!!! офтопик у најава !!!
Сите сме имале моменти на испади со коментари кога сме пишувале со жешки глави, и на крај секогаш сме сакале да се покажуваме и докажуваме кој сме и што сме и зашто сме и секогаш осудата од било која страна за нашата постапка е присутна од оној кој дошол тука со цел да помогне или да му биде помогнато!
Многу вакви случаеви сме имале и ЕГОТО да го тргнеме на страна и да останеме приземјени!
(секогаш има исклучоци од кажаното)
Не сум цвеќе за мирисање ни јас...
Се надевам сите ја научивме лекцијата...
И во иднина конструктивноста на темата ќе биде наша заедничка цел!
Поучна приказна:
Магарето му рекло на тигарот:
- Тревата е сина.
Тигарот одговорил:
- Не, тревата е зелена!
Избувнал спор и отишле кај лавот, кралот на животните да го реши овој проблем.
Уште не стигнале до местото во шумата каде лавот седел на неговиот престол, магарето од далеку почнало да вика:
- Ваше Височество, нели тревата е сина?
Лавот одговорил:
- Така е, тревата е сина.
Магарето пресреќно, рекло:
- Тигарот не се согласува со мене, ми противречи, се кара и ме нервира, те молам казни го.
Кралот на животните рекол:
- Тигарот е казнет со 5 години молчење.
Магарето цело пресреќно си заминало скокајќи и викајќи:
- Тревата е сина, тревата е сина..
Тигарот ја прифатил казната, но го прашал лавот:
- Височество тревата е зелена, нели?
Лавот му одговорил:
- Да, се согласувам, тревата е навистина зелена.
Тигарот изненаден, го прашува:
- Па зошто тогаш ме казнивте?
Лавот одговорил:
-Не е важно дали тревата е сина или зелена, казната ти е 5 години молчење, заради тоа што такво храбро и интелегентно животно како тебе губи време да се расправа со магариња, па и да дојде на суд кај мене за такво прашање.
Секој нека ја согледа вистината и нека сфати:
Најлошо е да губиш време да се расправаш со некој на кој не му е ни гајле за вистината, туку само за победа на неговите верувања и илузии.
Никогаш не трошете време во расправа во која се смешни аргументите.
Постојат такви кои без разлика колку докази и сведоштва ќе добијат, не можат да разберат, зашто се заслепени од омраза и гордост.
Единствено што сакаат е да бидат во право, иако не се.
Кога незнаењето вика, умот молчи!
Постов немаше тенденциозност кон никого, едноставно доволно е поуката да ја прочитаме (дај боже и да ја применуваме)
Љубов за сите