Борба против неконтролирана и безпричинска употреба на антибиотици!

Мармеладова

Tale of the inexpressible
Член од
21 април 2006
Мислења
1.743
Поени од реакции
184
Дали сами си дозирате антибиотици, при мала кашлица, и течење на нос???
Дали сметате дека треба да се консултира лекар пред да се земе одреден антибиотик???
Ма нити докторите не знаат:mist:, секогаш кога сум отишла за грип или настинка, ама баш секогаш стандард препишуваат Амоксиклав:ne:. И сеа пред некој месец го одрав коленото, ми го превија со јод и ниацин + обавезно Амоксиклав:icon_neut... добро бе знаат тие некој друг лек освен Амоксиклав?!:ne_zboram знаат штo инфекција иам?!
И повеќе не ни одам:pipi:, за настинка секогаш пијам Фервекс прашок и многу чаеви и инхалатор за носот за 3-4 дена ми поминува.:coffee:
 
Член од
2 август 2008
Мислења
743
Поени од реакции
460

Ех пак и ти,колку да се препиши нешто.Јас бев вчера кај една млада докторка можеби е млада и неискусна али уста не отвори,медицинската сестра кажуваше шо би било требало да земам.И на крај типкава ми рече дека морам да примам 4 системи и нормално АМОКСИКЛАВ.И така сега деновиве си сум на системи и којзнае дали би требало да сум и си киснам по форумиве и се карам по тро!
 
Член од
21 септември 2008
Мислења
166
Поени од реакции
7
za nastinka si piam caj i limon i za 2 dena sum kako nov a koga mi e loso idam na doktor.
 
Elena F.Sinatra

Temper Tantrum
Член од
5 август 2008
Мислења
227
Поени од реакции
15
Ма нити докторите не знаат:mist:, секогаш кога сум отишла за грип или настинка, ама баш секогаш стандард препишуваат Амоксиклав:ne:. И сеа пред некој месец го одрав коленото, ми го превија со јод и ниацин + обавезно Амоксиклав:icon_neut... добро бе знаат тие некој друг лек освен Амоксиклав?!:ne_zboram знаат штo инфекција иам?!
И повеќе не ни одам:pipi:, за настинка секогаш пијам Фервекс прашок и многу чаеви и инхалатор за носот за 3-4 дена ми поминува.:coffee:
Тоа што си го одрала коленото, најверојатно си паднала, така?
Ја обработиле раната, која претпоставувам била површна?
Ти дале Амоксилав, затоа што е делотворен и против Грам - и Грам + бактерии, значи антибиотик со широк спектар... што меѓу другото, се препишува при секундарни инфекции, при трауматски рани...
А, за настинките, гриповите, евентуално горно респираторните инфекции, и јас сум за да не се препишува антибиотик, туку прво да се направи еден антибиограм, да се види дали воопшто станува збор за бактерија, или вирус, или друг причинител (се разбира доколку состојбата не е алармантна, па мора да се препише антибиотик итно, односно емпириски), па тек после врз основа на резултатите од антибиограмот да се препише соодветниот антибиотик, ако воопшто треба!
 
Ag0rA

NEBO666
Член од
29 февруари 2008
Мислења
1.667
Поени од реакции
60
Ти дале Амоксилав, затоа што е делотворен и против Грам - и Грам + бактерии, значи антибиотик со широк спектар...
Ако може едно прашање....
Која е разликата помеѓу Амоксиклав и Лидаприм ( освен во името )?
Јас кога последен пат бев на лекар..пред околу 5-6 години, ми препишаа Лидаприм, и тогаш го прочитав ливчето што оди со лекот, и во него пишуваше дека убива едно грамче - и грамче + бактерии...
 
bezobrazna

...Paste
Член од
7 август 2008
Мислења
440
Поени од реакции
27
Која е разликата помеѓу Амоксиклав и Лидаприм ( освен во името )?

значи покрај името
амоксиклав (amoxicillinum/acidum clavulanicum) и
лидаприм (trimethoprim/sulfamethoxazole)
имаат различен состав значи нивното дејство не е исто.
амоксиклавот спага во пеницилинска група,додека лидапримот во сулфонамиди.
 
Elena F.Sinatra

Temper Tantrum
Член од
5 август 2008
Мислења
227
Поени од реакции
15
Која е разликата помеѓу Амоксиклав и Лидаприм ( освен во името )?

значи покрај името
амоксиклав (amoxicillinum/acidum clavulanicum) и
лидаприм (trimethoprim/sulfamethoxazole)
имаат различен состав значи нивното дејство не е исто.
амоксиклавот спага во пеницилинска група,додека лидапримот во сулфонамиди.
Мала корекција:
Амоксицилинот - дериват на ампицилин, т.е. пеницилини од групата А, - бета лактами.
Клавулонска киселина - инхибитор на бета лактамазите, ензими во бактериите кои ги разградуваат бета лактамите.
Оваа комбинација на амоксицилин со клавулонска киселина, ја враќа антибактериската активност на пеницилинот, т.е амоксицилинот, која се губи поради хидролизата од овие бактериски ензими.
Триметопримот, не припаѓа во групата на сулфонамиди, туку се употребува како самостоен лек во комбинација со сулфонамиди, со што се потенцира нивното дејство.
Сулфонамид (Сулфаметоксазол) + Триметоприм:
Триметопримот го потенцира дејството на сулфаметоксазолот, па заедно имаат кумулативен бактерициден ефект само на соеви осетливи на двете компоненти.
Комбинацијата е позната под името Ко-тримоксазол, Лидаприм, т.е Бактрим, и други комерцијални имиња.
:smir:
 
Elena F.Sinatra

Temper Tantrum
Член од
5 август 2008
Мислења
227
Поени од реакции
15
Ако може едно прашање....
Која е разликата помеѓу Амоксиклав и Лидаприм ( освен во името )?
Јас кога последен пат бев на лекар..пред околу 5-6 години, ми препишаа Лидаприм, и тогаш го прочитав ливчето што оди со лекот, и во него пишуваше дека убива едно грамче - и грамче + бактерии...
Не се грами во прашање, туку боењето на бактериите се одвива по Грам.
Метода е, не е мерна единица :wink:
Разликата погоре е опишана, од мене, и од безобразна :)
 
Ag0rA

NEBO666
Член од
29 февруари 2008
Мислења
1.667
Поени од реакции
60
Не се грами во прашање, туку боењето на бактериите се одвива по Грам.
Метода е, не е мерна единица :wink:
Разликата погоре е опишана, од мене, и од безобразна :)
Wtf?! :S ...

Ќе сфатам...
 
Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498
Секое внесување на медикаменти за зајакнување на имунитетот, всушност претставува ослабнување на природниот имунитет на човекот бидејќи организмот се учи дека не му се потребни сопствените антитела, туку дека секогаш лекот ќе стигне од надвор, при што се јавува извесна зависност од употреба на лекови и сл.
 
Elena F.Sinatra

Temper Tantrum
Член од
5 август 2008
Мислења
227
Поени од реакции
15
Секое внесување на медикаменти за зајакнување на имунитетот, всушност претставува ослабнување на природниот имунитет на човекот бидејќи организмот се учи дека не му се потребни сопствените антитела, туку дека секогаш лекот ќе стигне од надвор, при што се јавува извесна зависност од употреба на лекови и сл.
Антибиотиците не се супортивна терапија, нити пак се употребуваат за зајакнување на имунитетот на организмот.
Тие се етиолошка терапија насочена директно против самиот причинител, и не создаваат зависност... (Ни психичка ни физичка, нити - импровизорно: "имунолошка зависност".
Туку, со тек на време, а како резултат на неправилна и несоодветна примена на истите, ќе создаде извесно ниво на толеранција кај причинителите на болестите, па ќе биде потребна поголема доза (и потоксична) од истиот лек за совладување на болеста.
Токму поради овој проблем постои и темата:
"Борба против неконтролирана и безпричинска употреба на антибиотици".
 
Член од
27 септември 2008
Мислења
98
Поени од реакции
3
Сеуште не сум слушнал некој да умрел од настинка или затоа што не примил антибиотици за одредена болест, што значи за секоја болест што се лечи е потребно одмор и соодветна исхрана.
 
Ag0rA

NEBO666
Член од
29 февруари 2008
Мислења
1.667
Поени од реакции
60
Сеуште не сум слушнал некој да умрел од настинка или затоа што не примил антибиотици за одредена болест, што значи за секоја болест што се лечи е потребно одмор и соодветна исхрана.
Во минатото, многу луѓе умирале од болести кои сега не се сериозни ( настинка..и.т.н. ) . Ако тогаш некои луѓе умирале од болести кои сега не се сериозни, тогаш, доколу не им се помогне, можно е истите да умрат, иако сега сме 21 век.
Тоа што не си слушнал за такви луѓе, најверојатно, е последица на твојата неинформираност, а не е последица на тоа што такви луѓе не постојат.
 
Член од
27 септември 2008
Мислења
98
Поени од реакции
3
Па реков излечливи болести кои се јавуваат секој дневно и се пренесуваат од луѓе на луѓе. Не реков туберкулоза, сида, рак, маларија и слични болести.
 
Ag0rA

NEBO666
Член од
29 февруари 2008
Мислења
1.667
Поени од реакции
60
Па реков излечливи болести кои се јавуваат секој дневно и се пренесуваат од луѓе на луѓе. Не реков туберкулоза, сида, рак, маларија и слични болести.
Ниту јас не реков дека си рекол неизлечливи болести.

Постот се однесуваше на излечливите болести.
Излечлива болест е онаа која што може да се излечи.
Што значи дека ако некој човек е заразен од таква болест, тој може да се излечи, ама самото тоа што може да се излечи, незначи дека мора да се излечи, од кое што следи дека постојат шанси човекот да умре од таа болест.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom