Борба против неконтролирана и безпричинска употреба на антибиотици!

Член од
28 март 2006
Мислења
17.735
Поени од реакции
12.166
Нормално дека мора да се ограничи употреба на антибиотици, како и на други лекарства. Докторот неретко треба да го упати пациентот на дополнителни испитувања.
Е сега, проблемот не е упатот, туку недостатокот на такви служби. Како пример, за да се испита брис, за пациентите постојат неколку служби во цело Скопје. За повеќето е службата во амбуланта Пролет кај тутунски. Истото важи и за микробиограм, барем колку што знам, ние од неколкуте општини лево од Вардар немаме избор освен истата амбуланта. А пациент со температура и во таква состојба и со таква гужва (каде може да закачи доплнителна "настинка") не му е баш лесно. Слично и за рентген на пример за воспаление на синуси или слична инфекција. Не знам колку службите се достапни попладне, а е прилично тешко да се излезе од работа. Веројатно во помалите градови е и потешко да се дојде до вакви услуги. Доколку во општините има барем по еден пункт каде ќе се вршат овие услуги, можеби пациентите сами ќе инсистираат на вакви испитувања. Тргнувам од себе, од тоа да ми е ужасно да морам да направам 2 микробиограми и 1 антибограм (6 пати одење), можеби и рентген на синусите, возејќи се дестина км низ градот, најмалку по 2-3 часа, а со оглед на здравствената состојба или проблемите на отсуство од работа.
Со други зборови, додека се испиташ дополнително, или ќе оздравееш или ќе се искомплицира работата.
 
Последно уредено:
Член од
12 март 2009
Мислења
20.009
Поени од реакции
16.085

Проблемот е голем и нерешлив. Зошто ФЗЦ ги намалува цените на антибиотиците , а лекот за зајакнување имунитет , блгарскиот Респивакс не оди на рецепт, па до пред 4-5 години беше и забранет ( т.е. не беше регистриран). Ако одиш на доктор и немаш температура, ниту ти е спуштен шлаимот на градите, типична вирусна настинка ( а има 200 врсти рино вируси), пак ќе ти препише амоксиклав, демек за секој случај... и ќе ти даде проспекти од разни препарати за јакнење на имунитет ( од тие што му донеле репрезентација, блокчиња, пенкала , календари )... а ако бараш ова Респивакс со 6 умртвени бактерии нема на рецепт, треба да искешираш 10 евра..а има и поскапи, Бронховаксом со 10 умртвени бактерии е над 20 евра... на времето постоеја и француски спрејови со умртвени бактерии, ИРС19, па и ИРС21.
Има една друга работа, докторите се исто како поповите, шират ДЕМАГОГИЈА а го злоупотребуваат и монополот. Всушност, некој од нив се искрени, н.пр. врвен хирург што пресадуваше коскена срж на деца со имунолошки проблеми искрено кажа, јас сум само касап, анализите си ги прават пациентите во Грција...
Е тука е слабоста на нашата медицина, слаба диагностика, порано барем имаше по амбулантите постари искусни доктори. Инаку вирусната настинка е се поопасна, имаше во еден весник, минатата сезона околу7000 луѓе во РМ добиле пневмонија. И сега ако залегне постар човек или опериран тешко си на него...
А за настинката уште пред 60 години Черчил рекол, ебати медицината, не може една настинка да реши. Тогаш еден од најпознатите британски доктори, инаку академик, почна да работи на настинката, 20-на години се работеа обемни испитувања, грдна пара се потроши без успех. Пред 10-12 години имаше во медиуми, најавија дека ќе направат лекови и за настинката и за алергијата, скапи ќе биле а ќе се правеле специјално за корисник а спрема негивита антитела, ИГГ за настинката и ИГЕ за алергијата... но и од тоа ништо, веројатно толку бргу се модифицираат Рино вирусите што ниту за најбогатите нема лек, т.е. нашата званична медицина нема, а сега некој сам може да се лечи со одредени препарати и методи...
Што се однесува до Брис- антибиограм, ако одиш таму во гужвата, сега во сезоната на кивање и кашлање сигурно и ќе ќариш некоја бактерија ... Друго е испитување на крвта, но и тоа се сведе на компјутерско броење, нема доктор што знае да ги гледа белите крви зрнца...
 
AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.575
@Ireal кој е тој врвен хирург што пресадувал коскена срж? :LOL: Сега најголем број од анализите се прават и тука, така што ова ти е прилично застарена информација, на страна од тоа што е „ловечка приказна“ за „хирургот што пресадува коскена срж“.
Вирусите се за жал сѐ уште нерешливи за медицината, за одредени вируси има лекови (EBV, CMV, херпесот), но за обичната настинка ете не може сѐ уште да се дојде до решение зашто вирусите брзо се менуваат и прилагодуваат, а и ги има многу видови.
Од препаратите за јакнење на имунитет ниеден не оди на рецепт, докторот може да ти препорача 101 различен, твој избор е кој ќе го земеш. А токму за тоа препорачување на „амоксиклав за секој случај“ е темава. Борбата е докторите да бидат доволно свесни и обучени за да може да проценат кога навистина е потребен антибиотик, а кога не постои ризик од бактериска компликација на вирусната инфекција и со антибиотикот само би се направила штета.
Инаку, респиваксот доаѓа како линекс за настинки :giggle: Многу нормално дека не оди на рецепт, ниеден таков додаток не оди на рецепт. Дополнителен фактор е што не е особено ефикасен и веќе го избегнуваат, воопшто не се препорачува толку како порано.
И зошто во време на ваква технологија би требало било кој доктор што не е хематолог да знае да ги гледа белите крвни зрнца? Ако има нешто надвор од вообичаено секако се прави размаска и боење, но за обична крвна слика апсолутно губење на време е да се гледа и брои секоја единица под микроскоп.
 
dobro, aj da se zadržime na virusnata nastinka... ako Respivaksot i slični ne se preporačuvaat, što togaš ??? Za preparati od med, sirup od aloe vera ne treba da se odi na doktori i da se izložuva na potencijalni novi zarazi. Okolu belite krvni zrnca ne e broenjeto, tuku zrelost na t-limfociti. Toa da go napraviš treba ili Zagreb ili Grcija... Inaku vo RM sega nema klinički imunolog, ima eden dojden od Srbija, poodamna, no bidejki nemame dijagnostika ne raboti na toa tuku na alergii.
 
Natural-girl

Morphine
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.462
Поени од реакции
5.246
Барем лекарите што пропишуваат лекови за инфекции (антибиотици) (општи, гинеколози, стоматолози) нека ги прочитаат еднаш барем протоколите за терапија (што е прва линија за терапија на која инфекција и колку дена која доза, што е алтернатива у која доза и колку дена), па тогаш нека забранат да си купуваме антибиотици.

Пошо вака даваат погрешни лекови или погрешни дози за погрешен број денови,и секако дека после ќе треба пак нов антибиотик, што е дополнителен товар за пациенотот, дополнителни несакани ефекти и опасност од резистенција.

Во земјава само и да отидеш на микробиолошка анализа или на гинекологија, веќе имаш нова инфекција (освен онаа заради која си отишол на лекар).

Тотално сум разочарана од секој дел на медицинско-фаемацевтскиот систем у земјава.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
20.009
Поени од реакции
16.085
пред некој ден излезе во медиуми дека во некој региони на државата многу се трошеле антибиотици
( на рецепт), за приватно ги заболе, демек секој втор земал антибиотик на рецепт.
Но еве ја Демагогијата на фондот : се труби дека секој втор граѓанин во РМ имал хелико бактер ( а за тоа треба антибиотици), па тогаш што мислат они ?? а каде се другите болести и воспаленија ??
 
Kajgana Shop

На врв Bottom