Вакцина пресудна за надоместок за трето дете?!

Член од
15 април 2013
Мислења
1.038
Поени од реакции
796
Да пробам јас да те прашам нешто, па преку тоа да дојдеме до некаков заклучок? Јас сум против вакцинирање од се и сешто, ти си за. До тука ок. Според тебе, со вакцинирањето се создава и засилува имунитет на лицето кое е вакцинирано. Односно, истото станува отпорно на болестите против кои треба да создаде антитела. Ако е ова точно, тогаш што им смета на оние кои ќе примат вакцина да постојат невакцинирани луѓе? Од што се плашат? Нели се заштитени со вакцината?....Или не се? ;)
Ова едно, второ...Постои испитување кое покажува "...организмот намерно заразен со ослабен причинител на болест, не реагира како што би реагирал кога случајно би се заразил со истиот. постојат докази дека одредени болести може да ги има вакцинираниот кај себе, а да не е свесен за тоа. без разлика што е вакциниран токму против тие болести. на тој начин тој станува преносител..." Читај ова мислам дека е доволно релевантен извор на информации.

Не сум ни премногу „за“ вакциниве, ама ги вакцинирам затоа што незнам што е подобро или полошо, размислував читав, не сваќам. Единствено нешто што сваќам е докторот што ми го спаси животот со знаење сега е педијатар и сопствените деца си ги вакцинира. Не сум многу попаметна од него па...
А инаку не ми пречат ни тие што не се вакцинираат нивна работа. Јас не ги терам ги тера законот.
Чисто коментирам, со закониве во државава не само за надоместоци без кои се може, потврда од вакцинација ми имаат побарано повеќе пати за да завршам некои работи по институции, последно беше школото, па незнам како се справуваат со документите.
 
A

AnFem

Гостин
Мене ме интересира следново: Има ли тука родители кои никогаш не си ги вакцинирале децата, или избегнале некои од „задолжителните“ вакцини?
 
pearl

..~..~..~..~..~..~..
Член од
20 август 2005
Мислења
2.651
Поени од реакции
1.962

Колку што сум информирана, ја бараат книшката за вакцинација, каде си има историја кога и кои вакцини се примени. Не игра улога дали се сите примени, туку повеќе од аспект школото да има увид, бидејќи следните ревакцинации се прават на таа возраст. Колку што знам, немаат основ да те одбијат да си го запишеш детето ако ги нема примено сите вакцини.

Мене ме интересира следново: Има ли тука родители кои никогаш не си ги вакцинирале децата, или избегнале некои од „задолжителните“ вакцини?
Не ја прими MMR и нема да ја прими.
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
Чисто коментирам, со закониве во државава не само за надоместоци без кои се може, потврда од вакцинација ми имаат побарано повеќе пати за да завршам некои работи по институции, последно беше школото, па незнам како се справуваат со документите.

Законски е задолжително образованието до средно така да и без потврда мора на училиште, ова е слободна земја можи и во кое сакаш училиште се менуваат наставници по желба итн.
--- надополнето: 29 ноември 2013 во 10:06 ---
А и како што следам во Македонија веќе има неколку адвокати што бесплатно даваат правни совети и застапуваат родители што нејќат да ги вакцинираат своите деца, така да повеќе за тоа од нив.
 
Член од
27 мај 2013
Мислења
719
Поени од реакции
537
Не сум ни премногу „за“ вакциниве, ама ги вакцинирам затоа што незнам што е подобро или полошо, размислував читав, не сваќам. Единствено нешто што сваќам е докторот што ми го спаси животот со знаење сега е педијатар и сопствените деца си ги вакцинира. Не сум многу попаметна од него па...
А инаку не ми пречат ни тие што не се вакцинираат нивна работа. Јас не ги терам ги тера законот.
Чисто коментирам, со закониве во државава не само за надоместоци без кои се може, потврда од вакцинација ми имаат побарано повеќе пати за да завршам некои работи по институции, последно беше школото, па незнам како се справуваат со документите.
Јасно, јасно. Немам ништо против тебе. Чисто колку да има 2 страни муабетов те ставив кај оние што бранат.
 
Член од
5 август 2009
Мислења
1.295
Поени од реакции
484
Оваа мајка својот проблем го изнела во јавноста бидејќи како што вели била приморана да избира меѓу 16 000 денари и здравјето на нејзиното дете.

Кој е тој надомест за кој е приморана да избира? Надомест за трето дете во износ од 16.000? :tapp:
 
D

Daedalus

Гостин
Вакцинирајте ги децата и не се зафркавајте со глупости. Ок е за забава да се читаат сите тие пропаганди за тоа како "владите не тераат да се вакцинираме кога уствари сакаат да не заебат и да не контролираат преку вакцините", али невакцинирањето може да биде опасно и ризично за здравјето на детето.

Тие одлуки не се заебанции и сите пропаганди кои сугерираат на тоа дека не треба да бидеме вакцинирани треба да бидат криминализирани во крајна мерка затоа што многу необразовани луѓе ги сфаќаат сериозно и поради недостаток на знаење донесуваат одлуки кои може да бидат катастрофални за нивните деца.

Посебно вакцини кои ако не бидат земени постои опасност за враќање на некои стари епидемии и тристо други чуда од кои сме се ослободиле одамна. Такви вакцини се нешто што МОРА да се напраи. Не смее да постои избор во такви ситуации.
 
pearl

..~..~..~..~..~..~..
Член од
20 август 2005
Мислења
2.651
Поени од реакции
1.962
Што ќе му/и е. Ако фати некоја болештина детето, денес може со сангејзинг да се излечи.
Како лице поборник на науката, наспроти сангејзингот, би сакала да го слушнам твоето мислење околу вакцините.
Најсериозно те прашувам.

Вакцинирајте ги децата и не се зафркавајте со глупости. Ок е за забава да се читаат сите тие пропаганди за тоа како "владите не тераат да се вакцинираме кога уствари сакаат да не заебат и да не контролираат преку вакцините", али невакцинирањето може да биде опасно и ризично за здравјето на детето.

Тие одлуки не се заебанции и сите пропаганди кои сугерираат на тоа дека не треба да бидеме вакцинирани треба да бидат криминализирани во крајна мерка затоа што многу необразовани луѓе ги сфаќаат сериозно и поради недостаток на знаење донесуваат одлуки кои може да бидат катастрофални за нивните деца.

Посебно вакцини кои ако не бидат земени постои опасност за враќање на некои стари епидемии и тристо други чуда од кои сме се ослободиле одамна. Такви вакцини се нешто што МОРА да се напраи. Не смее да постои избор во такви ситуации.
Конкретно, моето дете ги има примено сите пропишани вакцини, освен MMR. За таа вакцина бев на триста ума дали да ја прими, со месеци се двоумев и правев клик-клак на вагата. Особено што станува збор за болести што децата (вклучително и мене) од моите генерации ги имаат прележано и без вакцини и посебно што вакцината не гарантира имунитет, а после полнолетство треба да се ревакцинира. Не сум човек што подлегнува на кампањи и пропаганди, се обидов да се информирам и на моменти бев изгубена во мноштвото информации кои не ги разбирав, а разговарав и со најмалку 5 доктори кои имаа различни мислења, како и со луѓе кои потекнуваат од докторски фамилии. На крајот, ги извагав потенцијалните ризици на едната и другата страна, можните последици, дури го земав предвид и имунитетот на моето дете и како организмот реагира и ги поднесува досегашните разболувања и донесов одлука, која за некој е можеби неразумна, но за мене лично е таква со која можам мирно да спијам.

Се сложувам дека вакцинација треба да постои и не треба да се избегнува. Мене дилемата ми е околу неопходноста на сите вакцини кои се даваат, не само за оние што се примаат во првата година, туку и за ХПВ вакцината на пример. Не би можела да го поддржам мислењето дека треба да бидат задолжителни и родителите кривично гонети. Како пример ја земам Канада, таму вакцинацијата не е задолжителна, а станува збор за земја со развиено здравство, со многу јака социјална компонента и земја што се грижи за своите граѓани. Ако во една таква држава е на доброволна основа, зошто би верувала повеќе на нашите апаши?
 
D

Daedalus

Гостин
Не би можела да го поддржам мислењето дека треба да бидат задолжителни и родителите кривично гонети. Како пример ја земам Канада, таму вакцинацијата не е задолжителна, а станува збор за земја со развиено здравство, со многу јака социјална компонента и земја што се грижи за своите граѓани. Ако во една таква држава е на доброволна основа, зошто би верувала повеќе на нашите апаши?
Добро, тоа е твој избор.

Види, Во Канада можеби не постојат голем број на вируси кои се опасни за децата и луѓето воопшто. Доколку се појави сериозна епидемија од вирус кој се пренесува брзо и е смртноносен, најверојатно ќе се појави потреба за вакцинирање.

Колку што сум информиран, во скоро сите земји, вакцинирањето го одбираш за да се заштити правото на избор за соодветна медицинска нега. Но и во Канада, докторите ги советуваат луѓето да се вакцинираат за да спречат многу болести.

http://www.phac-aspc.gc.ca/im/
http://www.phac-aspc.gc.ca/publicat/cig-gci/p04-meas-roug-eng.php

Од тоа што побарав за ММР вакцината, од авторитети и други медицински лица...

"After one dose of MMR, approximately 90-95% of children are protected against measles, over 95% against rubella, and 85-90% against mumps. After two doses, almost 100% of people will be protected against all three diseases. Because the diseases are so infectious, it is necessary to have very high levels of immunity in the population to control the diseases. It is only possible to do this, if children receive two doses of the vaccine. For this reason, almost all countries, recommend two doses of the vaccine. Those countries that have a high uptake of two doses of MMR vaccine have been most successful at eliminating the diseases."
http://www.ncbi.nlm.nih.gov/pubmed/11086376?dopt=Abstract

Најверојатно не постои опасност од тоа детето да земе ММР. Мора да се земат две дози за да се осигураме дека нема да постои ризик од разболување од рубела и слично.

А зошто се плашиш да го вакцинираш детето со ММР? Ако се плашиш ради митот со аутизам, верувај ми, ќе ти пратам ако сакаш научни студии и ќе ти ги образложам, не постои никаква каузална врска помеѓу аутизам и вакцини.
 
Член од
14 октомври 2013
Мислења
75
Поени од реакции
104
Како лице поборник на науката, наспроти сангејзингот, би сакала да го слушнам твоето мислење околу вакцините.
Најсериозно те прашувам.
Ич ништо немам да кажам околу вакцините. Ова е важниот дел:
. На крајот, ги извагав потенцијалните ризици на едната и другата страна, можните последици, дури го земав предвид и имунитетот на моето дете и како организмот реагира и ги поднесува досегашните разболувања и донесов одлука, која за некој е можеби неразумна, но за мене лично е таква со која можам мирно да спијам.
Или како што би рекол Хашим Тачи: "најтешко е да го разбудиш оној што се прави дека спие."

Штом ти си способна се тоа да го извагаш, и да донесеш одлука, терај така, тебе не ти треба друго мислење. Мене понекогаш (како во постот погоре) ми паѓа жал за децата што ќе трпат од неукоста на нивните родители, ама пак за цела среќа брзо ми поминува! Си мислам, Нина, нит си ширела нозе, нит си го раѓала, ако не му се мислат неговите, ти ли ќе му се мислиш. И одма ми поминува. Сакаш слобода прл, повели.
 
pearl

..~..~..~..~..~..~..
Член од
20 август 2005
Мислења
2.651
Поени од реакции
1.962
А зошто се плашиш да го вакцинираш детето со ММР? Ако се плашиш ради митот со аутизам, верувај ми, ќе ти пратам ако сакаш научни студии и ќе ти ги образложам, не постои никаква каузална врска помеѓу аутизам и вакцини.
Не е поради аутизмот, иако и за тоа се информирав. Според докторката што работи во центарот за вакцинирање, аутизмот е состојба што се јавува поради генетско несовпаѓање меѓу родителите и најчесто се манифестира на возраст помеѓу 15-22 месец. Како што ми кажа, аутизмот скриено постои, а вакцината може да биде само катализатор, а не и причина. Не знам дали е така, само пренесувам.

Како што напишав, најголемата причина ми беше што за сите тие болести луѓето од постарите генерации не биле вакцинирани, а ги имаат прележано без последици. Во РМ оваа вакцина е воведена во 1983 год. Не станува збор за тешко заболување од типот детска парализа или црна кашлица. Свесна сум дека и ММР заболувањата можат да имаат тешки симптоми, но тоа е повеќе исклучок, за разлика од парализата и кашлицата кои се по дифолт катастрофални. Моето дете (да чукнам во дрво) има поприлично јак имунитет. Моето резонирање беше, ако ја прими вакцината, прво не знам какви се` гадотии како дел од вакцината ќе влезат во неговото тело; второ, зависно од полот за машки треба да се пази во пубертет од заушки, а за женски да се пази од рубела во бременост; трето, и покрај вакцината не значи дека е имунизирано, ако ја прими нема гаранција дека нема да заболи, туку дека ќе заболи со послаби симптоми, настрана процентите што ги пишуваш; четврто, не бев спремна да ризикувам јакиот имунитет што го покажува досега да го реметам со вакцина за болести што се "лесни" (ова лесни условно кажано).
 
Kajgana Shop

На врв Bottom