Грешиш, нема да се признава. Во законот од 2010 г. пишува дека на произходот треба да е напишано врз која основа е издаден. На старите произходи од пред 2010 не го пишува тоа. Затоа од Правосудие нема да ги прифаќаат без дополнителни проверки.
Мислам дека и они лутаат, и не знаат како да дефинираат происход. Некои од кандидатите, го читав стенограмот, мислат дека е доволно потекло од бугарски земји (македонија и западни покраини, Пирот и околината), и презимето, некои викаат не може, има и албанци таму, други бараат некое правно решение, некаков документ. Тука се и бугарите од Украина, помеѓу 200-800 илјади, кои не го знаат јазикот, па молдавски бугари, измешани со бракови со романци, па горани од Косово и Албанија, па избегани турци, кои го изгубиле државјанството затоа што земале турско, па антички македонци, бугарофоби.
Еден од нив вика, во Бугарија има 3,3 милиони македонци, што се тие, бугари и нешто друго? Друга па вика, иако потекнува од Молдавија, дека не треба така лесно да им се дава на молдавците, бидејќи не го знаат јазикот, трет по потекло од Албанија, форсира давање на тие од таму, итн.
Да видиме кој ќе дојде на чело, па ќе се знае повеќе.