Луѓе, форум не значи само дојди види што тебе те интересира и оди си. Форум е место каде што треба да се сподели, да се чита со умот а не само со очите. Па во темава 100 пати е речено, прашано, објаснето и треба да се свати дека ако некој напише дека го одбиле, или дека се сменил статус или нешто ТРЕБА, ФЕР Е, ЧОВЕЧКИ Е....да се каже и со што документи бил, дали однел во правосудие или само во дабч, дати и слично. Зошто мора по 10 пати да се препрашуваме за да се разјасниме. Пример, само пред 2 страни напишав пола страна пост дека сега бараат и во правосудие документите од дабч да се дадат, и гледам некој луѓе осет немаат да споделат дали однеле или не, оти ги одбиле. Па форум е ова бре, не е веб страна за информации, ако не споделува секој нема да има инфо, нели ги читате постовиве на сите луѓе или само на-две-на-три прошарувате и толку[DOUBLEPOST=1555663905][/DOUBLEPOST]
Не важи за тебе тоа, за тие што се со статуси пред твојот статус. Ти не треба да носиш документи, али тие што се на задолжителна на пример можат. Јас сум на задолжителна од 07-2018 и си однесов во правосудие дополнителни документи без да ми бараат, со молба. Изводи од татко, дедо, прадедо пред 1918, и од здружението од Струмица, да не ризикувам да ме стават на дополнителна па да чекам + време.