Ги знаеме твоите расистички тези.
Има ли нешто порасистичко од тоа да се прикажеш како некаков Бугарин, иако единствената интеракција на твоите прабаби и прадедовци со нив се состоела во тоа што им ја обработувалe земјата, им го паселe добитокот, им биле домашни слуги, амали и перачки на бугарските владеачки кланови кои си го терале меракот по палатите и шаторите, додека потчинетите словенски, тракиски и останати племиња, кои не успеале или не сакале да избегат пред бугарската наезда, 'рмбале по полињата, пасиштата, шумите и имотите на Бугарите и гинеле за нив по боиштата?
Или мислиш дека овие Словени бегале пред Бугарите оти им било многу убаво?
Болгарите не биле бавни во преминувањето на Дунав. Императорот Константин Погонат побрзал да ги пречека. Тој прво ги потиснал назад, но се разболел и ја напуштил војската. Болгарите ги поразиле збунетите Грци и ги протерале. Зад нивните петици се појавиле кај Варна и оттука се втурнале во словенските земји. Набргу тие ја зазеле целата земја меѓу Дунав и Балкан, до границите на Аварија, односно денешна Бугарија, овде ги покориле словенските племиња, им наметнале данок и, како што вели хроничарот, го поставиле племето на Северците под Балкан, од Берегавските области на исток, останатите седум разграноци на југ и запад, до границите на Аварите (679). Можеби тие сакале за себе си да го исчистат североисточниот раб на Мизија, најпогоден за степската орда.
Сето тоа не можело да се случи без насилство, без сурово страдање на Словените.
Гледаме дека по освојувањето на земјата на север од Балканот од страна на Болгарите, раселувањето на Словените во јужните области на Византиската Империја одеднаш повторно продолжило: тоа биле, без сомнение, племиња кои не сакале да се потчинат на Болгарите и барале засолниште од нив. Во 675 година пет племиња Дреговичи, Сакулати, Велесичи, Вајенетаи (како што Грците ни го пишуваат ова сè уште загадочно име за нас и Борзјаци или Ворзјаци се кренале во огромни сили, со целата покуќнина, со своите жени и деца и отишле во опсада на Солун; немајќи време да ги совладаат неговите ѕидини, тие се населиле во богатите околни области. Дреговичите и Сакулатите поседувале ниви во близина на Солун; Ворзјаците се уцврстиле на северо-запад, каде што сега се градовите Охрид и Битола; Велесиците ја зазеле Јужна Тесалија, Беотија со Теба, Атика со Атина; Племето, означено во грчките извори под името Вајенетаи, се наоѓало западно од Велесичити, во Јужен Епир. Западно од Солун Струменците се населиле покрај реката Струма, и Рјажданите на брегот на Архипелагот. Последниве започнале да одат на море и на своите чамци не само што ги вознемирувале островите на Архипелагот, туку се приближиле до самиот Константинопол.
Гильфердинг, Александр Федорович (1831-1872). Собрание сочинениј А. Гильфердинга. Санкт-Петербург: печатнја В. Головина, 1868-1874. Т. 1: I. Историја сербов и болгар; II. Кирилл и Мефодиј; III. Обзор чешској истории. 1868.
www.prlib.ru
Ја гледаш ли легендата на мапава подолу? Го гледаш ли
Range of Bulgar occupation?
На оваа мапа ги гледаш ли словенските племиња во однос на Бугарите? Можеш ли да ми кажеш кои точно словенски племиња влегувале во Сојузот на седумте словенски племиња? Или само се претпоставува за нив дека биле словенски, кога не се наведени по имиња?