Борби со кучиња

Член од
22 декември 2011
Мислења
1.291
Поени од реакции
1.285
http://fokus.mk/fokus-express/voznemiruvachki-fotografii-krvavi-borbi-so-kuchin-a-na-sekoj-chekor-politsijata-molchi/

На снимките и на фотографиите кои до здруженијата за заштита на животните ги испратиле загрижени граѓани од тетовскиот регион кои случајно се нашле на местото, можат јасно да се видат лицата на оние кои се учесници во борбите. Но, за овој проблем во земјава упорно се молчи, бидејќи неофицијалните информации се дека во бизнисот се вмешани и ветеринари, функционери па дури и полициски припадници, под чие будно око се одвива борбата

Фокус 22 мар 2014, 23:09

Пред публика од стотици лица, крвави борби со кучиња се организираат на сите страни. Јавно, а без никаква реакција од полицијата, на социјалните мрежи кружат се повеќе фотографии и снимки од борбите со кучиња, снимени претежно во реонот на Тетово и на Струга.

Подолу можете да видите вознемирувачки фотографии од крвави борби со кучиња, кои под присила на газдите се вклучуваат во нелегалниот бизнис. Неретко едно од кучињата не успева да ја извојува борбата, а доколку повредите му се сериозни, се оди докрај, додека не умре.

Кладбите за борби со кучиња, иако забранети со Законот за заштита и благосостојба на животните, според информациите на „Фокус“, во Македонија се движат до 500 евра по борба, а честопати и повеќе.

Досега не е изречена ниту една казна од страна на полицијата за организирање борби со кучиња.

На снимките и на фотографиите кои до здруженијата за заштита на животните ги испратиле загрижени граѓани од тетовскиот регион кои случајно се нашле на местото, можат јасно да се видат лицата на оние кои се учесници во борбите. Но, за овој проблем во земјава упорно се молчи, бидејќи неофицијалните информации се дека во бизнисот се вмешани и ветеринари, функционери па дури и полициски припадници, под чие будно око се одвива борбата.

Здруженијата за заштита на животни во Македонија одамна апелираат за овој проблем. Ако претходно локациите на закажаните борби се држеа во најстрога тајност, сега тие се сосема јавни – се најавуваат на Фејсбук, а таму се одвиваат и кладбите. Но, за сето ова, упорно се молчи, иако подебелиот крај го влечат кучињата учесници во борбите – животните кои треба да важат за најдобар пријател на човекот, кој пак ги користи како начин за да заработи пари на незаконски начин.

М.Ј.

Доколку некој од вас го препознае кој е- еве ви и дополнителни фотографии-
1391996_582075815197086_1305622672_n.jpg 11222_768753039818111_267773901_n.jpg 1555316_799793123380769_37493342_n.jpg
 
Последно уредено од модератор:

perez9

расипано јајце
Член од
30 декември 2013
Мислења
1.041
Поени од реакции
990

Прегледај го приврзокот 87525Прегледај го приврзокот 87526Прегледај го приврзокот 87527
Ко нема то детето копилето негово да му го начека питбуло партал да му го напрај, таквите ко него треба да се убијат пред да положат јајца....
 
Член од
15 март 2013
Мислења
955
Поени од реакции
620
И после сме ги исполниле нормите за влез во Еу.А гледај какви психопати имаме во државава.Најтрагично е наместо да се казнат тие се наградуваат.:(
 
Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Зар до толку дебилен народ без чувства постои што му дошло едно куче да претвори во sвер, без да размисли на последиците кои ќе ги стекне неговото куче или пак да размисли на последиците кои неговото куче ќе ги нанесе на друго куче...

Јас сум целосно против ваквите гомна... непристојно, но ваквите луѓе не заслужуваат да бидат наречени луѓе, туку гомна... немаат чувства, а душата им смрди од лошотија.

Затоа според мене сите вакви луѓе кои им наштетуваат на кучињата треба да се пуштат на пола саат во еден кафез со лав, па да видат како е...
 
Член од
22 декември 2011
Мислења
1.291
Поени од реакции
1.285
Битен е фактот што сеуште постојат новинари на кои не им е страв да пишуваат за оваа проблематика. Како и да е, дата базата се полни со податоци за организатори и учесници. Кога-тогаш работата ќе мрдне од мртва точка.
 
Член од
25 февруари 2014
Мислења
41
Поени од реакции
32
Ужас.. одвратно, како можат така да прават? Еден дечко што ми се пушташе ми кажа дека ги носи кучињата на борба и му викам ало будало една ти нормален ли си? Како не ти е жал? Tи ако живееш таков живот, ако си навикнат на тепачки и тие работи не треба кучињата да ги носиш на борба итн. и он ми одговара ја повеќе немам чувства за тоа, моето омилено куче умре од старост во моите раце кога имав 12 години...
 
Дај име и презиме од дечкото?
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.312
Поени од реакции
29.776
Teхнички, ми изгледа дека видеово најприкладно е да го постирам тука:
:cautious:
 
Marchelo93

Дипломиран Џаболебар
Член од
10 јули 2011
Мислења
1.931
Поени од реакции
1.997
Џандарот му плеснал бокс,и го пуштил кучето од ланец.Нигерот реагирал инстинктивно во самоодбрана,што има овде за исмевање?:cautious:
 
Член од
23 јуни 2014
Мислења
241
Поени од реакции
130
На youtube има 10000000000000 видеа со борби, полицијата мудро си молчи. Многу пари се вртат во тој бизнис, се работи за суми од над 15000 еур по борба.
 
Член од
22 декември 2011
Мислења
1.291
Поени од реакции
1.285
На youtube има 10000000000000 видеа со борби, полицијата мудро си молчи. Многу пари се вртат во тој бизнис, се работи за суми од над 15000 еур по борба.
Па ќе молчи кога и е прљав газот. Знаеш ли на колку од тие видеа има и полиција? Гостивар на пример, кога се организираат борби со кучиња, стадионот (таму ги борат) им го обезбедува самата полиција... што да праат друго освен да молчат?
 
Последно уредено:
  • Ми се допаѓа
Reactions: Lu
Член од
9 јуни 2014
Мислења
6
Поени од реакции
2
Ужас.. одвратно, како можат така да прават? Еден дечко што ми се пушташе ми кажа дека ги носи кучињата на борба и му викам ало будало една ти нормален ли си? Како не ти е жал? Tи ако живееш таков живот, ако си навикнат на тепачки и тие работи не треба кучињата да ги носиш на борба итн. и он ми одговара ја повеќе немам чувства за тоа, моето омилено куче умре од старост во моите раце кога имав 12 години...
Јас не знам како не си го пријавила веднаш! Да видам или пак дознаам нешто такво одма би пријавила, а не па да ми е во близина...Најодвратното нешто се тие борби со кучиња дури и од самата помисла во исто време ми се плаче за тие невини суштества што се така измачувани и научени од газдите така да постапуваат, а од друга страна јас би ги обесила тие монструми што организираат такви грозоморни борби.

Па добро бе луѓе имате ли барем малку чувства?! Очигледно НЕ па уште кога ја видов сликата со дечково со бебе ми се згади. СТРАШНООО!! :mad:
 
Marchelo93

Дипломиран Џаболебар
Член од
10 јули 2011
Мислења
1.931
Поени од реакции
1.997
Озбилна си ти да го пријави?Ко прво ниедна борба со кучиња не се организира без амин на некое лице од МВР,пошо добиваат дел од кремот,рекет.Ништо чудно да и дојде друг ден тој дечкото на врата па да и прави проблеми.Мислиш нема да дознае кој го пријавил:Абе девојко ко црева се поврзани.Можете колку сакате во детективски филмови да влагате ама ваква е сликата насекаде во светот.Никад нема да се искорени оваа појава.Тук там ќе има по некоја казна апсење на некој баксуз колку да се рече еве има ред у државата али се е мачкање очи.
 
Papillon.Papi

Terrierist
Член од
15 јануари 2014
Мислења
764
Поени од реакции
795
Па ќе молчи кога и е прљав газот. Знаеш ли на колку од тие видеа има и полиција? Гостивар на пример, кога се организираат борби со кучиња, стадионот (таму ги борат) им го обезбедува самата полиција... што да праат друго освен да молчат?
Епа, тогаш и не ни треба полиција... сум искусила многу случки во кои полицијата не ми помогнала. Најлесно е да се биде полицаец... седиш на страна, гледаш како светот се руши и МОЛЧИШ, а парите доаѓаат, се лепат за тебе.. -.-
Кога некој македонски полицаец нашол и затворил некој криминалец? Едино ако некој граѓанин го најде криминалецот, да им помогне, самите тие не можат.
Знам дека сум мала за да дискутирам за вакви работи, ама ова е моето мислење за сега за полицијата во МВР. Тие за нас не гледаат камо ли за животните...
 
Член од
22 декември 2011
Мислења
1.291
Поени од реакции
1.285
Озбилна си ти да го пријави?Ко прво ниедна борба со кучиња не се организира без амин на некое лице од МВР,пошо добиваат дел од кремот,рекет.Ништо чудно да и дојде друг ден тој дечкото на врата па да и прави проблеми.Мислиш нема да дознае кој го пријавил:Абе девојко ко црева се поврзани.Можете колку сакате во детективски филмови да влагате ама ваква е сликата насекаде во светот.Никад нема да се искорени оваа појава.Тук там ќе има по некоја казна апсење на некој баксуз колку да се рече еве има ред у државата али се е мачкање очи.
Ќе се искорени. Ако никој не пријавува нема да се искорени. Ако некој се плаши да пријави некој што бори кучиња, секогаш може да се обрати до здруженијата за заштита- тие ќе пратат пријава. Ако никој не пријавува, не очекувајте нешто да се смени. Ама кога ќе се направат еден тон записници, кога ќе има еден тон пријави до АХВ, дел од нив мора да бидат разрешени! Не е се така црно како што изгледа. Можеби кај нас работава е катастрофа, но не значи дека треба да си спиеме на тоа уво и да не правиме ништо!
И да, де факто полиција е замешана, де факто дека големи пари се вртат... но не значи дека треба да се ќути на таа појава! Нив им треба стравот и ќутењето!

Еве ти кучка спасена од борби- ако овие очи заслужуваат да ќутиме- ондак не знам што да речам! Ќутење никогаш ништо не променило! 100_7251.JPG 100_7254.JPG 100_7256.JPG 10457918_272738389580872_4582676197938547516_n.jpg 10463024_272738472914197_4738700555351665224_n.jpg
 
Kajgana Shop

На врв Bottom