Брзо живеење: Да/Не

outTake

Psychonautic
Член од
2 септември 2009
Мислења
140
Поени од реакции
118
Светот свети, луѓето живеат. Кој како наумил, знаел, сакал, или па и не сакал а морал. Сите го мислат најдоброто за себе, освен декадентните, тие го мислат најдоброто за сите. Функционирањето на сите луѓе заедно зависи од самите нив т.е. нивната умисла за правилноста на живеењето, но никој од нив не е целосно сигурен во тоа. Кои се приоритетите? И треба ли да се менуваат според околностите?

Задржување на својственоста (духовноста, идентитетот) во текот на живеењето е премногу тешка обрска, освен тоа, често се покажува и како непотребна. Луѓето се навикнуваат на брз и обврзан живот со прекумерно работно време и прекумерна социјализација, а тоа ги прави помалку духовни и повеќе слични едни со други бидејќи социјализацијата не е ништо друго освен копирање и вградување повторливи и едноставни навики.

Дилемата која ме натера да размислувам околу ова, е муабетот со една другарка која ми даде интересна причина за претварање на луѓето во несвесни, површни и брзи живеачи. Причината беше дека тие всушност уживаат во тоа. Едноставно, но и доста издржливо. Двоумислата ми е: дали е вредно да се продава едното за другото?

.
 
Red Cat

The thinker
Член од
28 мај 2011
Мислења
18
Поени од реакции
9
Секако дека не вреди, ама тоа општеството ни го налага, сакале ние или не. Секој би сакал да биде успешен, да има добра професија и висок доход, и за да се стигне до таа цел мора нешто да се ризикува, за жал.:unsure:
 
outTake

Psychonautic
Член од
2 септември 2009
Мислења
140
Поени од реакции
118
Red, дали навистина не вреди? Разгледај ја причината - тие уживаат во тоа. Зошто би било погрешно нешто во кое се ужива и единственото што се дава за возврат (или како сајд ефект, да речеме) е изгубениот идентитет, свесноста, длабочината, духовноста. Зар не е уживањето приоритет?

Освен тоа, сакале или не, ние кон тоа се стремиме без да знаеме. Како што спомна, тоа е патеката кон „успехот“. Единствено декадентните се спротиставуваат на ова (тука се писателите, поетите и тн.). Една моја пријателка ќе речеше дека миксот од двата начина на живот е најдобар потег и дека повеќето токму тоа го практикуваат. Но како то спомнав горе, тоа е несомнено тешка обврска бидејќи ние умееме да се претопиме во едното без наше знаење односно свесност за тоа. Затоа, се сомневам дека е баш така..

Види, според мене не вреди. Јас сум таква личност што рутината ми создава огромен притисок, сакам голема слобода, и сакам различни нешта секојдневно. Некои луѓе можеби се задоволни и со повторувањето на навиките, мислам дека тоа е индивидуално и зависи од личноста.
 
Член од
13 август 2008
Мислења
1.145
Поени од реакции
893

Брзиот живот не дозволува да се промислат одредени одлуки. Кога нема стоп односно нема простор да се промислат тие одлуки, уште помалку постои простор да се надоградува или продлабочува духовноста на единката во општеството. Затоа постојат многу копирања. Копија на однесување, на пристапување во ситуации, на говорење, начин на јадење и милион такви ситници кои ја прават самата единка.
Затоа кога ќе налетаме на нешто ново, почетокот е интересен, односно личноста, дур не ја "исцедиме", па продолжуваме понатаму. Ќе наидеме на слична личност како првата, па на таа ќе најдеме копија итн итн.... Затворен круг.
 
Red Cat

The thinker
Член од
28 мај 2011
Мислења
18
Поени од реакции
9
Искрено, најмногу што ме плаши со човечноста, е да не се претвориме во несвесни "роботи".
 
outTake

Psychonautic
Член од
2 септември 2009
Мислења
140
Поени од реакции
118
Види, според мене не вреди. Јас сум таква личност што рутината ми создава огромен притисок, сакам голема слобода, и сакам различни нешта секојдневно. Некои луѓе можеби се задоволни и со повторувањето на навиките, мислам дека тоа е индивидуално и зависи од личноста.
Таков сум и јас.. Можеби затоа ме зафати размислување на темава.
edit: дап, и мене ми е страв од несвесност, затоа сум (премногу) љубопитен за сѐ(не)што..

________
Брзиот живот не дозволува да се промислат одредени одлуки. Кога нема стоп односно нема простор да се промислат тие одлуки, уште помалку постои простор да се надоградува или продлабочува духовноста на единката во општеството. Затоа постојат многу копирања. Копија на однесување, на пристапување во ситуации, на говорење, начин на јадење и милион такви ситници кои ја прават самата единка.
Затоа кога ќе налетаме на нешто ново, почетокот е интересен, односно личноста, дур не ја "исцедиме", па продолжуваме понатаму. Ќе наидеме на слична личност како првата, па на таа ќе најдеме копија итн итн.... Затворен круг.
Точно, убаво ја објасни појавата т.е. причината за производот од прекумерна социјализација. Но офтопик е сепак :p Ај пак да размислиме: луѓето уживаат во тоа, зар (наспроти тоа) е битно што е затворен круг?
 
Член од
13 август 2008
Мислења
1.145
Поени од реакции
893
Таков сум и јас.. Можеби затоа ме зафати размислување на темава.

________

Точно, убаво ја објасни појавата т.е. причината за производот од прекумерна социјализација. Но офтопик е сепак :p Ај пак да размислиме: луѓето уживаат во тоа, зар (наспроти тоа) е битно што е затворен круг?
Што те тера да мислиш дека уживаат? Од каде заклучоков прво?
 
Член од
23 август 2010
Мислења
137
Поени од реакции
15
Секако дека луѓето уживаат во тоа, бидејки тек сега (последниов век или два) слободното мислење почна драстично да се развива. Но да се свртиме назад, со милениуми наназад луѓето исто како да не ни живееле, односно живееле како ќе им било наредено, тоа започнува од робовладетелство па се до комунизам, што значи дека тоа ни е врежано во гените, самото човештво е навикнато на тоа.

И да, паметна била твојата пријателка, најубаво е да се најде баланс, кој ќе успее во тоа ќе биде среќен. Тука во македонија, па и на балканот, баш така се живее, луѓето постојано се жалат дека ништо не им чини (имаат премногу слободно време па од што неможат како да го искористат почнуваат со жалење) но покрај тоа си живеат убаво, имаат многу слободно време за социјализирање, ништо посебно не им фали.
:)
 
outTake

Psychonautic
Член од
2 септември 2009
Мислења
140
Поени од реакции
118
Што те тера да мислиш дека уживаат? Од каде заклучоков прво?
Едноставно е, штом го прават тоа своеволно, значи дека го сакаат. Освен тоа и од свое искуство знам. Ти не си пробал/а?
____________

Многу „ѝ падна мило“ на мојата пријателка поради пофалбата :)))
Инаку за балканов, што знам, мислам дека во последнава година драстично се промени оваа состојба, премногу брзо се ориентираме кон западните начини на живот.. Штом се привикнеш еднаш, потоа потсвесно само усовршуваш брзина и сѐ е несвесно и фино, додека не закочиш негде и ти текне како си изгубил толку години несвесно.. како феноменот со „куча-посо“ :D
 
Член од
13 август 2008
Мислења
1.145
Поени од реакции
893
Едноставно е, штом го прават тоа своеволно, значи дека го сакаат. Освен тоа и од свое искуство знам. Ти не си пробал/а?
Сум пробала и не сум уживала. Затоа ме чуди твојот заклучок, но веројатно генерализираш па затоа си го донел истиот.
 
outTake

Psychonautic
Член од
2 септември 2009
Мислења
140
Поени од реакции
118
Сум пробала и не сум уживала. Затоа ме чуди твојот заклучок, но веројатно генерализираш па затоа си го донел истиот.
И јас спомнав дека не ми се допаѓа баш, но на кругот на луѓе со кои сум бил тогаш, прилично фино им годи тоа, а и сме муабетеле на темата со нив. Веројатно е прашање индивидуалноста, некој кој е склон на дискутирање по форум како нас, многу е веројатно дека губи повеќе време размислувајќи и анализирајќи околу суштинските нешта, отколку за реална социјализација по кафичи и слични ствари.. Но факт е дека поголем број се оние вторите, и мислам дека им е доста поедноставно живеењето, а со тоа и задоволно.
 
Член од
13 август 2008
Мислења
1.145
Поени од реакции
893
И јас спомнав дека не ми се допаѓа баш, но кругот на луѓе со кои сум бил тогаш, прилично фино им годи тоа, а и сме муабетеле на темата со нив. Веројатно е прашање индивидуалноста, некој кој е склон на дискутирање по форум како нас, многу е веројатно дека губи повеќе време размислувајќи и анализирајќи околу суштинските нешта, отколку за реална социјализација по кафичи и слични ствари.. Но факт е дека поголем број се оние вторите, и мислам дека им доста поедноставно живеењето, а со тоа и задоволно.
Не е тешко да се претопиш.
Постојат периоди каде е потребна таа социјализација по кафичи на одреден подолг период, но презаситува. Барем кај мене е така. Откако ќе презасити, се враќаш на суштинското. Ти велиш губење на време е, според мене воопшто не е. :)
Ги средуваш впечатоците кои си ги добил од таа социјализација, ги анализираш и складираш за понатаму кога ќе дојде време да се навратиш на "реалноста", да ги искористиш.
Ако си роб на рутината тогаш ќе одбереш од овие две социјализации и ќе фунционираш според едната само.
 
outTake

Psychonautic
Член од
2 септември 2009
Мислења
140
Поени од реакции
118
Не е тешко да се претопиш.
Постојат периоди каде е потребна таа социјализација по кафичи на одреден подолг период, но презаситува. Барем кај мене е така. Откако ќе презасити, се враќаш на суштинското. Ти велиш губење на време е, според мене воопшто не е. :)
Ги средуваш впечатоците кои си ги добил од таа социјализација, ги анализираш и складираш за понатаму кога ќе дојде време да се навратиш на "реалноста", да ги искористиш.
Ако си роб на рутината тогаш ќе одбереш од овие две социјализации и ќе фунционираш според едната само.
Точно, се сложувам. Освен што „губењето време“ беше во друг контекст погоре, за цел живот, а не за периоди. Всушност сѐ е само период, затоа и никогаш не е доцна, ако умееш да го складираш и анализираш преживеаното и се присетиш на идентитетот, духовноста, својственоста која ти е само твоја :)
 
Член од
13 август 2008
Мислења
1.145
Поени од реакции
893
Точно, се сложувам. Освен што „губењето време“ беше во друг контекст погоре, за цел живот, а не за периоди. Всушност сѐ е само период, затоа и никогаш не е доцна, ако умееш да го складираш и анализираш преживеаното и се присетиш на идентитетот, духовноста, својственоста која ти е само твоја :)
Па затоа и претпоставив дека генерализираш затоа што повеќето се робови на сопствената навика. :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom