outTake
Psychonautic
- Член од
- 2 септември 2009
- Мислења
- 140
- Поени од реакции
- 118
Светот свети, луѓето живеат. Кој како наумил, знаел, сакал, или па и не сакал а морал. Сите го мислат најдоброто за себе, освен декадентните, тие го мислат најдоброто за сите. Функционирањето на сите луѓе заедно зависи од самите нив т.е. нивната умисла за правилноста на живеењето, но никој од нив не е целосно сигурен во тоа. Кои се приоритетите? И треба ли да се менуваат според околностите?
Задржување на својственоста (духовноста, идентитетот) во текот на живеењето е премногу тешка обрска, освен тоа, често се покажува и како непотребна. Луѓето се навикнуваат на брз и обврзан живот со прекумерно работно време и прекумерна социјализација, а тоа ги прави помалку духовни и повеќе слични едни со други бидејќи социјализацијата не е ништо друго освен копирање и вградување повторливи и едноставни навики.
Дилемата која ме натера да размислувам околу ова, е муабетот со една другарка која ми даде интересна причина за претварање на луѓето во несвесни, површни и брзи живеачи. Причината беше дека тие всушност уживаат во тоа. Едноставно, но и доста издржливо. Двоумислата ми е: дали е вредно да се продава едното за другото?
.