И јас исто така ја следам темата уште од почеток (ги прочитав првите околу 100-тина страни и се приклучив). Добив многу корисни информации, а во последно време некои членови претеруваат со глупи прашања и сметам дека намерно го прават тоа- Нека им служи на чест! Сега би сакала да го споделам моето искуство, иако можеби веќе имам спомнато. Мојата преписка е од 2012 година, секако вратена на дополнителна проверка. Бидејќи немам роднини со бг.државјанство, во февруари 2015 год.,однесов потврда од Клубот во Струмица (за него дознав овде на форумот). Сите броеви околу мене често ги проверував така што во јуни оваа година забележав дека најголем дел се прекратени или добиле државјанство. Јас се уште сум на дополнителна. Но ме радува фактот дека сум во некаква процедура и се надевам дека со измените на законот, ќе се признаваат потврдите од клубовите. Ова е и за оние што тврдеа дека Младенов е измамник, напротив човекот исто како и нас беше збунет од ситуацијата и ме советуваше да ги почекам измените.