Болничко искуство!!!

Cruise

Ja sam taj iz Cadjavice
Член од
1 јануари 2013
Мислења
2.038
Поени од реакции
940
Претпоставувам дека биопсија и правеле?
Резултатите нема да бидат брзо, скоро никогаш не се - дали е тоа оправдано или не - не знам, зошто не знам каква е процедурата, во однос на тоа колку физички е потребно време за да се добие наодот.

Што се однесува до односот на докторите, нас како пациенти секогаш ќе ни биде потребно максимално внимание - од искуство ти кажувам, секогаш кога ќе одиш на некој специјалистички преглед (било за заб, колено или бубрег) од дома размисли кои ти се симптомите.
Ако докторот тргне се живо да ти испитува, прво ќе потрошиш премногу време, а второ ќе потрошиш премногу пари.
Лесно е ајт на MRI и на здравје, ама работата е што ако ти имаш мака, а не знаеш како да ја објасниш, тешко дека брзо ќе ти ја откријат точната дијагноза.

Условите, не се за коментирање...
Не биопсија,туку миом отстрануваа..И како што разбрав делот т.е миомот го праќаат во Скопје на анализа да се види дали е бенинген,или малиген..Рече докторот резултати после 20 дена,еве минат скоро 50 дена,уште абер нема..Треба и мајка ми да ја слушне не викам не да ја праша прво нејзе,ама треба да ВИДИ доле како е,може се формира нов миом,може има рана со гној,немора да значи дека ако ти тече крв и тогаш да отидеш..Подобро да се спречи отколку да се лечи нели..У осталом тоа им е работа на докторите..Не му е работа да пие коњаци и виски на работа оти некој богат татко части за своето новородено дете.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.831
Поени од реакции
8.862

Се согласуваме сосема, меѓутоа, во голем дел од специјалистичките прегледи, ако не знаеш да кажеш што ти е, ти даваат упати за лаб. - пр. тумор маркери за конкретната специјалност, ртг итн. за да можат да елиминираат некои работи, а кон некои да се насочат повеќе.

За хистопатологија знам дека се чека многу, меѓутоа не би ги обвинувала пред да знам точно зошто - можеби самата процедура е таква да не може побрзо.

Докторите со кои јас работам (за другите не знам) често знаат да го направат следното - доаѓа пациент кој не знае дали воопшто има проблем, доаѓа ,,да се провери,, - го испраќаат стандард во лаб. па после гледаат дали има основа за нешто друго.
И те уверувам дека тоа не го прават за да пијат коњак, туку затоа што обично имаат по 40-50 пациенти дневно по доктор.
За др. доктори не знам и не сакам да коментирам, јас до сега, од мое искуство, не сум имала прилика лично доктор да ме запостави, затоа за сестрите па можам романи да пишувам.
За разни случаеви знам - како што кажав претходно во случајот со тетка ми, најскоро беше тоа, меѓутоа, што се вика на своја кожа немам осетено некоја негрижа.
 
Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
7.381
Поени од реакции
9.282
За хистопатологија знам дека се чека многу, меѓутоа не би ги обвинувала пред да знам точно зошто - можеби самата процедура е таква да не може побрзо.
Јас коа ќе пратам материјал на хистопатологија, резултатот го имам за 3 дена, а од референтна лабораторија за второ мислење (оддалечена 700 километри на пример) за една недела.

50 дена да се чека е навистина претерано, пациентот ќе умре до тогаш
 
Cruise

Ja sam taj iz Cadjavice
Член од
1 јануари 2013
Мислења
2.038
Поени од реакции
940
Јас коа ќе пратам материјал на хистопатологија, резултатот го имам за 3 дена, а од референтна лабораторија за второ мислење (оддалечена 700 километри на пример) за една недела.

50 дена да се чека е навистина претерано, пациентот ќе умре до тогаш
Не е страшно ова на мајка ми,бар ја така мислам,не е животно загрозувачко..На крај краева ќе ја отстранат матката и би требало да нема проблеми..Мада 50 дена се стварно премногу за чекање..Јас не ни очекував да биде за побрзо,пошто ја знам ситуацијата во Македонија..Во Ремедика и Систина ја терав да отиде,парите не беа проблем,ама тој зафат од 20 минути кошташе 30.000 денара..
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.831
Поени од реакции
8.862
Јас коа ќе пратам материјал на хистопатологија, резултатот го имам за 3 дена, а од референтна лабораторија за второ мислење (оддалечена 700 километри на пример) за една недела.

50 дена да се чека е навистина претерано, пациентот ќе умре до тогаш
Не знам, ти реков, ама во понеделник ќе се распрашам, затоа што доктор што го познавам, лично за себе чекаше 2 месеци, значи не му фалеле врски во секој случај.
Штом добијам информација ќе ја споделам.
 
Член од
4 мај 2009
Мислења
2.173
Поени од реакции
1.372
Се чека уште за резултатите од биоспијата. Вујна ми чека еве веќе 3 недели, требаше резултатот да е готов во петок, се јави во Скопје кај доктор што ја води, резултати нема уште, а и нема да има најмалку 10 дена.
Бизарни причини, 10 дена не им работел некој апарат, а луѓе чекаат, баш докторот му кажувал дека има луѓе што чекаат дури 5 недели за резултати.
Здравствово ни е за никаде, многу лошо менаџирање на финансии општо, и како по обичај народ умира.
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.932
Поени од реакции
41.915
Три недели за резултати. :eek:
Мајка ми пред една година правеше и за два саати беа готови. Плативме околу 2500 денари во една приватна ординација.
 
Cruise

Ja sam taj iz Cadjavice
Член од
1 јануари 2013
Мислења
2.038
Поени од реакции
940
Три недели за резултати. :eek:
Мајка ми пред една година правеше и за два саати беа готови. Плативме околу 2500 денари во една приватна ординација.
Од приватно нема поарно..Ама е поскапо.
 
Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.508
За нашево здравство немам зборови. Катастрофа!

Болен човек со мозочен инфаркт го носат на неврологија, па се појавуваат компликации, па го пренесуваат на друг оддел, па го шетаат од ваму до таму и на крај од што незнаат што да прават, ти викаат го отпуштаме од болница, вие снаоѓајте се, а пациентот не е излечен. Основно е дека првите две - три недели од мозочниот удар се критични и дека човекот мора да биде под надзор на лекари, но они за да си ја тргнат грижата, бегаат.

Срамота!
 
Кој ти го кажа ова?
 
Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Кој ти го кажа ова?
Сигурно не му кажал некој кој работи у бугарија и од петни жили го брани македонското здравство и не убедува колку ни е се најубаво у здравството, а самиот тој киднал од убавините на истото и поти на форум.
 
Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
7.381
Поени од реакции
9.282
Сигурно не му кажал некој кој работи у бугарија и од петни жили го брани македонското здравство и не убедува колку ни е се најубаво у здравството, а самиот тој киднал од убавините на истото и поти на форум.
Не можам да ти помогнам
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.831
Поени од реакции
8.862
Докторите од неврологија што ги носат титулите примариус, магистар и професор.
Има разлика од мозочен удар до мозочен удар, ако напишеш нешто повеќе околу дијагнозата, можеби и ќе најдеш повеќе информации и можеби ќе се најде некој кој ќе може да ти помогне и правилно да те упати.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom