Здраво на сите
Денес бев на интервју. Лујге работите се многу сменати, него што ми кажувале и што ве читам овде.
Прва работа документи: Јас имам потврда од БКК од Струмица за тоа дека селото на прадедоми било бугарско бла бла. Дополнително имам и оргинална воена книшка од прадедоми (по права линија, на татко ми - мајка - татко е) каде што си пишува националност Блгарин. Си ги извадов сите документи изводи и умреници и доставив до ДАБЧ кога го вадев произходот. НА документот што ми го дадоја си пишува по кој основ земам происход, дека и со оргинален стар документ и дека со потврда од БКК. Кога го однесов документите во министерство напоменаа дека НЕ ИМ ТРЕБА оригинален документ и дека ДАБЧ служи за тоа и не им ја предадов оригиналната воена нишка.
Денес на интервју беше побарано од мене да го доставам оригиналниот документ и сите изводи и умреници во оригинал + преведени на бугарски. (иако еднаш се однесени и оставени во ДАБЧ)
Ми рекоја дека е најдобро да ги донесам овие документи со цел да не ме прекрателе, па дополнително да ги носам истите документи и да губам време само со постапки.
Втора работа интервју. Има нови прашања, овој лист ни го дадоја предходно во таа агенцијата да си го препрочитаме пред интервјуто.
Прегледај го приврзокот 173127
Интервјуто траеше 30 мин. Тој што ме интервјуираше пишуваше од збор до збор што кажував.
1. Се што знаеш за бугарската историја. (Прва втора трета држава, години кога траеле)
2. Бугарски цареви и владетели (Кан Аспарух, Борис 1, Самоил, Петар и Асен, Борис 3 )
3. Одбери еден и кажи повеќе за него. (Јас кажав за Самоил нешто повеќе по сејкавање)
4. Бугарски револуционери (Васил левски и некои македонски револуционери )
5. Бугарски писатели ( Ги кажав воглавно македонските просветители )
6. Дали знаеш некое нивно дело (Константин и Димитар Миладинов - Зборник на блгарски нардони песни. тоа ми текна во моментот)
7. Со кои земји граничи бугарија по земја.
8. Влез на Бугарија во НАТО и ЕУ. Датуми
9. систем на управување на бугарија, знаме, грб, прецедател
10. Државни празници во Бугарија.
11. Што си по народност, националност и гражданство.
Блгарска народност, Блгарска националност, Македонско гражданство.
12. Зошто сакаш да земиш државјанство.
13. Што ќе ти смени тебе државјанството.
14. Дали си бил во Бугарија, каде зошто. Опиши го местото со збор два.
15. Дали планираш да живееш во Бугарија
14. Дали знаеш кои ти се правата и задолженијата ако земиш државјанство
15. По што е позната Бугарија во светот
16. Како ќе придонесеш за развој на Бугарија и бугарското општество
17. Дали ќе ги браниш интересите на Бугарија дококлу биде побарано. (Ќе ги бранам интересите на Р.Бугарија на секој начин на кој ќе биде побарано од мене)
Мене не ми останува друго освен да си ги извадам сите изводи пак и ќе ги пратам на превод и во министерство преку посредникот. Подобро сеа да ја завршам таа работа отколку да ме вратат на дополнителна.
Тоа е тоа. Со срејќа на сите сега.