Тоа што ние овде го викаме "уверение за неосудуваност" одамна има ново име и добро е да го користиме него, бидејќи заради таа разлика во имињата овде не можев да се разберам со луѓето кога прашував каков точно документ ми треба, косата ми обеле да не сум аплицирал со погрешен документ.
Значи, тоа што тебе ти треба и што Бугарите го викаат "Свидетелство за с'димост", кај нас се вика "Потврда од казнена евиденција". Тоа е документот што потврдува дека не си бил казнуван/осудуван.
И да, на неа треба да пишува дека се издава за издавање на бугарско државјанство и треба да биде преведена на бугарски од овластен преведувач (листата на такви преведувачи ја има на огласна табла пред Бугарската амбасада и Конзулатот во Битола) и потоа легализирана.
П.С: Повторувам за оние на кои не им е јасно, како што мене не ми беше јасно дали се бара
Потврда од казнена евиденција или
Уверение од кривична евиденција. Ако изгуглате за да видите како изгледа бугарско
Свидетелство за с'димост ќе видите изгледа вака:
"Лицето не е ос'ждано" - значи е документ кој потврдува дека не си осудуван. Македонското
Уверение од кривична евиденција е документ кој потврдува дека во моментот на издавање против вас не се води кривична постапка, т.е. судски процес, и тоа не е документот кој го бараат Бугарите од вас.