И 105,13% да е успешен нема да сватиш колку ти го спопикаа, ај пред да легнам да ти кажам нешто па размисли, иако нема врска со темата и не сакам да дебатирам
1.Процедурата за прием нема да започне пред да се исполнат сите фази од договорот, а секоја фаза има рок од 5 години, а како разбрав има најмалку 2 фази, мислам така рече Заев.
2. Имаш процедура до уважување на барањето за прием барем едно 5 години, и од кога ќе те примат имаш 3 години за имплементација. Значи и на најсилно да забрзаат по протоколни процеси ќе фати едно 15-20 години, сети се на хрватска, и останатите
3. Знаеш нешто што не ти текна? Премиерот фактички мана рестарт на нацијата, значи Р. Македонија со сите свои малцинства не постои, сега постои република северна Македонија, со граѓани на таа држава. Тие граѓани се микс на народи, неодредено. Затоа Борисов се налути, не дека ќе имаме претензии кон Бугарија, туку затоа што веќе нема да има основа да докажува дека во РСМ, има бугари, на начините и нормите на кои се врши тоа. Да е појасно, бугарите во РСМ не се сега само бугари него и грци и срби и турци, а не може да се води на премисата дека има чистокрвно бугарско малцинство и да дели пасоши со минимални услови. Сега ми стана јасно што сакаше да ми каже човекот со кој разговарав. Сума сумарум и тие мали шанси за добивање пасош ги изгуби,
https://pogled.mk/видео-заев-е-против-бугарските-пасоши/
4. Прочитај на евростат или на друг релевантен медиум каде ЕУ ги вади своите извештаи, моментално и да се крстиме Тунгузија, Франција, Данска, Холандија, ќе гласаат против приемот на Тунгузија во ЕУ, затоа што, не ми текнува името на типацот, не ни требаат нови социјални случаи
Колку сме патриоти се виде по пасошите за кои аплициравме, а колку сме партиски обоени се виде дека во време на груевски баравме пасоши, тој муабет дека овде луѓето умираат за партија, не ти држи вода. Се надевам од срце дека ќе земеш пасош, ако не да земаш 1000еур плата, но моментот кога ќе се соочиш со реалната слика, иако болен ќе е, ќе ти тргне на арно. Повеќе на оваа тема за политика не правам муабет, затоа што овој форум не е за тоа... Поздрав