Не би можела толку лесно да се одлучам, бидејќи различен хумор обработуваат сериите од двете земји. Британските серии најчесто обработуваат политички хумор, за нивното Кралство, државни односи и слични работи, додека американските серии се полни со случки од секојдневниот живот. Сега треба да распределиме самите кој хумор не` засмејува повеќе, дали британскиот или американскиот.
Смешни ми се двата вида на комедии, има многу добри серии и од двете страни, но за нијанса посмешни ми се британските серии, затоа што со помалку буџет и помалку познати актери прават навистина комични серии како "Only fools and horses" и "'Allo 'Allo".