Бучко ќе кршел чаши од главата на Славески, Бендеска ќе се соочувала со него

  • Креатор на темата Креатор на темата bitushanec
  • Време на започнување Време на започнување

bitushanec

Борец за човекови права
Член од
17 јануари 2006
Мислења
3.741
Поени од реакции
815
Бендевска бара Трајко да се соочи со неа, а Бучковски ќе му кршел чаши од глава

FD9BA27C643DB34B9F2F13B12DCBCDCB.jpg


Трајко Славески сака македонската економија да ја изнесе на носила. Среќа што министерот за финансии не е во моментов во салата бидејќи една од овие чаши ќе завршеше во неговата глава и потоа него ќе требаше да го изнесуваат на носила, рече Бучковски. Тој вчера ги искина рекламите на Владата во дневните весници


Имаат ли крај навредите од СДСМ? Кое е дното кое пратениците од оваа партија можат да го достигнат? Ако пред неколку дена говорот на омраза беше стил на Јани Макрадули вчера пак повторно на седницата на Собраниската комисија за ребаланс на буџетот "во елемент" беше поранешниот лидер на СДСМ и екс-премиер Владо Бучковски.

Неговите навреди упатени кон министерот за финансии Трајко Славески ги надмина сите граници. Имено на амандманската расправа за ребалансот на буџетот, Бучковски не бираше зборови да ја нападне Владата за според него нерационалните трошоци во време на светска економска криза.

-Трајко Славески сака македонската економија да ја изнесе на носила. Среќа што министерот за финансии не е во моментов во салата бидејќи една од овие чаши ќе завршеше во неговата глава и потоа него ќе требаше да го изнесуваат на носила, рече Бучковски. Неговиот говор изобилуваше со навреди за економската политика на Владата, но и лични навреди кон сите нејзини членови.

-Идиотско е однесувањето на целата Влада. Прават идиотски потези и идиотски трошат пари. Партиски вработија 30.000 луѓе. Доколку тие земаат плата од по 200 евра, тоа е трошок од 72.000.000 евра. Исто така се трошат и 40.000.000 евра за реклами по весниците. Тие пари можат да се искористат во стопанството. Владата не сака аранжман со Меѓународниот Монетарен Фонд затоа што во тој случај некој би ги контролирал како ги трошат парите од аранжманот, рече Бучковски, кинејќи ги на говорницата владините реклами во весниците.

Славески пак не сакаше да го коментира однесувањето и навредите од Бучковски бидејќи во тој момент не бил присутен во салата, но рече дека бројките за вработувањата не се точни.
-Има еден израз, диво, диво претерување. Тоа е повеќе од десет, до дваесеткратно претерување. Пратениците на СДСМ го симнуваат нивото на дискусија. Сепак не постојат процедурални законски начини за да се интервенира. Останува за нивното однесување да суди македонската јавност. Вработувања има, но од каде да знам дали се партиски или не. Министерството за финансии преку агенции вработува лица кои се или биле потребни за одредени активности, вели Славески.

Претходно и пратеничката Весна Бендевска од говорницата упати порака дека "Министерот Славески ако е маж, треба да се појави во салата". Со вчерашните навреди, Бучковски и Бендевска само му се придружија на нивниот колега Макрадули кој пред неколку дена го нарече Славески фашист, а упати навреди и кон пратеничката на Социјалистичката партија Владанка Авировиќ.

Извор:http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=3B4D3B8DAA3B414FBA593951B94E529F


Чудна работа, кога Бане беше Премиер, светот економски просперираше, а кај нас имаше рецесија од -7%, а сега со светска криза не сме отидени во минус и пак им смета ова на СДС :) Бедна комуњарска работа
 
Добро де ... Бучко се глеа дека е отиден у три лепе пичке материна со паметот ... Мислам дотичниот си се обраќа сам на себе во трето лице ....Што друго освен навреди може да се очекува од такви медиокритети ...

Само се надевам дека другиве се подобри ..
 
Како се собрале најголемите ѓубриња и кретени во таа партија, неверојатно!
 
јас мислам дека вакво издание на бучковски и останати е добро за да се знае со кој се има работа,не за друго со помала грижа на совест да му се ``свитка вратчето`` )))))
 
Може не е културно,може не му доликува.. али па во право е .Незнам зошто е нагласено тоа со чашите а никој не збори дали е у право околу бројките што ги изнел .
 
Ма кога Шеќеринска како лидер на СДСМ креваше сукња за да го привлече Груевски што очекувате од другите.Во таа партија е собран секаков вид на џган.Макрадули,Бучко,Шема...единствено се главни фаци во Еднооки.:toe:
 
А тенковските делови? Од чија глава треба да ги скршат а ... г-дине Буче? Трајко една чаша како и да е ќе ја издржи, ама тешко на тебе со деловите... екс премиере што се дереш :tapp:
 
пресуда 3години затвор имаше ...
до кај е стварно ..?

ќе кршел чаши ... лол ... кој идиот ...
 
пресуда 3години затвор имаше ...
до кај е стварно ..?

ќе кршел чаши ... лол ... кој идиот ...

Ако бе и за тоа ќе заработи прекршочна, молчи си нека го...:pos2:
 
Bucko je malo nervozan.


ps: ovie od vecer jedva cekaat prilika za da ja ispljukaat opozicijata, seuste ne se svesni deka treba da se skoncetriraat vrz rabotata na vladata, oni raspolagaat so sredstvata i so se ostanato.
 
Да, но тој што не правел како владата сега. А Бучковски го правеше истото што и овие во однос на вработувањата. Со ист интензитет. Да каже/критикува некој што не го правел тоа, пеки -некоја нова неизвалкана фаца. И тоа како треба критика, но овие што истото го правеа, сега да критикуваат -исти личности?
Инаку и во однос на економијата тогаш цветавме, сега сме за нигде, приказни.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom