Борба за демократија или за промена на експлотаторите на нафта?

H

Hip.Hop_MKD

Гостин
"За жедните за човечко месо и крф водени од алчноста"...

Сведоци сме на големи политички промени што се случуваат во Арапскиот свет. Падови на големи водачи и лидери кој со децении се на власт. Нивното владеење е оценето како тиранија. Западниот свет беше тој што ги постави на власт, пред многу години а денес се свртува против нив, и на сите што се протививат се бомбардирани и убивани во името на демократијата. Во името на демократијата се бомбардираат држави, и се убива население а со помош на про-западните медиуми сетоа тоа се затскрива и се се префрла вината на тие од другата страна. Политичките промени кој се случуваат се под водство на С.А.Д., и мораат да се покорат новите власти на западното влијание ако сакаат да останат за власт. А зад сета таа демократија и промени се крие профитот т.е. нафтата. Сите држави кој се нападнати од НАТО последниве години поседуваат големи залихи на црно злато Ирак, Авганистан, Либија, а следна се претпоставува дека е Сирија. А зошто беа урнати? Станаа премногу моќни и самостојни, бидејќи ги сватија игрите на запдниот свет. Резултатот на досегашните случувања е промена на сопствениците на експлотацијата на нафтата. А земјите запаѓаат во уште подлабоки судири (најчесто племенски) и сиромаштија. Дали со крајот на Гадафи, е крај на ова крвава историја или само нова страница на НАТО, ќе дознаеме наскоро....
Како и да е јас мислам дека ја кажаа она народната "Кај што има сила, нема правдина"!

Што мислите вие колку беше борба за демократија, или само битка по нафта?
 
methMKD

Евроскептик
Член од
18 јануари 2011
Мислења
1.826
Поени од реакции
723
што по нафта што по вода (најголеми резерви има либија во регионот) ....
 
Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Борба за демократија сите знаеме дека не е, ни според мене не е ниту пак за нафта. Иако нафтата игра огромна улога, сепак мислам дека главна и основна причина е борба за светска доминација. Со воспоставување на свои сателитчиња посебно во тој регион, многу полесно ќе може да се оствари светска доминација и да се остваруваат одредени геостратешки и геополитички интереси. Саудиска Арабија на пример, е полна со нафта, нема ниту Ш од демократија, но нејзе никогаш нема да ја нападнат, затоа што си имаат премолчен договор. Ти мене нафта и ќе ми помагаш за одредени работи во тој регион, за возврат јас ќе си ќутам, а ти тепај и пали луѓе таму и напаѓај државичиња, а тоа нема да го прикажеме никаде.

Геополитиката е многу покомплицирана и е многу повеќе од борба за нафта. Нафтата супер доаѓа и си ја користат, но тука лежат многу поголеми интереси. За моќниците, светските сили, светот е само една шаховска табла на која ги влечат своите потези. Главната цел е светска доминација и светска моќ, создавајќи свои пиончиња и продолжени раце за да можат да ги остваруваат тие интереси место нив.

Има една книга ’Шаховска табла’ од Збигњев Бжежински и многу убаво се демонстрирани и опишани одредени светски односи.

А муабетот за демократија, одамна веќе е само еден виц и сите тука тоа добро го знаеме...
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.011
Поени од реакции
4.669
Па не само цитирај еден дел дај образложение, образложи мислење зошто не е според тебе...
Мислењето на крејзи ин лав кажува се. :)

Нафта на Американците не им треба. Имаат доволно. Ако им беше за нафта ќе ја нападнеа Венецуела. За демократија воопшто не се борат, се борат за интереси и влијание.
Борбата е за што поголемо влијание со другите големи сили.
 
H

Hip.Hop_MKD

Гостин
Фала богу дека не може само нафтата да биде, туку дека има и нешто друго а тоа е зајакнување на позициите на С.А.Д. како воена сила и формирање на некоја зона т.е. светска доминација итн...
 
Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.124
Поени од реакции
18.110
Прво или едно е нормално, нафтена демократија.

Второ или друго е борба за територии (ме потсети на периодот од 1939 - 1945) и подобро геополитичко позиционирање.
Египет, Либија ,Тунис, Алжир (не знам како е со Мароко ситуацијата) е добро повлечена јужна линија околу медитеранот.Горе од Север се Португалија, Шпанија, Италија, Јунанистан ,се се тие 'нивни' земји.
Ако донесат демократија и во Сирија (Северозападно од Ирак) ,целосно ќе го затворат кругот околу Ирак, а ќе добијат и добра позиција за демократизација на Иран (Ирак е на Запад од нив, а Авганистан на Исток).
Од Египет на Југ се Судан (сега веќе поделен) кои имаат голема територија и излез на Црвеното море,а се граничат со доста држави од Африка(за секој случај ако им е потребно после некое време од негде да влезат во друга афричка држава за да воспостават демократија).
И гледаме сите земји карактеризирани како проблематични (и полни со нафта) наеднаш станаа демократски од Запад кон Исток (од Алжир до Саудиска Арабија, до Пакистан).
Следна на картата е Индија ,а уште на Запад е Кина:cautious:
Ако не можиш да ја купиш посакуваната куќа во населбата, купи ги сите околу него и кога - тогаш ќе ја добиеш и неа.

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.011
Поени од реакции
4.669
Фала богу дека не може само нафтата да биде, туку дека има и нешто друго а тоа е зајакнување на позициите на С.А.Д. како воена сила и формирање на некоја зона т.е. светска доминација итн...
Јас повеќе мислам дека ова е одговор на се позасиленото Руско и Кинеско влијание во светот. :)
 
Член од
8 јуни 2007
Мислења
6.102
Поени од реакции
12.199
Стриктно за нафта, да се испие „тоа што остана“, каква геостратешка положба бараат американците во Африка, посебно во Либија. Имаше простор за таква „геостратешка надмоќност“ порано, и во други земји во Африка.

не ја нападнаа Венецуела, ќе беше damn очигледно. Плус, ќе го почекаат Чавез сам да падне, на било кој начин.
За нафта е Иран или Либија. Тоа е тоа...
 
Беркут

Мрчатор
Член од
12 април 2010
Мислења
10.027
Поени од реакции
14.947
Денес чув еден Албанец од Сарај како кара по Американците [искрено тоа е првиот Албанец кој што го познавам а да не ја сака Америка], истиот рече:
на прво место е Господ, после неа Америка...
за таа демократија, постеров кажува доволно...
 
Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Стриктно за нафта, да се испие „тоа што остана“, каква геостратешка положба бараат американците во Африка, посебно во Либија. Имаше простор за таква „геостратешка надмоќност“ порано, и во други земји во Африка.

не ја нападнаа Венецуела, ќе беше damn очигледно. Плус, ќе го почекаат Чавез сам да падне, на било кој начин.
За нафта е Иран или Либија. Тоа е тоа...
Самите знаат дека Чавез нема сам да падне, исто ко шо Гадафи не падна сам, Мубарек не падна сам, Садам не падна сам, итн. Пошо сите знаеме дека ни во Египет, ни во Либија немаше револуција сама од себе, ниту беше поттикната од самите граѓани.

А тврдам дека не се работи само за нафта. Да, нафтата е супер, и си ја искористуваат максимално, но веруј ми дека само за нафта, не би вложувале толку пари и толку јака пропаганда.
И Саудиска Арабија има нафта, зашто нејзе не ја нападнат? Нема никогаш тоа да се случи, затоа што таа е веќе нивни индиректен сателит, кој им врши одредени работи, дава нафта, а за возврат додека сите вести у светов збореа за Либија, никој не кажа што правеше Саудиска Арабија тој период.

Се врши селективно напаѓање на држави, држави кои не се согласуваат да бидат сателити на моќниците. Останатите си се безбедни.
 
Значи, ме прашуваш зашто не ја нападнат Саудиска Арабија, а самата си даваш одговор. :) Фино...

Која е причината да ја нападнат Венецуела?
Од каде твоето сомневање дека Чавез нема да падне? Си слушнала на нивната тактика на „чекање“, што успеа во Куба, Југославија, сега во Венецуела? Ако умре Чавез, отиде све. башка то, Колумбија се „храни“ со американска демократија. Случајно, можеби...

Ти тврди што сакаш, ама самата си го даде одговорот во овој пост.
Селективно напаѓаат земји за да спроведат “демократија“.
Има земји кои не ги напаѓаат, а имаат уште подобра геополитичка и стратешка положба.

Во време на нова геополитичка криза, посебно на САД и полтроните, кога очајно им треба нафтата од Либија, ти тврдиш дека се работи за стратешка позиција во Африка и светка доминација?

Над кого да доминираат? Над Украина?
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.320
Sekogas motivot bil od ekonomska priroda, bidejki ekonomijata e baza, prvo valja jesti pa onda filozofirati, taka da kako sto na vremeto Hristijanstvoto i Islamot ne se sirel za da se spasat dusite na lugeto tuku za ekonomska exploatacija na drugite zemji taka i sega motivot e ist a ne nekakva borba za demokratija!
 
Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Значи, ме прашуваш зашто не ја нападнат Саудиска Арабија, а самата си даваш одговор. :) Фино...

Која е причината да ја нападнат Венецуела?
Од каде твоето сомневање дека Чавез нема да падне? Си слушнала на нивната тактика на „чекање“, што успеа во Куба, Југославија, сега во Венецуела? Ако умре Чавез, отиде све. башка то, Колумбија се „храни“ со американска демократија. Случајно, можеби...

Ти тврди што сакаш, ама самата си го даде одговорот во овој пост.
Селективно напаѓаат земји за да спроведат “демократија“.
Има земји кои не ги напаѓаат, а имаат уште подобра геополитичка и стратешка положба.

Во време на нова геополитичка криза, посебно на САД и полтроните, кога очајно им треба нафтата од Либија, ти тврдиш дека се работи за стратешка позиција во Африка и светка доминација?

Над кого да доминираат? Над Украина?
А кај бе жити мене успеала во Куба? Во Куба никогаш никаква тактика не им успеала, а пробале со се. Не знам само колку атентати се спречени врз Кастро. Тоа значи не ти држи вода. Југославија? Па само наивен човек може да мисли дека Југославија се распадна сама од себе. Проблемот е што Балканците имаат краток фитиљ доволно е малце да ги набуцкаш па да се испотепаат меѓу себе. Немаше потреба да ја напаѓаат Југославија, ние сами си се испоутепавме. Зашто да се мачат, а друго Југославија не им беше толкав трн во око, затоа што иако комунистичка односно социјалистичка, сепак соработуваше и со западните капиталистички земји.

Јас не велам дека тие не ја сакаат нафтата, напротив, потенцирав дека и таа игра улога и тоа голема, но не можеш да го негираш фактот дека се повеќе и повеќе се трудат да навлезат во тотална политичка доминација врз светот. Да, некои земји не ги напаѓаат а имаат подобра стратешка положба, затоа што или на добар начин се имаат договорено со тие држави или како во случајот на Иран, не смеат да писнат, затоа што Ахмадинеџад има карта со која може да им се спротистави и има сега за сега моќ за да не им дозволи да стапнат на негова земја.

Се се прави тактички, мора да се чека и дочека и погоден момент. Сигурно Либија не им паднало од небо да ја нападнат. Тоа се подготвувал терен со години, па после тргнале во акција...

Се е тоа систематски и ништо не е случајно. :) Систематска демократија. Зарем мислиш дека Грузија туку така и текна да отвори војна на РУСИЈА?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom