Стариот документ од егзархија ти е голема предност и сигурно добиваш дупликат произход.За да извадеш дупликат произход ќе ти треба стариот документ од егзархија,копија од него,твој извод на родени како и извод/умреница на лицето од стариот документ и ако тоа лице ти е баба/дедо тогаш и извод од мајка ти или татко ти во зависност од која страна ти е роднина,за да се поврзеш со него.Сите изводи треба да ти бидат преведени и легализирани.Ќе ти треба уште и пополнето
Зајавление за издаване на дубликат на удостоврение за б'лгарски произход
коешто можеш да го симнеш од тука
http://www.aba.government.bg/?legal=3 и ако имаш копија или оригинал од предходниот произход ако не не е проблем.Со овие документи одиш во ДАБЧ(нема потреба да закажуваш електронски) секој работен ден освен петок од 10-12h.
После ќе си чекаш да ти го издадат дупликатот произход(во периодов се чека околу 7 месеци) и одкога ќе го земеш можеш повторно да поднесиш молба за државјанство во Министерството на правосдието.За во Министерството ќе треба одново да си извадиш и да направиш превод и легализавија на медицинско удостоверение,уверение за неосудуваност да си напишеш автобиографија и остатокот од документи.