Ок, имаме сличен проблем у фамилија, а има примено крв као бебе па сакав некако да ги поврзам овие две работи.
Имаме пробано со многу препарати и со биоптрон лампа и одено на дерматолог (кој и не се прекрши за да помогне осим што спомна дека како причина е можен стрес)...некако со малку успех. Сега последно што пробуваме е една крема бионет (чини околу 800-900 денари) која се користи и за други намени. Да видиме, ако има добри резултати, ќе ви постирам овде...ако не, ќе пробаме друга опција, предлог од една колешка форумџика...но прво да видиме со ова што бива па ќе ве известам штом нешто тргне на подобро (вчера почнавме).
Едно нешто што причитав и го применивме е "тоник" од босилок -едно 15 тина минути потопени ливчиња од босилок (кој може да се пие и како чај) и со течноста се премачкува како со било кој тоник...осети подобрување, не големо, но прекратко е времето за да кажеме кои би биле резултатите. Оваа течност барем не кошта ништо, а после пола месец до месец (со извесни диети) барем синот осети мало подобрување.