Констатно солиме памет, што е исклучително непродуктивно. Наместо да ја поддржуваме конечно една Влада која прави нешто од интерес на сите, ние (мислам на некои од нас) нон стоп делат памет како треба-вака треба, така треба! Па друже не може некој да исправи нешто за кој месец кога овде ја какаа работава 50-60 години мислам на дечкиве од Комсомолов(сегашни сениори) и нивните татковци и дедовци. Нели викаат ,,Што може една будала да растури, триста паметни неможат да состават,,- а овде ги имаше барем до сега поприлично. Ај остај ги тутунарите! Не се секирај! Верувам дека и нивните барања ќе ги исполнат. Само малку трпение. Пред некој ден прочитав во веснициве дека само во првите три месеци наплатата од царина е зголемена за 50-60 милиони евра од истиот термин лани, плус со паднати стапки на царина и др. давачки. т.е 200-240 милиони евра само од царина плус годишно(=ЕСМ), е тие пари биле крадени друже. А сега се во буџет!Затоа полека и да не солиме многу памет, туку да признаеме дека најдобро работи оваа од сите други Влади. Да знаеме и ние Македонците еднаш го почитуваме некој наш квалитетен политичар, а не само да продаваме слама и да се правиме најпаметни. Само да се мрчело!