Здраво
И јас имам прашање околу доставувањето на дополнителниот документ. После интервјуто, преку посредникот во министерство за правда доставив фотокопија од бугарска крштеница од 1944 заверена кај нас на нотар. Колку што сфатив од форумов, македонски нотари не се признаваат во Бугарија, а пред некое време и посредникот ми кажа дека веројатно од министерство ќе ми го бараат оригиналниот документ. Бидејќи не сакам да го давам оригиналот на посредникот и во министерство за случајно да не го изгубат или вратат, прашањето ми е дали има начин во амбасада да се завери/легализира копија од оригиналот крштеница за така заверена да ја дадам на посредникот да ја достави во министерство?