Борба против неконтролирана и безпричинска употреба на антибиотици!

Член од
27 септември 2008
Мислења
98
Поени од реакции
3
Мислам дека и јас и ти знаеш за што збориме само сакаш муабет да си направиме. Вируси и слични бактерии кои можат да се прележат без антибиотици не би требало да се опасност за човекот доколку истиот се храни правилно и води правилен живот. Заклучокот ми е дека понекогаш луѓето земаат антибиотици иако истите не им биле неопходни во моментот, односно болеста ја прележале заради нивниот одбрамбен систем, а мислеле дека е заради антибиотиците.
 

Elena F.Sinatra

Temper Tantrum
Член од
5 август 2008
Мислења
227
Поени од реакции
15
Мислам дека и јас и ти знаеш за што збориме само сакаш муабет да си направиме. Вируси и слични бактерии кои можат да се прележат без антибиотици не би требало да се опасност за човекот доколку истиот се храни правилно и води правилен живот.
Заклучокот ми е дека понекогаш луѓето земаат антибиотици иако истите не им биле неопходни во моментот, односно болеста ја прележале заради нивниот одбрамбен систем, а мислеле дека е заради антибиотиците.
За вирусите нема соодветен лек, што значи дека тука улога игра имуниот систем.
Бактериите кои припаѓаат во нормална флора, и оние кои не предзивикуваат болест, т.е егзистираат како сапрофити на кожата и слузокожата, или како коменсали - инфективни агенси кои во нормални услови од медицинска гледна точка се исто така непатогени.
Во некои случаи оваа асоцијација, е полезна за обете страни, на пример, одредени бактерии во дигестивниот тракт на човекот синтетизираат витамини (витамин К), учествуваат во метаболизмот на жолчните киселини, продуцираат бактерицидни супстанци итн...
Тематиката е за болестите кои навистина имаат потреба од антибиотици, а истите се злоупотребуваат од луѓето за вирози, настинки...
Да! Токму оваа заблуда, дека антибиотиците се делотворен лек за секоја болест, сакаме да ја искоренеме...
А форумот, е изгледа доста добар начин тоа да продре во јавноста поефективно.
Колку повеќе индивидуи, аналогно, колку поширок дел од популацијата, го сфати тоа,
толку поефикасна борба и во иднина, против одредени болести, кои сеуште се лекуваат успешно со овој вид на лекови!
 

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
Јас лично, избегнувам до максимум употреба на било какви лекови. Не практикувам ни употреба на витамински додатоци. При настинки, температури, не пијам ништо, ама буквално ништо. Го оставам организмот сам да се избори.

Сега недај боже, доколку ситуацијата стане посериозна, во крајни ситуации се решавам на употреба на антибиотик. Но, се трудам колку што е можно повеќе да ги избегнувам.

Има многу луѓе кои од веднаш за се и сешто ги кркаат. И не само антибиотици, туку секакви лекови. Малку го здоболела глава, или се накашлал, кивнал - бап апчињата. Таблетомани. Или параноици. Или хипохондрици.

Се разбира, не збориме за болести и ситуации во кои е нужен третман со соодветен антибиотик и за кои нема друго чаре. Но, треба да се знае кога треба да се употребуваат, а да се избегнува нивната употреба колку може повеќе.
 
Г

Гоццццце

Гостин
Па не знам колку ти е паметно да не пиеш ништо кога имаш температура..
 

bezobrazna

...Paste
Член од
7 август 2008
Мислења
440
Поени од реакции
27
Конечно со новиот закон ке се доведе во ред и оваа неконтролирана употреба на антибиотици!!! Редно беше мислам,инаку ништо веке немаше да делува кај лугево!:smir:
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.329
Поени од реакции
7.796
Јас лично имам многу лошо искуство со антибиотици(не велам дека не се добри и дека не помагаат)па така да ми се исфрлени од секаква употреба.
 
Член од
23 јануари 2009
Мислења
8
Поени од реакции
0
Идејата е одлична, само за да ја спроведат требаше да воведат прво бесплатно здравство или пак да ги намалат партиципациите и тоа многу, па сите ние кога ќе сме болни да не помислуваме прво на парите. Кога може да си дозволи, секој би се консултитал со лекар и сигурно не би зимал антибиотик на своја рака. :toe:
 

By Me

BLAH....
Член од
10 февруари 2008
Мислења
1.121
Поени од реакции
29
па еднашка кашлав 2-3 месеци, не кашлав многу него смао по малце и отидов на доктор ми даде апчиња таму некои, ги испив и пак продолжив со кашлање, па пак отидов и други апчиња ми даде и нив ги испив и пак не ми помина и мајка ми ми вика сега нема да одиш на доктор. Извади една кутија со апчиња ми даде некои апчиња да ги испијам ги испив и кашлањето помина. Па сега ако сум нешто малце болен нема да одам на доктор дека знам тоа што ке ми го даде мајка ми ке ми помине, а ако е нешто посериозно тогаш одам на доктор....
 
Член од
30 март 2008
Мислења
5
Поени од реакции
2
Сеуште не сум слушнал некој да умрел од настинка или затоа што не примил антибиотици за одредена болест, што значи за секоја болест што се лечи е потребно одмор и соодветна исхрана.
Aпсолутно неточно! Благодарение на антибиотиците многу луѓе доживеале старост, антибиотиците се едно од најважните откритија што му се случиле на човештвото.

Ако може едно прашање....
Која е разликата помеѓу Амоксиклав и Лидаприм ( освен во името )?
Јас кога последен пат бев на лекар..пред околу 5-6 години, ми препишаа Лидаприм, и тогаш го прочитав ливчето што оди со лекот, и во него пишуваше дека убива едно грамче - и грамче + бактерии...
:pos2::pos2::pos2:
Такво толкување за Gram (-) i Gram (+) читам прв пат.

Со википедиата не е нешто во ред, или со мене?..
Не верувам дека е до тебе, најверојатно е википедија :wink:. Имено на таа страна може да пишува секој сешто па затоа е најмалку поуздан извор на информации, особено што се однесува на медицински информации.
Ако сега одам на www,wikipedia.com и напишам „според најновите истражувања Аспиринот е сигурен контрацептив“ ќе ми поверуваш???
И уште ова, прополисот дефинитивно не е антибиотик, во заблуда си.:smir:

Инаку, јас сум против неоправдано земање на антибиотици, за третман на вирусни заболувања како грип и настинка. Тотална небулоза! Земам само кога е апсолутно индицирано.
 
Б

Бат Елохим

Гостин
:pos2::pos2::pos2:
Такво толкување за Gram (-) i Gram (+) читам пр
toa se misli na типот на бактерии.. грам позитивни и грам негативни.... :)
не како погоре некој што пишал дека само 1 грам утепуе :)
 
Член од
30 март 2008
Мислења
5
Поени од реакции
2
toa se misli na типот на бактерии.. грам позитивни и грам негативни.... :)
не како погоре некој што пишал дека само 1 грам утепуе :)
Знам јас на што се мисли Bat-Elohim, ама горното толкување ми се виде многу занимливо :pos2:
 

AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.575
колку е партиципацијата? 20 денари? 30? 100? не зезај, што подоле од тоа? барем во македонија 95% од населението може да си дозволи да оди на доктор.
он топик- дефинитивно не смее и не треба да се земаат антибиотици на своја рака, што за жал премногу често се случува. еве, во последно време сепак профункционира законот само со рецепт да може да се добијат антибиотици, ама ќе треба уште некое време додека да се потрошат залихите што народов вредно си ги собрал дома. со непотребно пиење на антибиотици се создаваат резистентни бактерии што после е многу тешко да се искоренат. ама иди докажи им на луѓево. повеќето се убедени, како еден од членовите погоре, дека мајка им знае подобро од докторите и практицираат самолекување. :toe:

Идејата е одлична, само за да ја спроведат требаше да воведат прво бесплатно здравство или пак да ги намалат партиципациите и тоа многу, па сите ние кога ќе сме болни да не помислуваме прво на парите. Кога може да си дозволи, секој би се консултитал со лекар и сигурно не би зимал антибиотик на своја рака. :toe:
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Денес се обидов во неколку аптеки за да купам антибиотик без рецепт
- не успеав - не ми дадоа
Изгледа повторно забраниле продажба
Дали сте чуле нешто за ова?
Во медијумите најдов само ова - правеле кампања:
http://iris.mk/index.php/vesti/lokalnivesti/11224-2014-10-28-14-38-22
 
Член од
25 септември 2014
Мислења
16
Поени од реакции
12
Значи, пред се од мене целосна подршка за оваа тема и добро е што младите и кај нас започнуваат да стануваат свесни за проблемот со антибиотиците, започнуваат да се интересираат повеќе за нивното дејство и причините поради кои е неопходно да се земе антибиотик, и кога тоа е апсурд, па дури и опасно.
Ќе кажам неколку збора од мене ...
Која е причината зошто матичните масовно препишуваат антибиотици?
1. Причина. Можност за секундарно бактериско буење. Т.е некои вируси доволно го исцрпуваат телото или делот од делото кое е нападнато од вирус, да за време на таа состојба, некои бактерии кои нормално биле присурни во тој дел од телото стануваат патогени и започнуваат да стануваат опасни дури и поопасни од примарната болест. Ова секако не е целосно оправдување, според мене пациентот треба да се следи често во тек на примарната состојба, и да се дадат антибиотици само у случај ако се забележи бактериско буење.
2.Причина. Лекарот кој за покачена температура, настинка малаксаност или општа слабост, не даде антибиотици, често предизвикува револт кај пацинтот, особено кај родителите или лицата кои не се доволно запознаени со проблемот, често тие сметаат дека лекарот не е доволно обучен или од некоја си негова неспособност не е сигурен каков лек да им даде. Чаеви и хигиенско диететски режим како предлог за терапија скоро никогаш не се прифаќа, т.е. пациентите бараат "капсули" бидејќи се убедени дека само со тоа ќе им помине.
Дали е оправдано превентивното давање на антибиотици?
Според мене да, но само во услови кога постои навистина реален и голем ризик од сериозна бактериска инфекција(тешки повреди, лацерации, изгореници, отворени рани, хируршки интервенции). Настинка, грип, малаксаност и слично никогаш не треба да бидат причина за превентивно емпириско давање на антибиотици со широк спектар на дејствување.
Резистенцијата како проблем
Според мене, огромен проблем, бектерии кои скоро и беа исчезнати од оваа планета, ради неконтролирано и неправилно давање на антибиотици стануваат резистентни и делуваат само на многу мала група на антибиотици, која може да направи резистенција (отпорност) и може да прави поголеми штети на човекот како лек, за разлика од пеницилинот на пример.
Делува ли антибиотик на вирус, и има ли лек против вируси?
Антибиотик не делува на вирус, лекови против вируси ИМА, но се за мизерно мала група на вируси и претежно практично не се вируси туку вирусостатици (Acyclovir, Gancyclovir, Tamiflu и сл.). Повеќето од овие антивируси, делуваат само во периодот на размножување на вирусот во организмот и ако се дадат во точно време може да се стопираат компликации.
Дали да се ограничи употребата на антибиотици?
Според мене, мора, да се ограничи и тоа строго, дури сметам дека треба да се препишуваат на секундарно ниво, можеби ќе речете дека е престрого, но ако не превземеме нешто наскоро ќе си имаме работа со бектерии кои носеле милиони човечки животи во минатото.

Дечки, јас се извинувам ако се повторувам, не ја изчитав целата тема, сакав само накратко да кажам и јас мое мислење, мислам дека ние како млади и како малку пообразовани од постарите треба да им ги одговориме овие прашања кои ги напишав на нашите родители, баби, па и другари, бидејќи ако сите ги знаат овие факти самите ќе си влијаат на себе си во превенирање од земањето непотребно антибиотици.
И, да, уште нешто МНОГУ важно. За жал глобално се труеме со антибиотици преку месото, млекото и сличните продукти кои доаѓаат од исхраната, антибиотици давани на живина, дури и никогаш да не сме се напиле антибиотик. Така да не сме целосно безбедни, но да го направиме она што е наша можност.
Како што кажа некој погоре, антибиотиците се едно од најголемите откритија во човештвото, и не треба да се злоупотребуваат ...
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
И, да, уште нешто МНОГУ важно. За жал глобално се труеме со антибиотици преку месото, млекото и сличните продукти кои доаѓаат од исхраната, антибиотици давани на живина, дури и никогаш да не сме се напиле антибиотик. Така да не сме целосно безбедни, но да го направиме она што е наша можност.
Ова што го подцртав е голема вистина
Најголема количина на антибиотици примаме со месо, јајца, млеко, сирење и слично
Така да ова што забрануваат продажба на антибиотци без рецепт е смешна диктаторска мерка која е наменета исклучиво да ги мачи луѓето
 

Kajgana Shop

На врв Bottom