Радко е организација, партија, што е?
Во Македонија сите можат да оформат партија или здружение. Македонците имаат партии, Албанците имаат партии, Србите имаат партии, Власите имаат партии, Ромите имаат партии, итн... Можат и Бугарите да имаат партија во Македонија, никој не им брани верувај...
Но!
Не мислиш ли дека Радко е забранета токму поради тие причини што ги наведив јас? Мислиш ли дека ОМО Илинден-Пирин ќе кажат некогаш „Вие не сте Бугари“?
Ако пак Радко е забранета од неоправдани причини, тогаш тој е удар на демократијата, но не гледам ЕУ кои се про-демократија да зборуваат за Радко нешто? Зошто ЕУ не зборува на таа тема?