Брсјаци

Дискусија во форумот 'Градови и села' започната од Arthokk Lionheart, 10 септември 2015.

  1. IceIcko

    IceIcko

    Член од:
    8 август 2018
    Мислења:
    6
    Допаѓања:
    1
    Одлично :)
    Ако од машка страна. Татко ти, дедо ти.... Се сметале Брсјаци тестирај се на тестот обавезно. Ќе знаеш која хаплогрупа си.
    Јас платив 100 евра и се покажа дека моите предци дојдени се помегу првите во Европа а денес се малку. Највеќе со мојата хаплогрупа има во денешна Германија :)
     
  2. Dexter26

    Dexter26

    Член од:
    24 април 2008
    Мислења:
    7.902
    Допаѓања:
    6.853
    Цела фамилија на татко ми - и од страна на неговиот татко и од страна на неговата мајка - потекнува од Струшка Малесија.

    Пред нешто повеќе од 15 години ангажиравме тапетар кој тапацира мебел за да ни поправи стар кревет - ни го врати како нов. Подоцна откако се спријателивме со човекот, откривме дека и тој потекнува од Струшка Малесија, а од пред некоја година откривме дури и дека сме роднини - политички роднини, но сепак роднини. :)

    Никогаш не знаеш какви изненадувања ќе ти приреди животот.
     
  3. Kaiser

    Kaiser Hidden Fortress

    Член од:
    6 мај 2011
    Мислења:
    3.152
    Допаѓања:
    2.356
    Кој тест го правеше и дали си задоволен од резултатите, колку се детални?
     
  4. IceIcko

    IceIcko

    Член од:
    8 август 2018
    Мислења:
    6
    Допаѓања:
    1
    Y-DNA тест се прави на 12 маркери. Тестот уште може да се направи и е бесплатен!
     
  5. Kaiser

    Kaiser Hidden Fortress

    Член од:
    6 мај 2011
    Мислења:
    3.152
    Допаѓања:
    2.356
    Ме интересира која фирма го прави и дали лоцира географско потекло?
     
  6. IceIcko

    IceIcko

    Член од:
    8 август 2018
    Мислења:
    6
    Допаѓања:
    1
    Точно географско потекло никој не може да ти даде.
    На тој тест може да ти дадат хаплогрупа па според хаплогрупата можеш да си видиш географско потекло.
    На пример ја направив ДНА тест преку https://www.familytreedna.com/sign-in?ReturnUrl=/my/download-files.aspx?Type=YDNA
    Добив хаплогрупа но тоа ме чинеше 100 евра. Резултатите на 12 маркери ми се совпаѓаат со некој Бугар и Германец. Толку тестирани во базата нивна се совпаѓаат со мене.
    За повеќе инфо околу мојата хаплогрупа на Балкан се обратив кај дечките од порекло.рс кои одлично ги познаваат и истражуваат генетските врски на Балкан.
    Изненаден сум позитивно од нив. Тие водат нивна ''балканска база'' па затоа познаваат како и која хаплогрупата е дојдена на овие простори.
    --- Споено дупло мислење, 14 август 2018 ---
    Која фирма?
    Poreklo.rs истражувањето го прави мислам дека преку државниот институт во Белград.
    Сепак можеш да ги прашаш.
     
    Последно уредено: 14 август 2018
    На Kaiser му/ѝ се допаѓа ова.
  7. stiv_milanezot

    stiv_milanezot

    Член од:
    13 јануари 2015
    Мислења:
    606
    Допаѓања:
    471
    @Dexter26 бидејќи си од Малесија ме интересира дали си ја читал книгата на Бранислав Русиќ за Струшка Малесија?ако да да ми кажеш како може да ја најдам?
     
  8. Dexter26

    Dexter26

    Член од:
    24 април 2008
    Мислења:
    7.902
    Допаѓања:
    6.853
    Не, немам читано ништо за родниот крај.
     
  9. Zdravkovskii

    Zdravkovskii

    Член од:
    22 јули 2010
    Мислења:
    15
    Допаѓања:
    1
    Луѓе, дали некој ќе сака да ми препорача книги (и кај можам да ги најдам) нешто повеќе за Брсјаците, Словените во 7ми век и првата склавинија во Македонија ?

    Сакам да направам краток филм.
     
  10. stiv_milanezot

    stiv_milanezot

    Член од:
    13 јануари 2015
    Мислења:
    606
    Допаѓања:
    471
    Според јас тоа што го знам, Брсјаците/Берзитите се доселени во Македонија од тромеѓето на Полска, Германија и Чешка, и речиси цела западна Македонија ја имаат населено, тоа може да се види и по тоа што населението од западна Македонија поприлично се разликува од населението во источна, северна и југоисточна Македонија, по говорот, носиите и многу други особености. Според некои претпоставки и таткото на цар Самуил по потекло е од Берзитите/Брсјаците. Подетално за Брсјаците има пишувано Тома Смиљаниќ, меѓутоа во тие негови истражувања Брсјаците ги има заведено како српско племе, што никако неможе да е точно, али ок е да се прочита. Ја имав порано симнато, и прочитано али ја избришав, па кога ќе ја најдам ќе пробам да ја постирам овде.
    --- Споено дупло мислење, 13 декември 2018 ---
    48168182_1053228001551435_3051318232217550848_n.png 48077910_297172274239961_8799444518333054976_n.png 48358981_2348428738532564_8210461964971802624_n.png 48064261_596854867441164_7369491648834699264_n.png
    --- Споено дупло мислење, 13 декември 2018 ---
    48273066_344175483045267_4503572066565357568_n.png 48234043_2224879327730509_6873501949249978368_n.png 48365001_388165448422953_450100022726361088_n.png 48195654_209382243280866_5570890139908964352_n.png 48333194_523126934763858_6276965179775254528_n.png 48333194_523126934763858_6276965179775254528_n.png 48357307_574361639681197_2545221684311359488_n.png 48207455_344805976316003_5440819211423186944_n.png
     
    Последно уредено: 13 декември 2018
    На Zdravkovskii му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели преку: