Единствено нешто што им признавам на компаните како БК им е маркетиншката сила. Просто не ми се верува (извинете ако некој ми го види постов како понизен, не ми е тоа поентата) како овие компании доаѓаат во претежно сиромашна земја како нашата, но наплаќаат цени како во нивната матична држава и им успева тоа. Ги гледам страните на БК или Доминос во Македонија на пример и не ми се верува дека ги одржуваат истите цени (некогаш и повисоки) како во Америка или од кај и да се...
Знаејќи ја лошата состојба на вработеноста на младите во Македонија и слабата куповна моќ на тие што се вработени за просечна македонска плата не ми се верува дека одите во вакви ресторани и плаќате 300 денари за оброк во БК или 1000 денари за 2 фамилијарни пици во Доминос и по некое шише сок. Кога просечната плата е околу да речеме 12-15 000 денари според економистите на форумов, да дадете 5-10% од вашиот месечен приход за една вечер за нискоквалитетна храна е рамно на лудило. Ви продаваат храна со ексклузивитет демек еве дојдовме, ние сме нови компании на пазарот и сме ин, па ви наплаќаат западни цени со балкански стандард. БК, Мекдоналдс, Доминос, КФЦ на запад се купуваат или кога немате многу пари а не ви се готви, или сакате нешто евтино и гадно кога сте пијани или не ви се чека многу. Не е проблем на запад да се платат 300 денари за БК, кога парите се заработуваат за пола саат работа. Ама толку пари, и замислете пример еднаш неделно. Некако не излегува математиката...
Молете се Криспи Кримс да не дојдат во Македонија, ќе бапнат цени од 150 денари за крофна која е ептен вкусна, претерано нездрава и полна со воздух, и цената ќе ја платите со мерак згора на тоа...Ама ваквите бизниси ќе останат релевантни се додека има луѓе што ќе им купуваат за жал.