На влез кога ќе покажеш мк пасош на излез покажуваш мк пасош и бг лична карта. Ако те прашат зошто покажуваш два документа им објаснуваш дека ти е искочен пасошот денес и продолжуваш даље.
Незнам дали сте запознаени со казните во бугарија доколку покажеш МК пасош на бугарска граница,а си исто така и БГ државјанин можат да ти пишат казна од 3000 лева дирекно на граница. Значи обавезно бг документ понатаму покажуваш на нивна граница и на било која друга после напуштање на македонската граница.
Не сум 100 посто сигурен, ама можно е да грешиш. Штом влегол во БГ со МК пасош, тогаш и излезот треба да го направи со него, т.е. да си го одјави престојот во БГ во својство на МК државјанин. Дури потоа секој нареден влез и излез во БГ треба да го прави со неговиот БГ пасош или лична карта. Во секој случај нема штета ако на излегување ги покаже двата документа, како што велиш ти, бидејќи Бугарите секако ќе знаат дека станува збор за двоен државјанин, а и најдобро ќе знаат со кој документ да го евидентираат. Јас сум 90% сигурен дека ќе прво ќе го прашаат со кој документ влегол, и дека на крајот ќе му удрат печат во македонскиот пасош. А за на македонска граница се знае - исклучиво со македонски пасош.