Бојан Велевски - Upside Down Comedy

Член од
13 март 2011
Мислења
2.277
Поени од реакции
1.989
Многу ми глуми некако, и фаците шо ги прави се глума.
Според мене треба да прави пореални фаци.
 
Член од
26 април 2006
Мислења
13.024
Поени од реакции
1.940
Глумците во Македонија го открија јутјуб? :)

Океј е шознам :) Нека се рекламира може ќе го земат да глум негде сериозно
 
Таруно

Еким
Член од
9 јуни 2010
Мислења
2.610
Поени од реакции
2.505
Бојан ќе има стенд ап настап овој четврток во Џубокс, а јас ќе му бидам гостин. Така да ко воли нек изволи.

Ќе се обидеме да ве насмееме, а ако не ве насмееме, ќе ви дозволиме да го истепате менаџерот... и онака не ни дава пари. ;)
 
В

Вори

Гостин

Види,не дека иам нешто против ама ти го хејташ Марјан,а го поддржуваш и настапуваш со овој Ице од Наше Маало,кој според мене е тапа.
Скоро па копија на Марјан и до некаде охриѓанецот,има некој глуп хумор кој не верува дека некого успева да насмее.Барем не мене.

Само што го погледнав видеото за Американските филмови и се ми стана јасно.
 
Таруно

Еким
Член од
9 јуни 2010
Мислења
2.610
Поени од реакции
2.505
Види,не дека иам нешто против ама ти го хејташ Марјан,а го поддржуваш и настапуваш со овој Ице од Наше Маало,кој според мене е тапа.
Скоро па копија на Марјан и до некаде охриѓанецот,има некој глуп хумор кој не верува дека некого успева да насмее.Барем не мене.

Само што го погледнав видеото за Американските филмови и се ми стана јасно.
Секој има право на мислење. ;)

Го поддржувам и Охриѓанецот и Бојан, и двајцата ги имам видено во живо како настапуваат и ептен се добри...во живо. Марјан не сум го видел во живо, а видеата негови не ми се смешни. Толку едноставно.

Плус сите сме копија на некого. Колку и да сакаш да бидеш оргинален, пак ќе ти најдат нешто што наликува на некој друг. Тебе не ти велат дека си личиш на твоите !? ;)
 
Член од
21 август 2011
Мислења
5.064
Поени од реакции
5.665

Во живо верувам дека и Марјан ќе ти биде смешен, зш во живо многу работи влијаат, не е само до комичарот, сите околу тебе се насмеани, а некои се трескаат од земја, па и тебе ти доаѓа да се смееш покрај нив, па алкохолот си го прави своето, среќен си и расположен :D
 
Контрадикторен си по малку,затоа што кога излезе Марјан викавте дека го копирал Жаре,или пак некој друг.
Сега кога изникна овој,тогаш ми излегуваш со друг муабет.Нема врска.

Баш ме интересира како изгледа твој настап или твое видео,штом имаш толку зафркнати критериуми :)
 
Јас не сум рекол дека го копира Жаре. Ова ти е грешка. Некој друг ти рекол, па го лепиш тоа на мене. Дојди во четврток во Џубокс и ќе видиш. ;)
--- надополнето: 21 декември 2011 во 08:00 ---
Во живо верувам дека и Марјан ќе ти биде смешен, зш во живо многу работи влијаат, не е само до комичарот, сите околу тебе се насмеани, а некои се трескаат од земја, па и тебе ти доаѓа да се смееш покрај нив, па алкохолот си го прави своето, среќен си и расположен :D
Можеби... не велам не. Сеа за сеа клипчињата му се тапа, освен едно „Богати луѓе“, само тоа успеа да ме насмее колку толку.
 
S

smoki.smoki

Гостин
Ова му е последното видео и се истурив од смеење... се гледа дека е опуштен за разлика од казино и американски филмови. Сакам да речам дечково напредува, за разлика од Марјан кој е ист у секој ебан клип. Зирнете го ова и последното од Марјан и напрајте споредба. А ако АВТОБУСИ или ФЕЈСБУК не му се свиѓа на ниеден од вас, едно е јасно веднаш - ХЕЈТАТЕ!!! И тоа на велико! Сите сте јаки од дома, сите нешто сте подобри од се ново што ќе излезе, ама се гледа дека ви е криво што не сте на нечие место, па и вас да ве зборат вака по форуми. Иначе на последните две видеа дечково има над 500 like-ови и само 20 dislike-ови. Тоа ваљда кажува многу... ИЛИ НЕ??

http://www.youtube.com/watch?v=GkLUfNPq1Y8
 
Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.232

Не кажува. Зашто тоа што не ми се свиѓа - не го гледам. Како и повеќето.

И не мораш да не сакаш некој, зашто сакаш да бидеш на негово место. Јас не си сакам убијците па не сакам да сум на нивно место.
 
S

smoki.smoki

Гостин
Само што го погледнав видеото за Американските филмови и се ми стана јасно.[/quote]

Иако се гледа дека е доста стегнат во видеото, сепак хуморот во Американски филмови е на многу повисоко интелектуално ниво од видеата на било кој друг што пласира вакво нешто. Гледам Марјан нешто многу ти се свиѓа, ама тоа е разбирливо затоа што ако тоа ниво на хумор ти е јако, тогаш ова е далеку од она што ти можеш да го поднесеш. Во Американски Филмови, има многу иронија и сарказам која е искажана на многу суптилен начин, ама тоа е премногу за нашава публика, која ОЧИГЛЕДНО сака да се смее кога некој ги нарекува ГЛУПИ ЛУЃЕ или им ја навредува професијата во СТИЛОВИ и уше едно клипче не ми текнува кое беше.

Има настап утре и ќе одам, да го видам во живо, другарка една била минатата среда, многу се фалеше, па ќе видиме.
 
S

smoki.smoki

Гостин
^ Бојан, ти си !? :D
Женско сум иначе, ама нема везе, ќе ти бидам Бојан ако сакаш :DD
--- надополнето: 7 февруари 2012 во 13:52 ---
Ама ако си ко овој на сликава ќе бегаммммм!!! аххахахаа

--- надополнето: 7 февруари 2012 во 14:05 ---
Не кажува. Зашто тоа што не ми се свиѓа - не го гледам. Како и повеќето.

И не мораш да не сакаш некој, зашто сакаш да бидеш на негово место. Јас не си сакам убијците па не сакам да сум на нивно место.
Имаш поента, него муабетот ми беше дека ние како народ сме многу тешки, за да прифатиме нешто што е ново. Тоа сакав да кажам. Како и да е, јас пратам stand up од пред 10 год и знам колку е тешко да се работи тоа, па затоа излегов и со поддршка за дечково. Абе утре идам на настап (освен ако снегов не заебе работа) и ќе пишам шо како :)
 
Член од
16 февруари 2012
Мислења
7
Поени од реакции
0
Јас сега вака ќе ви кажам ... Најобјективно, му бев на Бојан на последниот настап на академска сцена и бев многу пријатно изненадена ... Настапот беше фантастичен ! Се направи неверојатна атмосфера, лугето се смееа,се превртуваа, аплаудираа... Баш беше профи ... Супер си поминавме ... Супер што полека се развива стенд уп и во Мк . И еден совет ја прочитав темава од почеток и само ќе кажам : секој нов што ке се појави не треба одма да го плукате, прво види што работи па после одлучете дали ви се свигја или не тоа си е ваше ... Во Америка има милион станд уп комицари, но кај нас некој чуден менталитет, изгледа само еден треба да има :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom