип кои постојано се менуваат, па се предвидуваат кои би биле циркулирачки за ова сезона 2021 год,

... поради намалената активност на вирусот на грип од март 2020 година може да резултира со рана и евентуално потешка сезона на грип сега во 2021 год,

... Советодавниот комитет за вакцини и поврзани биолошки производи на ФДУ (ВРБПАК) се состанале на 5 март 2021 година и избрале кои вируси на грип ќе бидат во составот на вакцината против грип за сезоната 2021-2022 година, избрани врз основа на методот на производство на вакцина против грип, базирани на јајца и базирани на клетки или рекомбинантни, квадривалентната формулација на вакцини против инфлуенца базирани на јајца за сезоната на грип 2021-2022 содржи:

вирус сличен на А/Висконсин/588/2019 (H1N1)
вирус сличен на А/Камбоџа/e0826360/2020 (H3N2);
вирус сличен на Б/Вашингтон/02/2019 (лоза Б/Викторија);
вирус сличен на Б/Пукет/3073/2013 (лоза Б/Јамагата).

... иако не е можно со сигурност да се каже што ќе се случи сега во есен и зима 2021 год, CDC (Center for Disease Control and Preventions) верува дека веројатно вирусите на грип и вирусот што предизвикува Ковид-19 ќе се шират во исто време,

... според препораките CDC (Center for Disease Control and Preventions) и FDA (Food and Drug Administration) вакцини против сезонски грип и вакцини против СОВИД-19 може да се дадат истовремено,

... според CDC заедничките респираторни вируси како што се респираторниот синцицијален вирус (РСВ) и човечките коронавируси (ама не Sars-CoV-2) не се ширеле толку вообичаено за време на сезоната на грип 2020-2021 како во изминатите сезони, но податоците од Националниот систем за дишење и ентеричен надзор (NREVSS) покажале зголемување на активноста на овие вируси во текот на летото, надвор од вообичаеното сезонско зголемување, чија информација била сумирана во неделниот извештај за морбидитет и морталитет, промени во грипот и друга активност на респираторните вируси за време на пандемијата.

...мала примедба да во сезоната 2020 /2021 не се зборуваше воопшто за активност на сезонскиот грип, а со тоа ниту оболени пациенти, а најмалку сега во летниот период,

... CDC укажа за можноста во следниов период во исто време да една особа биде инфицирана со повеќе респираторни болести, па и со COVID-19 истовремено, при што тешко ќе може да се разликува поради сличните симптоми, затоа во тек се изработка на тестови кои ќе ги детектира двата различни вируси со едно тестирање и истите би требало да се пуштат по сите светски лаборатории во престојнава зимска сезона, а овие сите ПЦР COVID-19 брзи тестови ќе бидат валидни до 31.12.2021 и ќе се повлечат, впрочем како е и самата препорака на ФДА за овие брзи тестови одобрени само за итна употреба за време на пандемија,
има една ДРУГА работа... КОЛКУ треба да биде ВРЕМЕНСКИ размак од втора Ковид вакцина до друга вакцина ( за грип), исто прашање и за тие што наесен користат лекови со умртвени бактерии, Респивакс, Бронховаксом и слично ... дали е доволно 2 месеци од втората вакцина ???
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.630
Поени од реакции
34.814
има една ДРУГА работа... КОЛКУ треба да биде ВРЕМЕНСКИ размак од втора Ковид вакцина до друга вакцина ( за грип), исто прашање и за тие што наесен користат лекови со умртвени бактерии, Респивакс, Бронховаксом и слично ... дали е доволно 2 месеци од втората вакцина ???
... а кој би го рекол тоа кога се нема искуства,
... според препораките CDC (Center for Disease Control and Preventions) и FDA (Food and Drug Administration) вакцини против сезонски грип и вакцини против СОВИД-19 може да се дадат истовремено,
погоре каде укажував иформации според CDC и FDA изнесено е дека можело истовремено да се земат двете вакцини,
односно вакцинацијата против грип треба да се одложи за лица со сомнителен или потврден СОВИД-19, без разлика дали имаат симптоми или не, додека не ги исполнат критериумите за прекин на нивната изолација, иако (како вели CDC) блага болест не е контраиндикација за вакцинација против сезонски грип,

... мое лично мислење е малку порезервирано, бидејќи имуниот систем ќе биде преоптоварен да би се дало истовремено двете вакцини без временски размак колку поголем толку подобро, но вакцината против сезонски грип не би требало да се прими не покасно од крај на месец октомври, како што направиле нашиве лани дале вакцини на крај на ноември и декември токму во ек на сезонски грип кога треба веќе да се има имунитет, а не да се вакцинира во тој момент, а да не кажам дека имаше голем број особи кои се вакцинирале во јануари со вакцина против сезонски грип поради слабо информирање и неедуцираност што значи една вакцина и кога треба точно да се прими да има ефект, а не да ни наштети па кога имуниот систем треба да биде највисок тогаш вештачки со вакцината го компромитираме во среде епидемија/ пандемија со сезонски грип!
 
Последно уредено:

Сталкерот

Резидентен космонаут
Член од
5 јуни 2012
Мислења
5.739
Поени од реакции
7.552
Колкава е ефикасноста на вакцинава за грип и дали е помината четвртата фаза на истражувања за конкретнава четиривалентна вакцина?
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.630
Поени од реакции
34.814
дали е помината четвртата фаза на истражувања за конкретнава четиривалентна вакцина?
... конкретна четиривалентна вакцина за сезона 2021/2022 има одредени инактивирани вируси слични кои циркулирале како доминантни во 2013, 2019 и 2020 година,
А/Висконсин/588/2019 (H1N1)
А/Камбоџа/e0826360/2020 (H3N2);
Б/Вашингтон/02/2019 (лоза Б/Викторија);
Б/Пукет/3073/2013 (лоза Б/Јамагата).

... секоја година, FDA, Светската здравствена организација, Центрите за контрола и превенција на болести и други експерти за Jавно здравје соработуваат во прегледот на надзорот за грип и лабораториските податоци собрани од целиот свет во обид да се идентификуваат соеви што можат да доминатни, циркулирачки предизвикувајќи сезонски грип во претстојната сезона 2021/2022 год,

... врз основа на тие информации и по препораки на Советодавниот комитет на FDA за вакцини и сродни биолошки производи, FDA избира различни видови на вирусни соеви секоја година што производителите треба да ги вклучат во своите вакцини за американската популација за претстојната сезона на грип, а и за Северна хемисфера популацијата,

(The 2013-2014 trivalent influenza vaccine was made from the following three viruses: an A/California/7/2009 (H1N1)pdm09-like virus; an A(H3N2) virus antigenically like the cell-propagated prototype virus A/Victoria/361/2011; a B/Massachusetts/2/2012-like virus.)
...истите соеви слични вируси се употребиле и за вакцината против сезонски грип и во 2013 година,

The isolation of influenza virus 80 years ago in 1933 very quickly led to the development of the first generation of live-attenuated vaccines. The first inactivated influenza vaccine was monovalent (influenza A). In 1942, a bivalent vaccine was produced after the discovery of influenza B.

...вакцина против сезонски грип која се развила уште од 1933 год како прва моновалентна вакцина против грип (инфлуенца А), а во 1942 год како двовалентна вакцина против сезонски грип кога се откри инфлуенца Б, за денес по толку изработени Х вакцини против сезонски грип, биде пак четиривалентна на инактивирани вируси од слични соеви од сезонски грип, ме прашуваш за помината четврта фаза на испитување после 100 години искуство и безброј вакцинирана популација, ти прашуваш за некоја фаза? :facepalm:

Колкава е ефикасноста на вакцинава за грип
... колку е поблиску совпаѓањето помеѓу очекувани циркулирачките соеви што предизвикуваат болест на сезонскиот грип сега во ноември, декември 2021 год, јануари 2022 год со соевите во денешнава изработена вакцината за сезона 2021/2022, толку е подобра заштитата од болеста - сезонски грип,
за конкретнава четиривалентна вакцина?
...нема „конкретна вакцина“ против сезонски грип за престојнава сезона 2021/2022 год, туку FDA ги одобри сите овие вакцини против сезонски грип, што секоја држава може според желба директно да исконтактира со соодветниот производител на девет бренд вакцини против сезонски грип, со одредените вирусни соеви што ги спомнав погоре како и со одредена можна возраст да истата може да ја примат од 6 месечна возраст па нагоре!

Вакцини против сезонски грип во сезона 2021.2022 год

ice_screenshot_20210830-190222.jpeg ice_screenshot_20210830-190239.jpeg
 
Последно уредено:

Сталкерот

Резидентен космонаут
Член од
5 јуни 2012
Мислења
5.739
Поени од реакции
7.552
... конкретна четиривалентна вакцина за сезона 2021/2022 има одредени инактивирани вируси слични кои циркулирале како доминантни во 2013, 2019 и 2020 година,
А/Висконсин/588/2019 (H1N1)
А/Камбоџа/e0826360/2020 (H3N2);
Б/Вашингтон/02/2019 (лоза Б/Викторија);
Б/Пукет/3073/2013 (лоза Б/Јамагата).

... секоја година, FDA, Светската здравствена организација, Центрите за контрола и превенција на болести и други експерти за Jавно здравје соработуваат во прегледот на надзорот за грип и лабораториските податоци собрани од целиот свет во обид да се идентификуваат соеви што можат да доминатни, циркулирачки предизвикувајќи сезонски грип во претстојната сезона 2021/2022 год,

... врз основа на тие информации и по препораки на Советодавниот комитет на FDA за вакцини и сродни биолошки производи, FDA избира различни видови на вирусни соеви секоја година што производителите треба да ги вклучат во своите вакцини за американската популација за претстојната сезона на грип, а и за Северна хемисфера популацијата,

(The 2013-2014 trivalent influenza vaccine was made from the following three viruses: an A/California/7/2009 (H1N1)pdm09-like virus; an A(H3N2) virus antigenically like the cell-propagated prototype virus A/Victoria/361/2011; a B/Massachusetts/2/2012-like virus.)
...истите соеви слични вируси се употребиле и за вакцината против сезонски грип и во 2013 година,

The isolation of influenza virus 80 years ago in 1933 very quickly led to the development of the first generation of live-attenuated vaccines. The first inactivated influenza vaccine was monovalent (influenza A). In 1942, a bivalent vaccine was produced after the discovery of influenza B.

...вакцина против сезонски грип која се развила уште од 1933 год како прва моновалентна вакцина против грип (инфлуенца А), а во 1942 год како двовалентна вакцина против сезонски грип кога се откри инфлуенца Б, за денес по толку Х вакцини против сезонски грип, биде пак четиривалентна на инактивирани вируси од слични соеви од сезонски грип, ме прашуваш за помината четврта фаза на испитување после 100 години искуство и безброј вакцинирана популација, ти прашуваш за некоја фаза? :facepalm:

... колку е поблиску совпаѓањето помеѓу очекувани циркулирачките соеви што предизвикуваат болест на сезонскиот грип сега во ноември, декември, јануари 2021 год со соевите во денешнава изработена вакцината за сезона 2021/2022, толку е подобра заштитата од болеста грип,

...нема „конкретна вакцина“ против сезонски грип за престојнава сезона 2021/2022 год, туку FDA ги одобри сите овие вакцини против сеонски грип, што секоја држава може според желба директно да исконтактира со соодветниот производител на девет бренд вакцини против сезонски грип, со одредените вирусни соеви што ги спомнав погоре како и со одредена можна возраст да истата може да ја прими од 6 месечна вораст па нагоре!

Вакцини против сезонски грип во сезона 2021.2022 год

Прегледај го приврзокот 305597 Прегледај го приврзокот 305598
А нешто конкретно во врска со ефикасноста на вакцинава за грип и дали е помината четвртата фаза на истражувања за конкретнава четиривалентна вакцина?
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.630
Поени од реакции
34.814
А нешто конкретно во врска со ефикасноста на вакцинава за грип и дали е помината четвртата фаза на истражувања за конкретнава четиривалентна вакцина?
...толкав текст што напишав и ти одговорив да секој лаик разбере, ти истото пак прашуваш за неполни 8 минути, ти воопшто не читаш што пишувам и што објаснувам, за сеир терање на друг подфорум, извини!
 
Kajgana Shop

На врв Bottom