Болничко искуство!!!

Член од
27 октомври 2008
Мислења
1.680
Поени од реакции
266
Ја отварам темава за да ви го пренесам моето искуство со болницата 8ми септември, општа хирургија.За хируршкиот дел дали е ок или не ќе пишам апдејт за една две недели, додека целосно не заздрави раната, ама за нечовечкиот однос ќе се распишам од сега, денот кога началникот на општа кој ме оперираше не ни сакаше да ми ја погледне раната, туку буквално ми рече Веќе да не си ми дошол.

Не знам дали се свесни докториве наши дека не се богови? Седнати на купче на четврти во соба за состаноци, а јебани 2 саати со рани од операции ги чекаат куп пациенти, они со отворена врата си праат муабет за решото и за нова година!

Од шминка, фасада, врати со сензор и музика у лифт, ни една друга реформа не се гледа, а и нормален човек нема да ја примети во болницата.

Секоја чест на болничарките, сестрите, ама откако ќе ти дадат отпусна листа, со наод и рана уредни, ти веќе не постоиш.
3 пати идев во болницата. Првиот они ми кажаа, демек пошто искачам брзо да сум дошол на контрола, а кога отидов муабетот беше кој те викнал, што си дошол и никој ни ме прегледа ни ништо, на 4 дена од операција! Вториот пат за конци вадење, да ги молиш конци да ти извадат, демек кај тој што те оперирал, а тој началник, нигде го нема, не смеат ни да го побараат, и денес третиот пат, откако ми се зацрвени раната и ми истече течност од неа, муабетот беше ај бе па ти каков намќор си да не си дошол веќе, ко јас на два дена операција да правам, па знам се што и како е нормално или ненормално!

Да објаснуваа се што следи и како следи, да разговараа со тебе ко со човек, немаше никогаш да се вратам у таа јазбина нашминкана! Наместо да се фокусирам на заздравување од операција која на овие години веќе и не е толку наивна, јас треба да се нервирам и јадосувам од нехуман однос! Да не знаеш кај да идеш и на што лекар ќе налеташ.

Јас разбирам дека имаат гужви, они се под напон исто така, ама никогаш, барем во таа професија не треба да заборават дека работат со живи луѓе со чувства, луѓе што чувствуваат болка и сл. За жал нашиве доктори мислат дека се богови и дека ние треба да ги молиме и да трчаме по нив по ходници.


Значи повторувам, хируршкиот дел не знам како ќе испадне сеуште, ама оној каратист од министер пред да смени фасада и елки да китат, може да им уплати курс по добро однесување на докторите, началниците и боговите, да не заборават од кого зимаат плата!!! Нормално, на нивни трошок, од нас и преплатени се, со такво однесување!

Ако има слична тема, префрлете го постот, ако не ве молам нека стои, чисто да не заборавиме дека по болнициве се е исто. 8ми септември хирургија не препорачувам па и началник/бог нека е хирургот....
 

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Односот на лекарите е најмал проблем во здравството кај нас, ќе истрпам некој вонаби Др.Хаус ако се останато е во ред...Биди среќен што живееш во Скопје, можам да кажам.

Во Прилеп пример немаш санитетски тоалет и луѓе со отворени рани одат си одат дома со болки за да можат да си завршат елементарна физичка потреба.
Туш и топла вода веќе е нешто што излегува од рамките на разционалното размислување.
Да не споменувам дека во интерното одделение во иста соба се луѓе со пневмонија, мозочен удар, луѓе кои не можат да им направат дијагноза што им е.
Лани немаа греење во собите, треба да си носиш кебе од дома, чаршави и сл.
Ако си дијабетичар треба да си носиш и храна од дома од причина што единствена разлика во оброкот помеѓу обичен пациент и дијабетичар е тоа дали е чајот со шеќер или не.
Ми се чини дека импровизораните болници на Мајка Тереза во Калкута биле со подобри услови.

Може да се опише само со еден збор кај нас здравството...Хорор.

Лично тоа ми е под број 2 на листата на причини од кои треба да се иселам од Македонија во најскоро време.

Под број 1е Глупи Луѓе во изобилие.
 
Последно уредено:

Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.232
Поени од реакции
7.039
Сочувство до радапцигер, ама не е само здравството, целата држава ни е таква.
Здравството е само огледало на тоа како функцонира целата држава.
 
Член од
29 октомври 2011
Мислења
1.712
Поени од реакции
1.152
Ме погоди темава затоа што моето искуство е многу тазе...од пред две недели.
Искуството е од Клинички центар-ортопедија хирургија....
Со мојот доктор немав проблем а и со мед.персонал, но сакам да кажам еден пример за еден доктор кој таа вечер беше дежурен.
Замислете,жена која што беше со мене во соба се пожали на болки ја викнавме сестрата и она и стави инјекција и и рече ако за пола час не и се смират болките ќе го викне дежурниот...и така беше, после пола час дојде сетрата и отиде по дежурниот...се врати после 10-тина минути и кажа што треба да прави,ЗНАЧИ дежурниот доктор не ни дојде во соба да види на што се жали пациентката....да не му се скрши спиењето....
За хигиената, шетаат лебарки,WC има на еден ходник две,од еден крај на друг крај и двете мушки WC-иња...женско нема....а во каква состојба ич да не ви кажувам....страшно!
Да не ви кажам,како беше кога требаше да ме примат.Четири месеци чекав на мој термин.докторот ми вика неможам ништо да помогнам,демек се зависи од мој термин,а они ми викаа дека зависи од мојот доктор...
Незнам зашто е вака,ама е страшно:(
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
Мизерни услови, нема греење и по 6 пациенти во соба. Повеќе ќе се разболиш што гледаш тешки случаеви.
Лошо искуство со оние козите од гинекологија. На таа докторката фалеше да и удрам некој бокс. Морав да фаќам врски за се да се заврши како што треба и нормално да и подарам кафе, сок со сите тие работи. Пред тоа не сакаше ништо да ми објасни, а после тоа дечко извини не знаев дека овој што дојде кај мене во канцеларија ти е пријател. :tapp:

Друг случај е пред 4 месеци со братучед ми кој имаше мозочен удар и во болницата додека се мислеа дали да го стават на апарати, дали да го пратат во друга болница или не он почина. Изгубија време и со она вештачко дишење и барање луѓе за да го качат во лифтот. Да беше навреме однесен на апартите може немаше да се заврши вака...

Утредента на погребот доаѓа еден од тие болничарите и на фамилијата им вика треба да платите 2000 ден зошто јас го качив во лифтот и го спремав во ковчегот. Мислиш му го спасил животот па бара награда. :facepalm:
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.311
Поени од реакции
57.756
Го имав и јас проблемот со лифтот во државна. Луѓе неподвижни во болки, лифтот не работи, се чека мајстори да го поправат. Час и нешто агонија и пак носење луѓе по скали нагоре. Мизерија е здравството, не сакам да напаѓам доктори и персонал зошто и тие работаат во таа лудница и губат ум. Но условите се ми-зер-ни.
 
Член од
16 септември 2013
Мислења
687
Поени од реакции
514
Брат ми легаше во државна во Скопје, едно сабајле го снимаа, го упатија татко ми со снимките кај некој доктор да му каже какви се и докторот нејќе ни да те погледне, ниту еден збор да прозбори. После тоа моравме да барем друг доктор за да ни каже за снимкните.
Кога го извадија од интензивна нега сакаја да го сместат во соба каде што има и 10 кревети (4 од една страна, 4 од друга и 2 во средина).
Една сестра за да ја префрли цефката на дренот треба да ја чекаш по 30мин, за работа од 1мин, додека тие пијат кафе во нивната соба, но ако им дадеш малце мито трчаат ко луди да го гледаат подобро.
Значи искуството од државна болница е хорор.

Додека пак мајка ми кога се оперираше во Систина сосема се различни условите, таму има се што ќе посакаш и сестра во секој момент да ти седи над глава.
 

Curious

пичкин дим
Член од
24 јули 2007
Мислења
1.642
Поени од реакции
1.894
Значи повторувам, хируршкиот дел не знам како ќе испадне сеуште, ама оној каратист од министер пред да смени фасада и елки да китат, може да им уплати курс по добро однесување на докторите, началниците и боговите, да не заборават од кого зимаат плата!!! Нормално, на нивни трошок, од нас и преплатени се, со такво однесување!
Па, имаше едно време, гледав на вести, кампања во здравството за подобар однос на лекарите и болничкиот персонал кон болните.

Инаку, на темава, фала богу, не сум лежел во болница ама не сум ништо изненаден. Ова што го читам се совпаѓа со она мислење што веќе сум го имал.
Ај ако си богат ќе си овозможиш подобри услови ама ако си сиромав, без врски... господ напомош нека ти е.
 

Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.232
Поени од реакции
7.039
Па, имаше едно време, гледав на вести, кампања во здравството за подобар однос на лекарите и болничкиот персонал кон болните.

ама ако си сиромав, без врски... господ напомош нека ти е.
Попот не пее за безпари, ти чекаш Господ да ти е на помош o_O
 

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Дојде такво време кога во државното здравство на вработените (читај доктори, медицински сестри...) им е гајле за пациентите. Од лично искуство го кажувам тоа. Не си ти единствениот каде ти пружиле таков однос. Еве пред некое време отидов на лекар поради обична кашлица, а поради погрешни лекови фатив алергија од која едвај се излеков (читај се ширеше од секунда во секунда по телото) и притоа од обична кашлица прејде на белите дробови, па стигнав до силни лекови.

Односот по сето тоа беше, јас кривиот, а докторката изреволтирана од моето однесување кон неа, каде притоа моето здравје беше во опасност.
За чекањето пред врата да не збориме. По пола саат се чека.

Брзата помош да не ја коментираме. Пред неколку години, татко ми кога имаше здравствен проблем каде животот му беше во опасност, јас свртив во брзата помош да дојдат. Помина време, анив ги немаше. Пак вртев, вртев, па некако ги убедив да дојдат. Кога дојдоа неќеа да влезат и да го преврзат татко ми, зошто се плашеле од кучето. Па чекаа да го тргнам во другата соба, па да превземат нешто.

Слична случка само многу полоша се случи кај луѓе во соседството. Човекот беше премногу добар, но ете се покажа дека боледува од рак. Поминаа неколку месеци и ете дојде до денот кога требаше да се викне брза помош, зошто човекот имал премногу големи болки. Брзата помош ја немало 4 саати, а човекот почина. :(

Има милион вакви случки, каде на државното здравство им е гајле за пациентите.

Исклучок од државното здравство може да се каже дека е здравството во Струга. Однос и посветеност на персоналот е на високо ниво.

Но тоа е сосема поразлично во приватните институции. Еве пример Систина да ја земеме. Таму даваш повеќе пари, но докторите целосно се посветуваат на тебе и се обидуваат да те излечат.

:)
 
Член од
24 мај 2014
Мислења
5.295
Поени од реакции
5.853
Голем дел од лекариве кај нас се бесчувствителни матријалисти и доста од нив кога работат на приватна клиника само глумат загрижени и одговорни медицински лица.
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.120
Поени од реакции
4.800
Па, имаше едно време, гледав на вести, кампања во здравството за подобар однос на лекарите и болничкиот персонал кон болните.
Кампањите имаат различни имиња, но целта е една. ($$$$$)

Има услужни доктори кои навистина сакаат да помагаат.

Па дури мислам дека докторите се подобри од условите во болниците. Кога ќе видиш какви врати и прозори има, кревети , соби... разни импровизации.
 

Топче

Арсеналиста
Член од
18 септември 2010
Мислења
9.180
Поени од реакции
14.434
Ужас, без врски како обичен "смртник" ќе те остават како куче да умреш.
Сите се виновни, од министри до доктори, сестри и све остало (со чест на исклучоци).

Една нуклеарка тука и да не снема сите и онака за кур не не бива.
 

Бавча

идол на младите
Член од
25 декември 2007
Мислења
11.606
Поени од реакции
10.846
Многу е едноставно. Проектов за подобро здравство е наменет Камчев и Систина да млатат пари додека другово пропаѓа. Е сега, ако немаш пари ќе си умреш. Просто ко грав.
Сум немал проблеми досега бидејќи секогаш сум одел преку врски, зошто во спротивно ќе пишував текстови како вас и ќе барав правда што ја нема. Денес во 14 има протест, излезете и изборете се за вас и вашата иднина.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom