Здраво на сите, јас сум нов член и од скоро почнав да го следам форумот. Сакам да споделам со вас низ што поминав овие години. Подадов документи во април 2017г. во Софија, преку вујко БГ лична карта.Произход добив после 16 месеци, на интервју бев на 17 април 2019г. и тогаш доставена потврда од Струмица како дополнителен документ. И сега 2 години и 2 месеци од интервју, и 4 години од како ја почнав процедураа наместо на Положително ми ги бараат документите по кој сум добил произход. Брат ми со истите документи поднесени една година пред мене, произход доби по вујко ми потоа достави потврда од Струмица и го зема пасошот во Декември 2020г.Сега повторно спремив од вујко ми БГ пасош + од брат ми БГ државјанство и БГ пасош. Се надевам дека конечно после толку време ќе бидам на положително и потпишан указ. Ова ми е моменталниот статус, барав по форумот но не најдов ваков статус. Се извинувам за долгиот пост. Поздрав
Attachments
-
419,4 KB Прегледи: 169