Ген.Стојановски можел да проба да се извлече - но нека каже некој технички кога и како?
Прво бил капетан и како таков тешко можел да се шета па и во цивилка,а да никој не го препознае, додека бил во касарна, пред да биде пратен на фронт, а ќе се сложите и сам незнаел како ќе се развиваат настаните. Сепак до летото 1991 нема посериозни борби, а ЕУ прави некој план да се смири ситуацијата, а и во Хрваткса сеуште се пола пола дали да прифатат војна со ЈНА или нешто да почнат да преговараат за Книнска Краина и Славонија.
Единицата на Стојановски , како дел од Гардијската Бригада на ЈНА (не заборавајте тоа е наследната единица што го пазела Тито) е пратена на фронт некаде кон крај на август.
Во тие моменти Стојановски не знаел што ќе биде точно понатаму како вероватно и самиот Кадијевиќ т.е дека ќе се ебаваат со Вуковар 3 месеци а појаки биле некаде во однос 1:10 како во луѓе така и во оружје.
Одкако бил распореден на теренот, чисто за информација голем дел од четничките банди се наоѓаат позади единиците на ЈНА како „контрола на квалитетот“. И сега што може еден шупак Македонец, а кој сигурно бил под надзор поради дискутабилна националност.
Да се предаде на ЗНГ или МУП на ХР - старешина е , ризично е на кого ќе налета на Хрватска страна , а и како ќе стигне до таму, целиот терен е полн со снајпери и мини и е лош за пробивање.
Да ја напушти единицата и да бега назад во Србија??? До каде би успеал да побегне - до Унгарија или до Романија - нема теорије.
Не е иста споредбата со Боцинов - тој беше командант на Лора и како таков наредбите ги издава или не од канцеларија. И по чин беше вицеАдмирал мислам сум подзаборавил, што секако бар е некаков гарант дека нема одма да го стрелаат, туку ќе има процес, што не е случај со шупак капетан, испратен на најжесток фронт.
Е сега тука има теорија дека Стојановски во тие моменти и ја држел линијата на ЈНА дека Вуковар треба да се „ослободи“, што не би ме чудело за тој период, но дајте тоа е распад на еден систем во најцрно сценариов и никој не е паметен што е во тој момент исправно како став да го завземе.