Брсјаци

Член од
7 ноември 2014
Мислења
444
Поени од реакции
1.007
Видов дека има тема отворена за Мијаци,па реков редно е една и за нас Брсјаците :)

На кратко опис,околу кои се,што се и од каде се Брсјаците

Брсјаците се сметаат за едно од осумте македонските племиња (Берзити, Смољани, Струмјани, Драговити, Сагудати, Ринхини, Велегизити и Венити) кои ја населуваат територијата на Македонија. Тие се поврзуваат со средновековно племе Верзити или Берзити.
За прв пат се спомнуваат во "Чудата на Свети Димитрија" при опсадата на Солун
Баварскиот географ Баварус од 9 век забележал дека Берзитите / Верзитите живееле на територијата на денешна источна Германија, западна Чешка и југозападна Полска

Интересно е тоа дека во 9 век Берзитите сеуште постоеле како посебен етнос на тие простори и држеле под себе 10 градови.

Денеска брсјачи места се сметаат особено Кичевско,Охридско,делови од Прилепско и Велешко.
Тие како посебно племе на овие простори се одликувале со свој говор,облека и обичаи.
За жал во последниот век речиси да нема ништо од тоа племенство(за разлика од дел од Мијаците кои задржале некои одлики)
Токму овие Мијаци биле "ривали" на овие простори на Брсјаците.Мијаците се сметале за мудри и побожни,а другиве за воинствени и тврдоглави.

Ова беше само мал вовед,сигурно има луѓе кои знаат многу повеќе за ова племе,па нека споделат.Така да,соплеменици навалете :D
Инаку јас сум пола Брсјак,од на мајка ми страната се од брсјачко село од Кичевско :)
 
Последно уредено:
Член од
31 јануари 2014
Мислења
5.169
Поени од реакции
2.272
Значи имало и други луѓе со брсјачко потекло кои слушале приказни од родителите за брз-јак, брсјаците:)
 
Член од
7 ноември 2014
Мислења
444
Поени од реакции
1.007
Значи имало и други луѓе со брсјачко потекло кои слушале приказни од родителите за брз-јак, брсјаците:)
Според мене,многу се занемарува овој дел од македонскиот народ и историја.Дел од незаинтересираност но и дел од фактот дека племенските особини особено во 20 век ги немало,а со тоа брсјаците до одреден степен престанале да се одликуваат со посебност на овие простори
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.506
Поени од реакции
11.570
...

Денеска брсјачи места се сметаат особено Кичевско,Охридско,делови од Прилепско и Велешко.

...
Заборави да ја спомнеш Струшка Малесија - 'Ржаново, Локов, Присовјани, Збажди... - од таму потекнуваат татко ми и неговото семејство, вклучувајќи го и Симон Трпчески и неговото семејство - го имаше пред некоја година во село Збажди на одбележување на Успение на Пресвета Богородица.

Ја имам видео снимката на DVD диск, но или немам време, или не ми текнува да ја копирам и да ја закачам на YouTube.

Еве друг документарец во 3 дела за селата во Струшка Малесија, во првиот дел може да се види Симон Трпчески на прослава на Успение на Пресвета Богородица, а го спомнуваат и кон крајот на видео клипот.

Последно уредено:

Ѓорче 1932

тој сум...
Член од
17 февруари 2009
Мислења
13.564
Поени од реакции
11.576
Брсјачката буна со седиште во Демир Хисар од каде што имам многу роднини :)

П.С Нека отвори некој тема за село Папрадиште.Бев пред некое време таму и се заљубив во селото.Прекрасно и мирно место исполнето со природа,одвај чекам пак да отидам,овој пат на Јакупица ќе се искачам,викаат многу е убав погледот од таму.
 
Интересна работа за Папрадиште,заедно со Ореше се единствени мијачки села во овој регион :)
Навистина убаво село
 
Ѓорче 1932

тој сум...
Член од
17 февруари 2009
Мислења
13.564
Поени од реакции
11.576
Интересна работа за Папрадиште,заедно со Ореше се единствени мијачки села во овој регион :)
Навистина убаво село

Папрадиште како што имам слушано муабети е формирано со дојденци од Лазарополе,луѓето што бегале од качачките банди од Лазарополе дошле на место преполно со папрат и Папрадиште името од таму го добило.
Ова според некои кажувања.

Има и песна за Папрадиште

Член од
7 ноември 2011
Мислења
2.966
Поени од реакции
3.681
Каков е овој ерес на форумов? Какви Брсјаци какви Мијаци какви бакрачи, се е тоа комунистичка конструкција и светски заговор за уништување на Македонецот.... па нели сме потомци на Цандо Големиот а не таму на некои словенски племиња? Каде сте бре патриоти да не одбраните од вакви фалсификатори на историјата кои се излажани од родителите, бабите и дедовците дека се Мијаци, Брсјаци и што ти не друго.... Ааа за вакви само повикување на информативен разговор во полиција!
 
Mr.Bear

"The prince of darkness is a gentleman!"
Член од
14 декември 2010
Мислења
128
Поени од реакции
118
Брсјаците се сметаат за едно од осумте македонските племиња (Берзити, Смољани, Струмјани, Драговити, Сагудати, Ринхини, Велегизити и Венити) кои ја населуваат територијата на Македонија.
Токму овие Мијаци биле "ривали" на овие простори на Брсјаците.Мијаците се сметале за мудри и побожни,а другиве за воинствени и тврдоглави.
Вака можеш да подгрееш интерес на темава. Барај извори за Брсјак-кагето. :duel:
 
Член од
3 јуни 2013
Мислења
1.944
Поени од реакции
1.192
Знам дека не е тема за тоа,ама веќе кога се спомнуваат словенските племиња,стално сум се прашувал дали Которците се посебно племе од Шопите или помеѓу нив постои некоја минимална разлика?
 
Член од
7 ноември 2014
Мислења
444
Поени од реакции
1.007
Брсјаците(Берзитите)ззаедно со домородното македонско население формирале во 7 век Склавинија т.е. кнежевство. Како една од најголемите склавинии (кнежевства), БЕРЗИТИЈА прераснала и во средновековна држава.
Во одредени периоди таа плаќала данок на Бугарија и Византија,но не била дел од нив,ниту под нивна контрола.
 
Член од
29 јуни 2016
Мислења
1
Поени од реакции
0
Каков е овој ерес на форумов? Какви Брсјаци какви Мијаци какви бакрачи, се е тоа комунистичка конструкција и светски заговор за уништување на Македонецот.... па нели сме потомци на Цандо Големиот а не таму на некои словенски племиња? Каде сте бре патриоти да не одбраните од вакви фалсификатори на историјата кои се излажани од родителите, бабите и дедовците дека се Мијаци, Брсјаци и што ти не друго.... Ааа за вакви само повикување на информативен разговор во полиција!
Извини "Антички Македонецу"
Ако не си ги знаеш корените не мора да им кажуваш на другите што се или што не се.
Чиста раса не постои никаде на светов ;)
 
Член од
8 август 2018
Мислења
6
Поени од реакции
1
Здраво дечки.
Да ви посочам само дека сите кои што се сметате за потомци на Брсјаци можете да направите бесплатен ДНК тест.
https://www.poreklo.rs/2018/08/06/testiranje-rodova-iz-plemena-brsjaka-i-mijaka-u-makedoniji/
На линкот имате адреса на која можете да се пријавите. За повеќе инфо пишете тука или ПМ
 
Наводно Брсјаците/Берзитите потекнувале од териториите на денешна источна Германија, западна Полска и Чешка. Оваа приказна ја имам изнаслушано цел живот од татко ми, кој потекнува од Струшка Малесија - населена од луѓе кои наводно се потомци на Брсјаците/Берзитите, и од баба ми - мајката на татко ми, но никогаш не и` обрнував сериозно внимание.

Тоа се промени откако пред неколку години моја прва братучедка - ќерка на сестра на татко ми, го однесе синот на генетичко тестирање за да откријат зошто е` слабокрвен. И јас бев слабокрвен кога бев мал. Како и да е`, генетичката анализа откри дека момчето има гени слични на гените на народите кои живееле/живеат во денешна источна Германија, западна Полска и Чешка.

Така да, можеби приказната не е само приказна. :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom