Мистичен
Човек
- Член од
- 23 јануари 2005
- Мислења
- 13.578
- Поени од реакции
- 1.097
Премиерот Никола Груевски, кој вчера лично им ги додели клучевите од становите, рече дека ова е мал "гест што треба да внесе сигурност на семејствата на бранителите, кои ја задолжија оваа држава".
- Загубата што им беше нанесена на овие семејства не може со ништо да се надомести и само тие најдобро знаат колкава е болката што ја чувствуваат. Денешното доделување станови на припадниците на безбедносните сили и на нивните семејства претставува гест со кој Владата ја изразува почитта кон нив и претставува поддршка за полесно да се справат со предизвиците во животот, рече Груевски. Притоа, додаде дека Владата е подготвена и натаму да им помага на семејствата, пред се за покривање на трошоците за образование на децата на загинатите бранители.
Становите се доделуваат согласно законот за посебните права на припадниците на безбедносните сили и на членовите на нивните семејства. Плаќањето на становите, чии решенија беа доделени уште во 2002 година, ќе биде по привелегирани услови. Поголемиот дел од цената ќе ја покрие државата, а има можност и за одложено плаќање на 40 години.