H
Hip.Hop_MKD
Гостин
"За жедните за човечко месо и крф водени од алчноста"...
Сведоци сме на големи политички промени што се случуваат во Арапскиот свет. Падови на големи водачи и лидери кој со децении се на власт. Нивното владеење е оценето како тиранија. Западниот свет беше тој што ги постави на власт, пред многу години а денес се свртува против нив, и на сите што се протививат се бомбардирани и убивани во името на демократијата. Во името на демократијата се бомбардираат држави, и се убива население а со помош на про-западните медиуми сетоа тоа се затскрива и се се префрла вината на тие од другата страна. Политичките промени кој се случуваат се под водство на С.А.Д., и мораат да се покорат новите власти на западното влијание ако сакаат да останат за власт. А зад сета таа демократија и промени се крие профитот т.е. нафтата. Сите држави кој се нападнати од НАТО последниве години поседуваат големи залихи на црно злато Ирак, Авганистан, Либија, а следна се претпоставува дека е Сирија. А зошто беа урнати? Станаа премногу моќни и самостојни, бидејќи ги сватија игрите на запдниот свет. Резултатот на досегашните случувања е промена на сопствениците на експлотацијата на нафтата. А земјите запаѓаат во уште подлабоки судири (најчесто племенски) и сиромаштија. Дали со крајот на Гадафи, е крај на ова крвава историја или само нова страница на НАТО, ќе дознаеме наскоро....
Како и да е јас мислам дека ја кажаа она народната "Кај што има сила, нема правдина"!Што мислите вие колку беше борба за демократија, или само битка по нафта?