Можеби го напиша ова како пример, но не е исклучиво токму тоа да е твојата причина за таков избор. Ако размислиме околу пријателските врски, ќе приметиме дека низ годините сме изгубиле многу од нив, но и многу нови сме создале, што доведува до заклучок дека пријателите се минливи исто толку колку што се минливи нашите приоритети во животот и нивната зависност од околностите. Секако, имаме два-тројца пријатели кои се тука цел живот, но останатите се менуваат, па затоа ние сами треба да си одлучиме за своите приоритети. Освен тоа, ако како што спомна во примерот „пријателите по секоја цена се тука за тебе без разлика на сѐ“ тогаш не би требало да се грижиш дали ќе им се смачи од тебе или не. Секако, ова го земаме само хипотетички.
Од друга страна, доколку твојата динамика дозволува време за когнитивно размислување, ти всушност го изолираш сајд ефектот (објаснет во зачнување на темата), па всушност правиш микс кој тешко се контролира, но сепак можно. И тоа е сосема во ред, и убаво
Јас повеќе се фокусирав на динамичноста во која дома доаѓаш само на спиење, а остнатото време го трошиш на работа и со пријатели (не многу блиски пријатели). Јас последниов месец го истрошив токму така, вчера прв пат (после цел месец) седнав на интернет за подолго, а пред тоа пишував блог постови секој втор ден..