superstarpizza
Unsurpassed Сasual Dating - Verified Damsels
- Член од
- 20 септември 2008
- Мислења
- 6.025
- Поени од реакции
- 1.363
Бендевска бара Трајко да се соочи со неа, а Бучковски ќе му кршел чаши од глава
Трајко Славески сака македонската економија да ја изнесе на носила. Среќа што министерот за финансии не е во моментов во салата бидејќи една од овие чаши ќе завршеше во неговата глава и потоа него ќе требаше да го изнесуваат на носила, рече Бучковски. Тој вчера ги искина рекламите на Владата во дневните весници
Имаат ли крај навредите од СДСМ? Кое е дното кое пратениците од оваа партија можат да го достигнат? Ако пред неколку дена говорот на омраза беше стил на Јани Макрадули вчера пак повторно на седницата на Собраниската комисија за ребаланс на буџетот "во елемент" беше поранешниот лидер на СДСМ и екс-премиер Владо Бучковски.
Неговите навреди упатени кон министерот за финансии Трајко Славески ги надмина сите граници. Имено на амандманската расправа за ребалансот на буџетот, Бучковски не бираше зборови да ја нападне Владата за според него нерационалните трошоци во време на светска економска криза.
-Трајко Славески сака македонската економија да ја изнесе на носила. Среќа што министерот за финансии не е во моментов во салата бидејќи една од овие чаши ќе завршеше во неговата глава и потоа него ќе требаше да го изнесуваат на носила, рече Бучковски. Неговиот говор изобилуваше со навреди за економската политика на Владата, но и лични навреди кон сите нејзини членови.
-Идиотско е однесувањето на целата Влада. Прават идиотски потези и идиотски трошат пари. Партиски вработија 30.000 луѓе. Доколку тие земаат плата од по 200 евра, тоа е трошок од 72.000.000 евра. Исто така се трошат и 40.000.000 евра за реклами по весниците. Тие пари можат да се искористат во стопанството. Владата не сака аранжман со Меѓународниот Монетарен Фонд затоа што во тој случај некој би ги контролирал како ги трошат парите од аранжманот, рече Бучковски, кинејќи ги на говорницата владините реклами во весниците.
Славески пак не сакаше да го коментира однесувањето и навредите од Бучковски бидејќи во тој момент не бил присутен во салата, но рече дека бројките за вработувањата не се точни.
-Има еден израз, диво, диво претерување. Тоа е повеќе од десет, до дваесеткратно претерување. Пратениците на СДСМ го симнуваат нивото на дискусија. Сепак не постојат процедурални законски начини за да се интервенира. Останува за нивното однесување да суди македонската јавност. Вработувања има, но од каде да знам дали се партиски или не. Министерството за финансии преку агенции вработува лица кои се или биле потребни за одредени активности, вели Славески.
Претходно и пратеничката Весна Бендевска од говорницата упати порака дека "Министерот Славески ако е маж, треба да се појави во салата". Со вчерашните навреди, Бучковски и Бендевска само му се придружија на нивниот колега Макрадули кој пред неколку дена го нарече Славески фашист, а упати навреди и кон пратеничката на Социјалистичката партија Владанка Авировиќ.
Извор:http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=3B4D3B8DAA3B414FBA593951B94E529F
Чудна работа, кога Бане беше Премиер, светот економски просперираше, а кај нас имаше рецесија од -7%, а сега со светска криза не сме отидени во минус и пак им смета ова на СДС Бедна комуњарска работа
Абе овој на што дрога е да не маа трипови?!?:uvo:
Ке кршел чаши од глава бе? Алооооо свестисе Буч Санденс абе дрво шупливо беше премиер ја не знам како може вакви луге да зборуваат во име на народот?!?!?