Sungerot Bob
Живеј го животот
- Член од
- 7 август 2012
- Мислења
- 32.391
- Поени од реакции
- 36.508
Што и да се, пола од докторите не ги заслужуваат. Се покажаа колку знаење и стручност имаат.Што е тоа примариус и магистер во медицината?
Има разлика, не викам не. Тука станува збор за церебрален мозочен удар кој има оштетено поголем дел од мозокот и поради тоа има доведено до парализа на некои од екстремитетите. При лекувањето се појавија други компликации за кои беше потребно да се прават специјални испитувања. Ни рекоа дека апаратите за тие испитувања не работат, но тоа беше една обична лага која се посочува кон секој пациент чиј живот е во опасност. Но да не фатевме ,,познати" и да стигнеме до увото на директорот, ќе мислевме дека тоа не ни постои. Испитувањата се направија како исклучок за пациентот, што укажува дека апаратите работат.Има разлика од мозочен удар до мозочен удар, ако напишеш нешто повеќе околу дијагнозата, можеби и ќе најдеш повеќе информации и можеби ќе се најде некој кој ќе може да ти помогне и правилно да те упати.
Се дадоа резултатите кај доктор и неможеа да препознаат за што станува збор. Па ајде членот од моето семејство го префрлаа од оддел во оддел, за на крај да ни кажат дека го испишуваат зошто толку било од лечењето.
Ем компликациите нерешени, ем мозочниот удар недолечен, ем уште се наоѓа во животна опасност...., а они го ослободија за дома, а како терапија Билобил. Иронични смешки. И ние сега дома стравуваме од тоа што ќе биде без лекарски надзор и терапија. Господ нека ни е на помош.