- Член од
- 15 април 2013
- Мислења
- 1.038
- Поени од реакции
- 796
Да пробам јас да те прашам нешто, па преку тоа да дојдеме до некаков заклучок? Јас сум против вакцинирање од се и сешто, ти си за. До тука ок. Според тебе, со вакцинирањето се создава и засилува имунитет на лицето кое е вакцинирано. Односно, истото станува отпорно на болестите против кои треба да создаде антитела. Ако е ова точно, тогаш што им смета на оние кои ќе примат вакцина да постојат невакцинирани луѓе? Од што се плашат? Нели се заштитени со вакцината?....Или не се?
Ова едно, второ...Постои испитување кое покажува "...организмот намерно заразен со ослабен причинител на болест, не реагира како што би реагирал кога случајно би се заразил со истиот. постојат докази дека одредени болести може да ги има вакцинираниот кај себе, а да не е свесен за тоа. без разлика што е вакциниран токму против тие болести. на тој начин тој станува преносител..." Читај ова мислам дека е доволно релевантен извор на информации.
Не сум ни премногу „за“ вакциниве, ама ги вакцинирам затоа што незнам што е подобро или полошо, размислував читав, не сваќам. Единствено нешто што сваќам е докторот што ми го спаси животот со знаење сега е педијатар и сопствените деца си ги вакцинира. Не сум многу попаметна од него па...
А инаку не ми пречат ни тие што не се вакцинираат нивна работа. Јас не ги терам ги тера законот.
Чисто коментирам, со закониве во државава не само за надоместоци без кои се може, потврда од вакцинација ми имаат побарано повеќе пати за да завршам некои работи по институции, последно беше школото, па незнам како се справуваат со документите.