Здраво до сите,
Досега ја следев преписката 117ХХ/2018 што ми беше кажана како моја преписка кога се јавив во амбасада во Скопје - ова беше текот на настаните:
Интервју во Скопје -
Јуни 2018 година.
Ми излезе преписка во Public.mjs.bg во
Јули 2018 година
Финална - изгледа
Август/Септември 2019 година
Положително
15 Јануари (тогаш проверив) 2020 година
Денес проверив дали имам добиено Указ/Државјанство проверувајќи ја горенаведената преписка, пишува дека Удостоверението ми е испратено во амбасада во Санкт Петербург-Русија !!!!!!!!!! Па сега незнам дали да се радувам дека сум добила указ или цело време сум следела погрешна преписка? Кога се јавив во амбасадата во Скопје и ми го издиктираа бројот на преписката, јас го повторив пополека на глас и од другата страна ми беше потврдено дека точно сум го запишала бројчето. Дали некој знае што можам да направам во ваква ситуација?
Има ли некој од Јануари 2020 што има добиено Указ?
Со среќа на сите што чекате!
Прегледај го приврзокот 271410