Crazy in Love
Here's looking at you kid.
- Член од
- 25 јануари 2007
- Мислења
- 23.859
- Поени од реакции
- 25.413
Динамиката на животот во современото општество е дефинитивно забрзана. Луѓето се повеќе се гледаат како роботи кои треба да донесат профит, а тој притисок ги тера да се посветуваат само на работата и брзо да живеат. Поминувајќи низ тој процес, луѓето губат контакт со самите себе, со околината, а богами и со нивните приоритети. Доколку запрашате некого кои се неговите приоритети, ќе ви ги каже одма, но дали навистина тие приоритети одат по тој редослед? Едноставно површноста на човекот е секогаш присутна, не само сега, туку отсекогаш. Проблемот настанува со тоа што, површноста ја гуши суштината, а тоа оди во прилог на конформноста во која запаѓаат луѓето. Линија на помал отпор едноставно. Размислувањата одат во насока на зошто да се замарам и да навлагам подлабоко во анализи, кога губам време? За мене, тоа е жално и не смее да биде така, затоа што човекот без анализа и длабоко осознавање на самиот себе, а со тоа и на неговите приоритети никогаш нема да излезе од просечноста и плиткоста на општественото опкружување.
Но, тука сепак не би го обвинила општеството, напротив го обвинувам човекот. Луѓето го градат општеството, а потоа општеството донекаде влијае на поединецот. Едноставно луѓето самите се виновни за ситуацијата во кое се наоѓа денешниот свет. Постојано има критики за тоа каков е светот денес. Сите кои ги познавам го критикуваат општеството во кое живеат и на интернет има милион колумни, па и книги за несовршеноста на општеството, но сепак ништо не се менува. Сите незадоволни, а статус кво позицијата останува. Кој е крив за тоа? Апатијата на луѓето. Луѓето. Тоа е тоа. Сите одат по линија на помал отпор.
Површноста во животот е најлесна, ама некогаш леснотијата на таквиот живот е едноставно неподнослива.